Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.002
Поени од реакции
15.328
Need4Speed треба да одговара за злосторства врз автомобилизмот! Како смеело да се дозволи да се кршат тие уникати?Срце ми застануваше на моменти. Инаку филмот не е лош , сличности со 2фаст2фуриос многу ,добар каст имаат само Yeah Bitch чудно ми е да го гледам во таква улога. Баш и пред некој ден го гледав A long way down и таму ми беше чуден , не е тоа тоа.

Сеа пред малу го изгледав The Railway Men - Филмиште е! Обожавам јас приказни за 2СВојна и мислам овој е еден од подобрите филмови на таа тема. Браво за Колин Фирт , но еден :cuc: заслужува Џереми Ирвин , како само ги изглуми тие некој сцени со мачење ,браво.Дечково стално ме расплакува по филмови ,во War Horse река ме направи сеа пак :cuc:. Филмот не е само глумата де , има одлична приказна за прошка и љубов. Браво за оргиналниот Ломакс кој ја имал таа муда да му прости на јапонецот , па и пријатели за цел живот да станат.:cuc: Да бев јас уште на врат је си го шетав ланецот со забите негови.


п.с. знам дека беа копии колите
Komentarov treba da odgovara za zlostorstva vrz avtomobilizmot
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148

Ова делува ко филмче со приказна од оние класични со невреме, али на некој начин необично и ипак досега невидено, ќе се гледа :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
KONECNO :vozbud: Superheroj za koj vredi da se pravi film! Se ubiv barajki go samo so slusnav. Od sekade go trgnaa.

http://www.denofgeek.us/movies/deadpool/237794/deadpool-movie-test-footage-leaks-is-perfect

:vozbud::vozbud:
Deadpool е ебано поголем ризик од Супермен или Бетмен за да се адаптира за филм а да не добие критики од фановите. Хуморот кој го има Deadpool е направен за да работи во стриповите и стварно е многу тешко да се префрли на друг медиум, а да изгледа исто и со ист дух. Тест видеово е солидно и го има хуморот од стриповите но дали тоа ќе биде успешно да се провлече низ цел филм, ќе видиме...за неколку....за повеќе години.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
The Spectacular Now е само feel good филмче, ништо повеќе, безвредна беше споредбата со култниот 500 days of summer.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
Филм за Дедпул може да биде многу тапа. Херој што секој 5 минути прави муабет со гледачите може да стане досадно брзо, башка е скоро и неуништлив херој кој што нема мани, а ликови без мани тешко се поврзуваат со публиката.
Ако најдат добар негативец и направат многу добри акциони сцени може да да испадне и ептен добро.
Треба многу внимателно таков филм да се прави.

@Hurin како бе Dawn of the planet почнува одма после првиот ? Почнува 10 години после првиот..


22 Jump Street (y) (y) (y)

Ако ви се допадна и првиот ќе ви се допадне и овој. Конечно си најдов комедија филм/франшиза која што со душа ќе и го чекам следниот дел. Добра акција и добар хумор- што повеќе може да се посака.
Мета хуморот :cuc: Дел од шегите ме потсеќаа на *(новите) филмовиве со Мапетите така да ако ви се допаднал хуморот во тие филмови ќе ви се допадне и во овие.Хил и Тејтум се опасно дуо, има хемија меѓу нив дефинитивно. Имаше некои моменти што ми беа потапа од првиот ама исто така и некои што беа подобри така да горе доле исто забавен како првиот.
Од една страна среде филм најавија следен филм а од друга страна after credits се исмејуваа филмовите со премногу продолжувања така да...
Сепак се надевам дека ќе има следен филм со некоја нова приказна бидејќи buddy cop комедии се јака ствар (y)
@Фил Ајви @Pluh не знам зошто ама вас ќе ве тагнам пошто до некаде мислам дека ќе ви се допадне...а можда и не, што ве знам не сум ви мајка. :icon_mrgr:
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Deadpool е ебано поголем ризик од Супермен или Бетмен за да се адаптира за филм а да не добие критики од фановите. Хуморот кој го има Deadpool е направен за да работи во стриповите и стварно е многу тешко да се префрли на друг медиум, а да изгледа исто и со ист дух. Тест видеово е солидно и го има хуморот од стриповите но дали тоа ќе биде успешно да се провлече низ цел филм, ќе видиме...за неколку....за повеќе години.
Toчно, поголем ризик е, критики секако ќе добие од фановите. Но длабоко во себе ќе бидат среќни затоа што КОНЕЧНО ФИЛМ ЗА ДЕДПУЛ! :vozbud:

Неточно, и на друг медиум работи хуморот освен стрип. Играта е квалитетна, башка hack'n'slash.

Пу пу.. повеќе години, да се надеваме барем рана 2016. :ROFLMAO:

--

Divergent е добро загревање за Hunger Games.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.363
@wot А бе добро играта е друга работа пошто е игра и главното е акцијата/тепањето а хуморот е спореден. Ако во филмот се направи истото може да биде добра работа.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.003
Поени од реакции
42.719
Зошто го усраа ликот делото на дедпул у волверин? Му ја зашија муцката, му го испраа мозокот и на крај на ситно го сецкаше волверин.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
@wot А бе добро играта е друга работа пошто е игра и главното е акцијата/тепањето а хуморот е спореден. Ако во филмот се направи истото може да биде добра работа.
Па и во играта збори во камера, и во играта е вклучен стрип шмекот, со коцкасти дијалози. Ако се насочат кон квалитетна акција нема да го биде.
Се согласувам тотално обратно од се шо напиша ти за Дедпул.

ОК, освен дека треба да бидат внимателни. А веќе не се. Рајан Рејнолдс. :sick:

Башка едвај се помиривме со Green Lantern. ОК, бидна, џабе кукаме, али Рајан Рејнолдс е the green lantern.
Неможе иста фаца два суперхерои. :confused:

--

Уф, квалитетен трејлер!

 

Kajgana Shop

На врв Bottom