Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Продолжението ќе има многу послаб рејтинг од првиов дел од причина што мислам дека малку се имаат воодушевено на првиот и нема да очекуваат ништо повеќе од вториот.
 
L

Lu

Гостин
Продолжението ќе има многу послаб рејтинг од првиов дел од причина што мислам дека малку се имаат воодушевено на првиот и нема да очекуваат ништо повеќе од вториот.
Факт е дека првиот дел е од сите филмови е најубав,80% од филмовите кои имаат продолженија 1 дел е најубав и најинтересен,бидејќи во наредните делови се знае отприлика како стојат работите.
Јас сигурно ќе го гледам вториот дел и очекувам дека и вториот дел ќе биде одличен како и првиов.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
А што ти пречи тебе јас каков аватар сум ставила и каква тема сум отворила?
И од кај знаеш дека немам врска од добар филм и музика? (морам да кажам дека беше патетично од твоја страна да кажеш дека незнам што е добар филм и музика кога не ме ни познаваш) и ме изнасмеа.
Тоа што немаме исти вкусови незначи дека треба така да се однесуваш кон новите членови,секој има право да си стави аватар,да си отвори тема и да си каже свое мислење.
Па чим си се изнасмеала толку што се пењаеш сега? Аватарот ич не ми пречи, ставај што сакаш.
Друго, чим си воодушевена од овој филм, немаш гледано добар филм. На форумов нема тема за Кум, за Notebook, за Одвеано од виорот, за Умри машки, за The machinist, за The Shawshank redemption - сите култни филмови од својот жанр, а ти од сите нив отвори тема за Salt. Ете затоа велам дека немаш врска од добар филм.
И трето, член со 5 мислења не треба да отвара тема.

Ќе ме бришат ваљда ама ај.
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.496
Поени од реакции
8.017
Гладиус немаш врска. Јас едвај чекам да ја гледам Калеш Анѓа Џоли како им ја крша кичмата на еден куп тајни руски агенти :)

САЛТ го гледав дома, и ми се допадна. Филм полн со тестостерон. Енергија фуче на сите страни.
Проблемот е што е за еднократна употреба. Пред да го гледаш знаеш дека Калеш Анѓа Џоли ќе искрши кичми, ама не знаеш чија и како.

Енивејз, фала за инфово дека од петок оди во Милениум, да го изгледам Платеници на раат во кино утре :)
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Малце очигледно беше дека Џоли ќе се сврти против the Russians затоа што секој можен амерички филм кој разработува тематика на релација Амрика - Русија, испаѓа на крај да заврши како русите да се the bad guys... Предвидлив беше филмот со застарена приказна.
Дека енергија фуче - да. Ама дека има многу подобри акциони филмови и филмови со Џоли, и тоа ќе кажам да.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.626
Поени од реакции
59.485
А што ти пречи тебе јас каков аватар сум ставила и каква тема сум отворила?
Не знам што и пречи неа ама мене ми пречи што вие новајлиите по навика ве мрзи да ги прочитате правилата. Темава иде во канта или ако во следниве 5 минути се смилувам, ќе ги префрлам мислењата во Генерална дискусија за филмови. Друг пат за отворање посебна тема за филм, прво да прашаш.

Добредојде на форумов.
 
L

Lu

Гостин
Енивејз, фала за инфово дека од петок оди во Милениум, да го изгледам Платеници на раат во кино утре :)
Ништо нема проблем,но сега незнам дали сигурно САЛТ ќе почне да се прикажува во кино Милениум од 10ти,бидејќи до вчера на страната на Милениум пишуваше дека ќе почне со емитување од 10ти Септември,а сега пишува НАСКОРО :toe:.
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
Ако критикувате не сте паметни. : )))

Филмчето беше ОК. Не е WOW ни пак вреди да се спомнува во најлоши филмови.
Еве дека гледам Гладиус е најактивен, сакаш да кажеш дека беше изненаден од акцијата и ЛОШАТА приказна?

Мислам, јас барем очекував дека ќе е тоа што е. Јас седнав да гледам блокбастер акција со колку толку клише приказна/завршеток. Не седнав да гледам филм од Линч.
Ако сакате толку "тешки" филмови, едноставно скокајте ги овие и ќе помине се без драматизиравењево.
Еве ти предлог Гладиус, Inland Empire.

A за Salt, очекував онака фино трилерче, просек. Тоа и добив. Некои се за размислување, некои за тепање време. Правете разлика.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Нешто ме бунеше последно време ама повеќе не затоа што се навикнав.
- Ќе отвори некој тема за некој култен филм ,ќе искоментираат 4-5 души кои го имаат гледано од кои 90%им се допаднал филмот(другите 10% го фалат филмчето но набројуваат дека некој друг им се допаднал за нијанса повеќе) и дискусијата замрува ,но кога ќе биде отворена тема за просечен филм со многу познат/а глумец/глумица се форимираат 3 групи :) ,едните се големи фанови(тие што отвараат теми,носат нивни аватари,потписи,слики на профил,во школо прават муабет за тоа и тнт)на филмот,вторите во кои можеби се пронаоѓам и јас ,на кои можеби ке им се допаднел филмот ако излезел пред 5-6 години(кога сме биле млади и убави ;) ) но сега знаат што очекуваат од просечен филм со кул актер/ка кои го гледале ради тепање на време(или по навика од минатото) но без да се замараат но сепак ќе го прокоментираат и оние третите(во кои имам намера да се приклучам во блиска будучност) кои не го погледнале филмот затоа што знаеле што класа е.
Салт ,не ми е гледан но со фактот дека ми е спуштен и појавата(глума е преголем збор за филм од овај калибар) на Џоли во него ќе биде гледан најверојатно без импресии...

*Постов беше инспириран од дузина подобри акциони филмови кои заслужуваат поголемо внимание...пред се бонд, филмовите со сталоне,брус и шварци а може и борн да се спомне од поновиве.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Во последно време, многу ретко се воодушевувам од некој филм. Арно ама денес гледав еден филм кој ме падна од стол.

Mr. Nobody (2009)



Мој тип на филм. :)
Филмов би им се допаднал на тие што им се допаднале The Fountain, Eternal sunshine of the spotless mind, итн... Не би сакал да откривам побитни моменти за содржината, иако филмов премногу конфузен од почеток.
Воглавно е за тип кој целиот живот му е избор помеѓу повеќе работи, и премногу what if ситуации за него. Се обработуваат и доста други интересни теми, димензии, вселена, време... се то вклопено многу интересно.

Едитирањето е совршено, преминувањето од една сцена во друга, од еден живот во друг е перфектно, уф уште сум под импресии.
Саундтракот е гром, wot ако го гледат сигурно ќе се изненадит позитивно, не кажвам зш. :)

Дефинитивна препорака за сите на форумов кои се расположени за еден поинаков филм. И да, потценет е бајаги на имдб според мене.

Француска продукција е, од непознат режисер за мене. И баш ми е криво шо еден ваков филм ќе е заборавен и негледан.

И еден прејак цитат за крај:
"You have to make the right choice. As long as you don't choose, everything remains possible."
Знам дека мислењево ти е старо, чекав долго време од кога ти го прочитав постот да го гледам филмов и поради преголема зафатеност сега дури стигнав да го изгледам. А и кој може да остане рамнодушен после ваков маестрален филм, режисерот кој го пишувал и сценариото го направил тоа генијално. Просто е неверојатно, ја еве пола саат одкога го изгледав филмот не можам да се средам, премногу јак впечаток ми остави. Иако морам да кажам дека ова е премногу комплициран филм во кој не верувам дека би уживал секој. Рецензијата ќе ја оставам за утре, преморен сум. Само ќе кажам нешто што ќе ја допре суштината на приказната - Неколку временски моменти кои креираат нови светови, од кои прозлегуваат нови избори и нови ситуации што пулсираат и се шират како што универзумот расте и кои повторно се враќаат назад и не успеваат исто како што универзумот доживува имплозија.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ма каков Салт, на Имдб му дале 6.7 од мене има 4.5 едвај. Овер-рејтед и тоа многу, просечна глума..предвидлива приказна само Џоли беше солидна во него. Да не беше она филмов ќе имаше 2 од мене. Најсмешно ми беше кога ја гаѓаа од 20 метри и ја промашуваа абе Рамбо гомна да јаде.. :pos:

I'm not buying it!


Eве што ќе биде добра акција :)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
IOsonoINTERISTA напиша:
Primal Fear
Јас па мислам дека овој заврши среќно. Едвард Нортон беше разоткриен и најверојатно Ричард Гир ќе го пријави и овој ќе го јаде.
 
Член од
1 октомври 2009
Мислења
109
Поени од реакции
18
My Son, My Son, What Have Ye Done [Werner Herzog 2009]

Маестрално. За љубители на филмови од помрачната сфера..ете рецензија на плагиј.ат
http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=4819

--- надополнето ---

Кој го гледал, ме интересира мислење. Ја филмов не престанувам да го гледам, а крајно минималистички е.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
My Son, My Son, What Have Ye Done [Werner Herzog 2009]

Маестрално. За љубители на филмови од помрачната сфера..ете рецензија на плагиј.ат
http://plagij.at/index.php?sajt=more&id=4819

--- надополнето ---

Кој го гледал, ме интересира мислење. Ја филмов не престанувам да го гледам, а крајно минималистички е.
Koга го прочитав плотот, одма го ставив на данлоуд, фала за препоракaта! изгледа како мој тип на филм. Згора на тоа Линч има умешанo прсти, дефинитвно винер :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom