Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Како не вреди, што ти е! слаба глумица да не е Линдзи Лохан? не зезај одличен си е. Андер- рејдет филм, остај на Имдб што пишува гледај го.

П.С. Може и вреди :pos2:
 
А

Анноун

Гостин
одговорот претпоставувам лежи во П.С и смеењетo . тешка кака е во питање изгледа. фала . ќе гледам нешто друго :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Дап добро си заклучил али не замо за делот под П.С.

Целиот пост беше иронија :)
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
извинете вака што ви влагам у развиена дебата, само што завршив со - The Talented Mr Ripley -

не ми е јасно како сум можел сиве овие години да го пропуштам...
поише за филмот ко ќе најдам време, ајт.
Лоу и Мет, фантастика !
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Дап одличен филм!
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Да,филмот е добар, а не знам дали знаете за овој http://www.imdb.com/title/tt0054189/Plein soleil (1960) француска верзија на филмот од истиот роман.Многу добар филм исто така.Ми се чини дека имаше уште една верзија на Рипли ама не сум сигурна.
 

nameleess

N/a
Член од
9 јануари 2010
Мислења
299
Поени од реакции
25
пред 5 минути го гледав филмов: Valhalla Rising и може да се опише со зборот: СРАЊЕ, значи филмов е од оние кои не треба да се гледаат, да не ве залажува насловот нема врска со Валхала и слично, моја оцена е 0.0/10 и топло препорачувам да го прескокнете

п.с. само глумата на Mads Mikkelsen е солидна
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ајде дечки за тие што се поупатени дали ми е точна информацијата,Жоакин Феникс после испадот со излегување од актерски води и правење рап музика се враќа во филмскиот свет?

--- надополнето ---

http://www.imdb.com/title/tt0963966/
The Sorcerer's Apprentice
Нов Филм
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
The prestige (2006) vs. The illusionist (2006)
Ги гледав двата еден по друг, и и двата се драма/мистерија на ниво. Сепак мене повеќе ми се допадна The prestige, може оти нејќам филмови со романтични елементи, а во Илузионистот има доста романса.

Престижот е за борбата меѓу двајца екс пријатели, сега најголеми противници, кој ќе има подобар трик. Но, борбата излегува од сцената и се замешуваат прсти и во приватните животи. Главни улоги се на Кристијан Бејл и Хју Џекмен. Бејл има улога на роден талент магионичар, а Џекмен е копирач.
Вреди да се погледне.
Оценка: 9,5/10

Вториот беше исто добар, но не по мој вкус, погоре кажав зошто. Романтичните елементи во филмови никогаш не ми биле по вкус, па ....
Едвард Нортон и Џесика Бил во главните улоги. Ѕвер и „ѕвер“. :D
Како дете Нортон е сиромашен магионичар, а девојката е од грофско семејсто. Ќе си се заимаат, ама семејството на девојката не им дозволува да се заедно. Колку секојдневно, и веќе видено. Се до моментот кога ќе .....

Оценка: 9/10
Престиж 8ка, Илузионист 7ка. Доста им се.
Овај Престиж е надценет. 3-4 рецензии на кајгана во последниве неколку месеци сите 9 или повисоко.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Престиж и Илузионистот се интересни флмови, добри за повеќе гледања. Ама пред неколку месеци ја прочитав книгата на Кристофер Прист - Престиж, според која е правен истоимениот филм и морав да го гледам филмот пак откако ја прочитав книгата. И не е ништо толку добро колку книгата. Има многу изменети работи, дури режисерот на Престиж исфрлил многу битни работи и ја сменил приказната во друга полза. Не дека и оваа е лоша, супер е, ама книгата е каде каде подобра.
Што се однесува до Боречки Клуб на Чак Паленик и истоимениот филм во кој глумат Нортон и Пит, има огромна разлика. Кога ја читав книгата бев разочаран од тоа колку е безвезна. Можеби беше ради македонскиот превод, ама добив впечаток дека ако претходно не го имаш гледано филмот, од книгата нема ништо да сфатиш.
Ете не сум ја читал книгата според која е направен Талентираниот г. Рипли, ја има негде во електронска верзија?
Последно од филмовите според книги ја читав A Clockwork Orange на Anthony Burges, интересен стил на пишување и морам да кажам дека Кјубрик скоро целосно го претставил она што го има во книгата, дури и повеќе.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Илузионист не сум го гледала, а за Престиж не се согласувам дека е надценет, филмот и те како е добар особено сценариото (браво за Нолан,добар режисер и сценарист се покажа во филмов) и начинот на кој е прикажана приказната, паралелно поставените настани во филмот како што беше ривалството меѓу двата илузионисти и двата најголеми умови во тоа време, Тесла и Едисон, случувањата во минатото и сегашноста во животот на двата главни лика и ред други работи, што стварно тешко можат да се претстават така чисто јасно и интересно без да се предизвика конфузија кај гледачите, ама за тоа ти треба супер сценарио одличен режисер кој ќе знае ефективно и компактно да го прикаже тоа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
Го гледав The Fountain (2006)
и едноставно ме остави без зборови...Не само глумата на Џекмен -3 временски различни ликови ,режисерот Аронофски како склопил 3 стоирии во една па да пренесе порака (ке го цитирам Wannabe пошто одлично има објаснето )-
Пораката е едноставна и гласи не можеш да ги контролираш раѓањето и смртта, не можеш да ја контролираш судбината, иако желбата на човекот да го направи тоа, поголема е и од самиот човек и неговото постоење.
Музиката,ефектите све склопени на најдобар можен начин.
чиста 10

--- надополнето ---

Следен ми е за гледање Requiem for a Dream ...а Борачот нема да го гледам да не се разочарам :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.681
Поени од реакции
34.172
Следен ми е за гледање Requiem for a Dream...
Aу, многу тежок филм. Влакната на вратот ќе ти се наежат. Каде и да имаш влакна, ќе ти бидат наежени! :)
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.403
Поени од реакции
25.267
Само што завршив со гледање на Магнолија по не знам кој пат во животов.
И после 3 поминати часа гледам дека надвор е жива темница. Сум гледал многу филмови кои траеле по 3 часа и се чудам, и не можам да се изначудам како Магнолија секогаш ми се чини дека трае само еден сат, а всушност со си кредитите е 3 сати и 8 минути. Еден од најдобрите филмови воопшто, и не дека нешто посебно го обожавам Том Круз, ама во ниеден филм не глуми подобро од овде. И Џулиен Мур ги дава најдобрите перформанси од кои се наежува човек.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom