Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
О, зошто по ѓаволите би бил љубоморен на тоа? :tapp:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Па баш затоа го ставиле него после отказот на Марфи, проверен играч. Да не ризикуваат ко со Франко лани... :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Па баш затоа го ставиле него после отказот на Марфи, проверен играч. Да не ризикуваат ко со Франко лани... :)
Нема утка со Били Кристал. Се чудев кого ќе го стават место Марфи, а сигурно не им треба уште еден дебакл како лани. Одеа на сигурен играч. Во секој случај оваа година дебакл ќе биде листата номинирани филмови за Оскар. Каде ли ќе најдат 10 филмови од оваа година вредни за номинација, ни пет асални нема да има помеѓу нив.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Психоделичен сјај во очите, манипулаторска веѓа, луцидна насмевка, култно издигање над предрасудите - Џек Николсон .
Подобар опис од овој за Џек Николсон нема. Веѓите му се врв. Една психо фаца што прави, абе да смрзнеш.

Тој анално ќе и пркоси на еден од најстудените, најивл лук, најмонстуозно педантерските негативни ликови градени у филмската индустрија - сестра Ratched ( подоцна Фриман ќе изјави дека таа е олицетворение на Советскиот Сојуз).
Добро, што направи сестрата толку лоѓо па да биде една од најлошите ликови во филмската индустрија воопшто? Ни уби некого, ни отру некого, абе ништо!! Си ја вршеше работата. Стварно не ми е јасно.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Lele Melancholia Lelelelelee... glup film.
Tuku aj da ne vikam taka, neka bidat tuka vkusovi.

Ama kje go recam ova. Boll istoto go napravi lani so Final Storm samo so zabelezitelno pomal budzet i za pokratko vreme. A toj ne bese bas dobar film.

Skoro i da go gledav istiot film samo izdolzen, a so toa i malku podosaden.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Lele Melancholia Lelelelelee... glup film.
Tuku aj da ne vikam taka, neka bidat tuka vkusovi.

Ama kje go recam ova. Boll istoto go napravi lani so Final Storm samo so zabelezitelno pomal budzet i za pokratko vreme. A toj ne bese bas dobar film.

Skoro i da go gledav istiot film samo izdolzen, a so toa i malku podosaden.
Имаше некои 0,1% шанси дека ќе го гледам филмот, после коментаров, дефинитивно нема да го гледам.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Имаше некои 0,1% шанси дека ќе го гледам филмот, после коментаров, дефинитивно нема да го гледам.
Јас не сум го гледал филмот ама можеби си го промашил податокот дека Бол е омилениот режисер на Бибил. Сака да каже дека и од најлошите филмови на Бол (веројатно сите спаѓаат тука) има полошо, што е точно ако се земе во предвид постоењето на Asylym Productions.

Ова само нагаѓам, не сум гледал ни еден од двата филмови, ама онака коцкарски би се кладел на левиот тестис дека Меланхолија е за две класи подобар од филмот на Бол. Ќе проверам кога ќе можам.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Deliverance (1972) http://www.imdb.com/title/tt0068473/

Eden od najvoznemiruvackite filmovi sto sum gi gledal (a sum gledal mnogu). Posakav da vlezam vo monitorot i da se presmetam so nekoi likovi vo filmot.
Prezivackata sposobnost vo otfrlena divina, covek e ostaven samo na instikti, go spasuva negovata hrabrost ili go unistuva negoviot strav. Ovoj film vredi da se gleda. Ostanuva so vas i otkako ke go pogledate.


Да додадам филмот остави реплика која се употребува во урбаниот речник. (јас пример ја употребував кога ме прашуваа кога ќе се вратам во Македонија)
--- надополнето: Nov 13, 2011 5:40 PM ---
Лет над кукавичкото гнездо​

Психоделичен сјај во очите, манипулаторска веѓа, луцидна насмевка, култно издигање над предрасудите - Џек Николсон . На моменти се прашував дали глуми или тоа навистина е негов емотивен крах. Одговорот горе долу :

" Мајкл Даглас, Џек Николсон (кој го игра Рендли Патрик МекМарфи) и Луис Флечер (сестрата Рејтчед) за време на снимањето на филмот живееле во болницата. Режисерот Милош Форман живеел шест недели во болницата и ги терал актерите да ги проучуваат секојдневните навики на болните. Џек Николсон паднал во депресија гледајќи ги нивните секојдневни патења, вклучувајќи ги тука и електрошоковите кои им ги давале. "

И сфаќам дека тој во филмот е еден од нив. Џек Николсон и остала багра, успеале со филмов да срушат цел еден систем на психијатриски гејмерски шоуа. Ликовите се толку реално сликани, толку бизарност и педантерија, толку луцидност и рутина.

И тој слободен дух и молневитост во вените на Randle P. McMurphy (Џек Николсон) , таа негова заразна смисла за нарушување на индеферентноста и рутината ( што на моменти , ако не и цел филм ќе ве смее - немојте да му замерите) ќе го исправи пред сестра Ratched ( Louise Fletcher). Тоа значи војна. Тој не е еден од многуте во бањарки. Тој анално ќе и пркоси на еден од најстудените, најивл лук, најмонстуозно педантерските негативни ликови градени у филмската индустрија - сестра Ratched ( подоцна Фриман ќе изјави дека таа е олицетворение на Советскиот Сојуз). И тој бунтовник ќе има свои мали и големи востанија почнувајќи од кошаркарскиот натпревар па се до бегството и возењето со брод и ќе успее да ја пренесе пораката да се живее слободно.​

Погледнете ја сценава и запрашајте се дали навистина гледате филм или сте дел од ентериерот на менталнава институција...​

И све у филмов е маестрално почнувајќи од приказната (иако не ја раскажав - не во целост, верувам повеќето ја знаете), глумата, дијалозите, пораката...​
Убава рецензија но филмот е далеку од "само добра глума", ниту пак борба на карактери барем по мое, воопшто не си чепнал во суштината каде што се прикажува кога поединецот се обидува да му спротистави на системот. Јас лудницата ја земам како парадигма на еден државен систем, што де факто и представува кој е воден по хиерархиски ред, додека Рендли е пак критичната маса која се спротиставува на системот. Има навистина одлични сцени во филмот како што е сцената кога Рендли разбира дека скоро сите од неговите колеги можаат да си одат дома, но никој од нив не сака да ја смени рутината и комфорноста да не размислува, туку е задоволен со тоа малку што го опкружува. Последната сцена кога е извршена лоботамија прикажува дека системот ќе те превоспита ако ти не се расположен да се прилагодиш на неговите рамки.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
Јас не сум го гледал филмот ама можеби си го промашил податокот дека Бол е омилениот режисер на Бибил. Сака да каже дека и од најлошите филмови на Бол (веројатно сите спаѓаат тука) има полошо, што е точно ако се зее во предвид постоењето на Asylym Productions.

Ова само нагаѓам, не сум гледал ни еден од двата филмови, ама онака коцкарски би се кладел на левиот тестис дека Меланхолија е за две класи подобар од филмот на Бол. Ќе проверам кога ќе можам.
Pa mene i Von Trier mi e megju... poomilenite reziseri. Trebase i toa da go spomnam.

I nemoj so takvi pretpostavki "site filmovi megju najlosite tralala" i sporedbi so Asylum. Boll kreira novi raboti kade cesto obrabotuva mnogu realni problemi. Asylum samo kopiraat i toa loso. Inaku i tie imaat eden za kraj na svetot ama toj e uste poslab o ovie dvata.

Nazad na filmovite Final Storm ne e los film ama ne e ni dobar (5/10). Toj e film so neiskoristen potencijal.

Melancholia slicno.

Tolku mnogu raboti mozea da se slucat a se slucuva relativno malku i vo dvata filma. I bum...... tolku. I posle puli im se kockesto i sivo.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.637
Поени од реакции
34.047
Го гледаш како сајфај затоа. Крајот имаше подруга поента.
Ако фрекфентно скокаш од филмот дека "ништо не се случува atm" на фб и слично, нормално дека нема да ти се допадне.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.619
Поени од реакции
59.432
Не го споредив со Asylum реков дека тие се полоши, од тоа подолу нема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom