Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

I

Intex

Гостин
Ме интересира што мислите за Тhe Wolfman (2010 римејкот ,не оригиналот).
Сеуште не можам да откријам што толку ме фасцинираше околу овој филм.
Што мислам? дека е ѓубре, со добри специјални ефекти и се разбира, пропратно со тоа добра кинематографија, и арт - стајл фотографија. Во сите други аспекти филмот е катастрофа!
Дамјане, истото шо ти го кажав у репутација, Псајсајд ти го постираше. :)
 
Д

Дамјан_Amstaff

Досадно би било доколку сите би имале ист вкус за филмови. Некој не се разбираат во филмовите [токму како мене : ) ] ,некој имаат различен вкус...

Ме привлекуваат вакви филмови каде што негативецот е животно ,не многу страшни и морничави сцени.
-Да Кулен филмов не е баш хорор но...како што реков сакам "меки" хорори.
 
L

Lu

Гостин
SALT (2010)

Serii (4),Me citas (5),IdiVidi (6) .jpg

Најновиот филм со Анџелина Џоли „SALT„ наскоро ќе се прикаже и во кино „Милениум„ (од 10 Септември пишува дека ќе почне со прикажување).

Премиера: 23.Јули.2010
Улоги: Анџелина Џоли,Лив Шрајбер...

Евелин Салт (Анџелина Џоли) е ЦИА агентка која се заколнала на должност,чест и служба на татковината.Кога еден бегалец ја оптужува дека таа е руски шпион,Салт започнува битка за да докаже дека е верна на татковината и дека не е шпионка.Но за тоа мора да ги употреби сите свои способности и искуство на таен агент за да притоа го заштити и својот сопруг бидејќи во спротивност и најмоќните сили ќе ја избришат секоја трага од нејзиното постоење.

Јас го гледав дома филмов и ме воодушеви,затоа обавезно ќе го гледам и во кино Милениум.
Имаше многу акција и Анџелина Џоли одлично си ја одигра својата улога.
„SALT„ ви го препорачувам на сите да го погледнете,по можност погледнете го и во кино Милениум за да го доживеете филмот како што заслужува.

Погледнате за какво филмче станува збор

Очекувам коментари за филмчево
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Просечен акционен филм со непотребно многу сцени со убиства.
Единствено нешто поради што го гледав е Анџелина која воопшто не ме воодушеви со глумата.
Го извикаа филмов премногу и се очекуваше многу повеќе од она што реално филмот го нуди.
И јас се напнав да го гледам во кино ама не можев да чекам, па решив да го гледам дома.
Не верувам дека би отишол да го гледам пак... Посебно не поради тоа што стварно очекував многу повеќе и од сценариото и од глумата на Џоли.
 
L

Lu

Гостин
Интересно е што филмов може или премногу да те воодушеви и да ти се допадне (мене ме воодушеви филмов) или да не ти остави некој посебен впечаток.Нема некоја средина или ти се допаѓа или не ти се допаѓа.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не може да нема средина:)
Кога не ми се допаѓа некој филм кажувам дека жалам што сум потрошил време да го гледа.
Кога ми се допаѓа некој филм, го препорачувам на кој стигнам... А кога некој филм ќе ми остави така - така впечаток од пред 4 дена го поистоветувам со Salt, односно викам дека е просечен.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Интересно е што филмов може или премногу да те воодушеви и да ти се допадне (мене ме воодушеви филмов) или да не ти остави некој посебен впечаток.Нема некоја средина или ти се допаѓа или не ти се допаѓа.
Па ете Гладиус се изјасни за средина .. :)
а и јас би рекол онака .. интересен, не којзнае што, просечен ...од 1-10 би дал 6
 
L

Lu

Гостин
Епа тоа беше мој впечаток,бидејќи досега што сум прочитала мислења за SALT биле дека некој се премногу воодушевени и многу им се допаднал филмот,а други пак велат дека не ги воодушевил филмот и дека не им се допаднал.
Секако дека има и средина :),но тоа беше мој заклучок според досегашните прочитани мислења за SALT.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Taken е библија за филмов. Подобра беше Енџи во Том Рајдер. Не дека е лош филмов него не е ни нешто посебно, средина. За тепање време и повеќе од арен :)
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Интересно е што филмов може или премногу да те воодушеви и да ти се допадне (мене ме воодушеви филмов) или да не ти остави некој посебен впечаток.Нема некоја средина или ти се допаѓа или не ти се допаѓа.

Хах, еве мене ми е средина. Не ми се допадна до толку да го препорачувам на други, ни па ми беше лош. Предвидлив филм во кој иако главната актерка е обичен човек, има поголеми моќи и од Спајдермен. Сцената со лифтот беше доказ. 80% од филмот беше трчање, бомби, што ме предизвика да ми биде минимизиран филмот и да го гледам дури сум на кајгана, без да пропуштам нешто.

Оф топик: И туку ќе се избаци некој нов член на форумов со аватар од Анџелина Џоли или Некст Тајм или некој десетти и одма тема ќе отвори, а врска нема ни од добар филм ни од добра музика. Ај да не мрчам многу.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.406
Поени од реакции
5.971
Читав негде дека ќе има и продолжение.

Ништо посебно. Да не беше Џоли немаше ни толку фама да се крене. :wink:
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Читав негде дека ќе има и продолжение.

Ништо посебно. Да не беше Џоли немаше ни толку фама да се крене. :wink:
Уште да нема продолжение, башка како заврши и мене крајот и така ми беше ептен глуп : ))))
 
L

Lu

Гостин
Оф топик: И туку ќе се избаци некој нов член на форумов со аватар од Анџелина Џоли или Некст Тајм или некој десетти и одма тема ќе отвори, а врска нема ни од добар филм ни од добра музика. Ај да не мрчам многу.
А што ти пречи тебе јас каков аватар сум ставила и каква тема сум отворила?
И од кај знаеш дека немам врска од добар филм и музика? (морам да кажам дека беше патетично од твоја страна да кажеш дека незнам што е добар филм и музика кога не ме ни познаваш) и ме изнасмеа.
Тоа што немаме исти вкусови незначи дека треба така да се однесуваш кон новите членови,секој има право да си стави аватар,да си отвори тема и да си каже свое мислење.

ОН - За продолжение 100% ќе има,бидејќи филмот заврши со недовршена приказна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom