Немам голема листа на филмови за оваа година, освен оние што ги помнам ќе ги презентирам:
The Green lanthern:
Тотална катастрофа. Режисерот сакал нешто да направи, ама не му текнувало, па случајуно го изгледал супермен. Мислам, тотално жива копија на супермен. Типот станува некој си супер-моќен поради еден вонземјанин, и веднаш има покрај него негативен лик исто како во супермен.Типот исто така веднаш станува со посебна облека, исто како супермен, и спасува луѓе по светот исто како супермен. Има една девојка шо ќе ја спаси, исто како супермен и ќе појди на тераса кај неа, со леткање и ќе ја ќари, исто како супермен. И така-вака-натака, филмот завршува со умирање на негативниот лик, исто како супермен, ама и со појава нов, на крајот од филмот за да извадат и втор дел. Тотален кич, неуспешен филм, немање фантазија, немање сторија, немање идеја за снимање филм па со крадени идеи од 10 филмови не се прави нов. Секоја чест за ефектите, кои се битен дел од еден филм, ама кога нема приказна е БАДИЈАЛА.
Final Destination 5.
Што кога го гледате вашиот омилен лик, во некоја серија, и се восхитувате на секој потег што го направил? Сигурно уживате во филмот, но што кога, со истите финти и истиот заплет го гледате вашиот омилен јунак? Ќе помислите, побогу,знае ли овој човек нешто друго?
Истото се случи и со Final Destination 5. Во ред беше првиот дел, односно направи БУМ, најповеќе заради приказната. Вториот дел, исто така, добро е што беа нови ликови но сепак според истата приказна се водеа...
Се сними и третиот дел, СО ИСТИОТ ЗАПЛЕТ И ИСТАТА ПРИКАЗНА. И веќе почнвме да се прозеваме... но тука некаде излезе и 4-ти дел!
Но приказната не завршува тука, еве го сега и 5-тиот дел, кој навистина човек би го натерал да се запраша: Кој е луд овде? Иста приказна, значи потполно истата приказна, само различни ликови. Секогаш има некој што ќе има визија, и има девојка. истиот тој има и друштво со 3-4ца, од кој 2-ца се пар. И полека сите умираат некогаш сите, а некогаш главниот лик останува жив.
Не се најде никаква поента во 5-тиот дел, туку само уште еден плагијат и стекната слава на првиот филм, со цел да се заработи добро. Иако мислам дека парите од првиот филм што ги заработија не се истрошени... валјда мислат глобално, за идните поколенија да има од што да живеат. Сигурно прапра пра баба му ќе раскажува: Твојот пра-пра-пра-пра-пра дедо во 20-ти век сними еден филм и по него уште 4 исти како него и затоа ти си богат сега.
Лесно нели?
Сеа малце подалеку од филмовите за 2011, го изгледав филмот Jack Hunter ...
Мислам дека позалудно истрошени 700 мегабајти немаше во животот. Ниту дискографијата од џастин бибер не е залудна во споредба со овој филм. Филмот едноставно изобилува со глупави ефекти односно НЕ ЕФЕКТИ. Проблемот е во тоа што е тотална копија на индијана џонс со малце поинаква сторија.