Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Lele Melancholia Lelelelelee... glup film.
Tuku aj da ne vikam taka, neka bidat tuka vkusovi.

Ama kje go recam ova. Boll istoto go napravi lani so Final Storm samo so zabelezitelno pomal budzet i za pokratko vreme. A toj ne bese bas dobar film.

Skoro i da go gledav istiot film samo izdolzen, a so toa i malku podosaden.
Филмот не е воопшто глуп, но не е за секого. Мене неверојатно многу ме потсеќа на Cries and Whispers од Бергман, а тоа е естетски филм.
Ситуацијата е само пример во филмот, и го прави романтичен, материјализира чувства. Целиот филм е за емоции всушност, а ретко кој сака да гледа таков филм, филм што претставува состојба, а не акција.
Само Триер може така добро да претстави дијалектика, во Dogville на морал, во Antichrist на убавото и возвишеното, во Melancholia на емоциите.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Филмот не е воопшто глуп, но не е за секого. но не е за секого но не е за секого но не е за секого.Мене неверојатно многу ме потсеќа на Cries and Whispers од Бергман, а тоа е естетски филм.
Ситуацијата е само пример во филмот, и го прави романтичен, материјализира чувства. Целиот филм е за емоции всушност, а ретко кој сака да гледа таков филм, филм што претставува состојба, а не акција.
Само Триер може така добро да претстави дијалектика, во Dogville на морал, во Antichrist на убавото и возвишеното, во Melancholia на емоциите.
Te молам, најопширно што можеш објасни го ова.
 

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Te молам, најопширно што можеш објасни го ова.
Не викам јас дека се глупи луѓето кои не го сакаат Триер како режисер или зошто не го сфаќаат филмот. Факт е дека е тежок режисер и многу луѓе му ги мразат филмовите, но тоа не ги прави филмовителоши, ниту глупи, ниту неквалитетни. Тоа се филмови за потесна публика, која ја интересира таа тематика, и е заинтересирана за симболички филмови. Сеуште има нешто нејасно?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Морам да го изгледам филмот да видам што е фрката...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.574
Тежок режисер = не го сфаќаш = гледај блокбастери бе брааат

Или е ептен генијалец па не го разбираме или е ептен тежок фејл, нема трето...

Не, го неам гледано филмот, онака да си кажам :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Гледај го, ако не оди гледањето секогаш имаш роботи што се трескаат од земја и слично :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Трир е специфичен режисер. На пример, филмовите Догвил и Мендерлеј се специфично и минималистички направени, но и покрај тоа знае да пренесе невидена поента. Лично, Догвил ми е омилен филм.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Te молам, најопширно што можеш објасни го ова.
Ко да знаев дека ќе изреагираш на реченицата. Изгледа имаш органска потреба да реагираш на Не е за секого. Да, секој филм не е за секого. Имаш ултра тешки филмови кои некој не сака да ги гледа. Да и го дадеш Дрвото на животот на другарка ми, за 15 мин ќе го исклучи и ќе си пушти романтична комедија со Џенифер Анистон. Така да молим те не се нервирај кога друг пат некој ќе ги пише овие фамозни неколку зборови за некој филм.

Прашај ја IIumious, за случката кога некој го гледал Пеколен Портокал мислејќи дека е комедија, и сирот си го изгледал изгледа до крај зашто констатирал дека комедијва ниту еднаш не го насмеала. Не секој може да ги сфати таквите филмови, а ако некој се навредил од ова, тој што ја пишал вистината нема потреба да се извинува.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Филмот не е воопшто глуп, но не е за секого. Мене неверојатно многу ме потсеќа на Cries and Whispers од Бергман, а тоа е естетски филм.
aaaaaaa koj film!
Bas pred nekolku denovi zaglaviv so bergman, the seventh seal i persona gi gledav, posebno vtoriot e odlicen film.
Imavme lokalna televizija kade vrtea vakvi klasici, odtamu mi e i bolesta so filmovive.. :)

Okolu Melancholia pisav, dzabe objasnuvas. Poednostavno od "ne e za sekogo" amin.
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Ко да знаев дека ќе изреагираш на реченицата. Изгледа имаш органска потреба да реагираш на Не е за секого. Да, секој филм не е за секого. Имаш ултра тешки филмови кои некој не сака да ги гледа. Да и го дадеш Дрвото на животот на другарка ми, за 15 мин ќе го исклучи и ќе си пушти романтична комедија со Џенифер Анистон. Така да молим те не се нервирај кога друг пат некој ќе ги пише овие фамозни неколку зборови за некој филм.

Прашај ја IIumious, за случката кога некој го гледал Пеколен Портокал мислејќи дека е комедија, и сирот си го изгледал изгледа до крај зашто констатирал дека комедијва ниту еднаш не го насмеала. Не секој може да ги сфати таквите филмови, а ако некој се навредил од ова, тој што ја пишал вистината нема потреба да се извинува.
Разбирам тоа дека филмот не е за секого. Секој филм не е за секого. Па дури и телетабисите не се за секого.

Мене ме нервира таа реченица бидејќи е пишана со смисла „не е за вас глупите, туку за нас(мене) паметните е“. Ова ми е исто толку глупо фалење, колку што ми е глупо фалењето кога на маало се фалат кој колку пички мувал.
На форумов претежно интелектуалци има (wannabe or not), скоро сите гледаат такви филмови и скоро сите ги плукаат тие глупи, испрани мозоци. И ретко кога се наоѓа некој што не гледа такви филмови. Која е поентата да се соберат 5-6 хипстери, да плукаат по глупите и сите да си викаат „овој филм не е за тебе“

Прифаќам кога не е за секого е пишано со смисла дека имаат различен вкус или различна смисла за хумор, fyi.

femina.mk style prasanje:
gledaf blokbasteri filmovi i gi sakam mnogu tie sceni koga onoj ke ste istepa so onoj. mnoooguuu sakam penis jokes, fart jokes... dali me pravi toa glup?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom