Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Што се важни воопшто и Фримен и Ланистер? Колку минутажа имаа? Во блокбастер со Том Круз важен е Том Круз, сите други се статисти. Во World War Z Бред Пит беше цело време централна фигура, после него таа девојката што се појави одглуми нешто, сите други се за да пополнат дијалог. Што ќе ви променеше поинаква актерска екипа кога нема три реда текст за нив? Во ваков филм да се жалите на карактерите е како во 12 Angry Men да се жалите на ефектите.
За World War Z не знам уште чекам HD снимка, Oblivion ми беше онака, 6ка. Искрено очекував нешто повеќе, што од кастингот што го видов, што од рецензии на форумов и на други сајтови. Можда да му влетав со помали очекувања повеќе ќе ми се свиѓаше, овака 6ката му е доволна.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Мал филм е Обливион, без оглед на буџетот. Не претендира на ништо освен да си ги врати парите и да заработи нешто. Но добро филмче е за гледање и еден од подобрите Sci-Fi што излегоа во последно време. WWZ од друга страна требаше да биде мега блокбастер но му го изменија крајот и го направија помал отколку што е замислено и потрошено за него.

Очекувања не ви се потребни и баталете тоа критиката, ќе станете циници без потреба. Гледајте поопуштено малку и уживајте

Патем, мојот омилен цитат од Обливион, кој истовремено е и мега-спојлер така што само за тие што го гледале филмот:

Jack Harper: How can man die better: than facing fearful odds, for the ashes of his fathers, and the temples of his Gods.
Sally: I created you, Jack. I am your god.
Jack Harper: Fuck you, Sally.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
Болиглава проблеми ќе си има, после Only God Forgives, нема да знае кој ќе му е омилен филм со Гослинг, нели Drive..
Исти режисер, исти стил, препознатлива фотографија..

Чудно, ми се допадна, освен што има премногу криви очи и трае ебен час ипол, сепак, ми се допадна. Треба да го прегледам Drive. 8-ка од мене.

Инаку, Spring Breakers... нe, не....
После Mud сакав нешто лесно, и така почна, плажа, цицки, алкохол и скрилекс.
За да прерасне во нешто со премногу потенцијал и да ми ги дигне очекувањата, за на крај да се смеев.
Знам, не очекував многу покрај Selena Gomez или пак James Franco, кој беше комедии. Ама филмот во еден момент се постави со потенцијал за одлична драма.

5.5
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.911
Поени од реакции
11.265
Да се подуозбилиме малце. Гослинг во Drive беше солиден, во All Good Things нешто подобар, во Half Nelson одличен (може најдобар), исто и во преполовената минутажа во Place Beyond The Pines. Последниов не сум го гледал али ќе биде.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
Не ми се допаѓа кога го форсираат, тетоважи, јакни, курци палци.. одма делува вештачко, и ми ја уништува глумата.

Мене најмногу ми се допаднал во Ides of March, Blue Valentine, Fracture.. побогу и во ебениот Notebook.
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.911
Поени од реакции
11.265
Да и Blue Valentine вреди да се спомне исто, ту сегде бил добар овој :)
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Да нe те цитирам во тамошната тема, wot рече тука да цитираме ако имаме коментар.


Што е со оценкиве? Буквално секој со фантазија, научна фантастика и superhero movie му даде оценка од 2 надоле. Ако толку не ти прават такви филмови ќејф, зошто упорно ги гледаш па да накалемиш толкава листа од нив? Држи си се до акција и војнички филмови. Oblivion исто си го пишал два пати, со различна оценка. Од тепка да не ги лупаш оценкиве?

Друго, од каде бе бате рецензии на некои филмови кои само што излегле во амерички кина, или тек допрва треба да излезат? Рецензии на трејлери да не правиш? Затоа што мислам дека поентата на темата не беше таа.

И молимте, кога веќе пишуваш некој филм, пишувај го правилно како се вика, на голем број си ги утнал имињата, врска немаат едно со друго. Буква ако утнеш, веќе друг филм некој ќе бара ако сака да го најде да го гледа.


Olympus has Fallen 5
Jack the Giant Slayer 1
21 & Over 1
Gangster Squad 2
Oblivion 1
Oz the Great and Powerful 1
The last stand 5
Saving General Yang 5 +
Fast and Furious 5
g.i. joe retaliation 3
love and honor 4
A good day to die hard 4
Iron man 3 2
Hansel and Gretel 3
Star Trek into dark 1
Man of steel -1
After Earth 2
The Host 4
Oblivion 0
Elysium 5
Ronin 4
Dispicable me 2 1
Parker 3
Stand up guys 2
Safe Heaven 1
Snitch 3
Dead man down 2
Upside down 4
Spring Breakers 1
Evil dead 1
Vehicle 13 3
Killing season 2
The wolverine 1
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.680
Поени од реакции
34.171
wot не ти е гледан The Hunt?:)
Ќе го додадам следната тура, не ми текнаа сите.. :)

Да нe те цитирам во тамошната тема, wot рече тука да цитираме ако имаме коментар.


Што е со оценкиве? Буквално секој со фантазија, научна фантастика и superhero movie му даде оценка од 2 надоле. Ако толку не ти прават такви филмови ќејф, зошто упорно ги гледаш па да накалемиш толкава листа од нив? Држи си се до акција и војнички филмови. Oblivion исто си го пишал два пати, со различна оценка. Од тепка да не ги лупаш оценкиве?

Друго, од каде бе бате рецензии на некои филмови кои само што излегле во амерички кина, или тек допрва треба да излезат? Рецензии на трејлери да не правиш? Затоа што мислам дека поентата на темата не беше таа.


И молимте, кога веќе пишуваш некој филм, пишувај го правилно како се вика, на голем број си ги утнал имињата, врска немаат едно со друго. Буква ако утнеш, веќе друг филм некој ќе бара ако сака да го најде да го гледа.
Добро е што ти не си модератор.. од читање се наежив. Го избришав, ефтин трол. :)
Инаку Dark Shadows е 2012.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Штотуку ми текна million dollar idea за филм во продукција на Asylum.
Веќе они направија филм со ваков наслов ама ќе се преправаме дека не постои.

Дејствието на филмот се дешава во Атланта. После издвоената победа во финалето на НБА лигата играчите на Hawks одат во локалниот суши ресторан да ја прослават победата. Еден од играчите во ресторанот е и Перо Антич. И се оди според планираното се додека еден од кинезите во ресторанот на Перо му донесува чинија со суши. Арно ама ова не е суши од било која риба. Имено оваа вечер во ресторанот ја частел Перо па како Македонец гледал да заштеди некој денар и ги однел во некој кинески ресторан класа З. Овие од ресторанов ретко биле посетени од тие што се задолжени за хигиенска проверка па така со цел да заштедат решиле сушито да го прават со риби од Хирошима и Нагасаки (знам дека ова се дешава во Атланта и нема смисла зошто би носеле риби од Јапан али филмов е во продукција на Asylum така да има смисла). Перо го јаде сушито ама прибидејќи он е дете растен на ајвар и пинџур организмот има проблеми со варење на рибата. Одеднаш среде забавата Перо почнува да расте до џиновски пропорции и почнуваат да му излегуваат пипки наместо раце. Перо почнува да го уништува градот и од тука веќе ја имаме нашата приказна и нашиот негативец на овој most must see movie of all time.

From the producers of "Sharknado" we are giving to you the biggest blockbuster of the Summer..

АТЛАНТИЧ РИМ !
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сега го почнав Обливион да го гледам, одличен е на почетокот за понатака ќе видиме.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
Сега го почнав Обливион да го гледам, одличен е на почетокот за понатака ќе видиме.
Отсекогаш сум почитувал кога член ќе прекине филм за да не информира. Тоа покажува посветеност и грижа за заедницата. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom