Добро бе да прашаш кој се актерска екипа за што се работи,во кој жанр е али спојлери да бараш? Незнам како крајот одма те заинтересира(и тоа точно за ваков филм(мистерија)),исто ко еден мој другар го премотува филмот да видел што се работело и после го гледа ако му е интересен,незнам што се ужива во тоа ...Да го изгледаше целиот филм па да не го сфатеше тогаш да прашаше но вака???
добар е мамурлак т.е. Handcover. American Pie 7 the book of love, Ghosts of the Girlfriends past, The black knight. Попосле ако ми текни ке напишам пост
Шо знам, и не сум толку импресиониран од филмов.
Прво позитивниве страни: глумата на Мики Рурк, саундтракот(Clint Mansell мадафака + интересни рок нумери), режијата.
Е сега, не ме бендиса одвивањето на работите, некако со недоволно добро беа изнесени сите случувања, некои кратко некои предолго.. плус очекував малце поинаков крај. Една 7ца ќе излезит од сево ова, гледам доста позитивности сум набројал.
Следно на репертоар ми е The Fountain, исто од Дарен Аронофски.
Aronofsky не е за вакви филмови :nenene:
Ако продолжи вака, ќе си ја уништи репутацијата која ја има стекнато со Pi, Requiem for a Dream и The Fountain
Наредно што ќе видиме од него е Black Swan, па ќе видиме. Инаку добар тим се со Clint Mansell.
добар е мамурлак т.е. Handcover. American Pie 7 the book of love, Ghosts of the Girlfriends past, The black knight. Попосле ако ми текни ке напишам пост
друже,пита 7 е најголемото срање што постои во филмскава индрустрија,тој што гледа тинејџерски комедии може да ја предвиде секоја сцена од филмов,ист е и како пита 6,5,4 и сите други тинејџерски комедии,ама дефинитивно овој е најглупиот!!
кој го нема гледано Law Abiding Citizen нека го гледа,одлично филмче!!!
SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... гледајте го филмчево. Крајот е интересно решен режисерот остава вие да одлучите за целото дејство во филмот т.е. изборот е на гледачот како ке го заврши филмот.
]Ендрју ( главниот лик), дојде да истражува на островот и за да не ја изнесе тајната го направија луд со тоа што му ја подметнаа приказната со децата зашто тој твдеше дека нема деца или веке беше луд само тоа беше метод да се соочи со вистината
добар е мамурлак т.е. Handcover. American Pie 7 the book of love, Ghosts of the Girlfriends past, The black knight. Попосле ако ми текни ке напишам пост
И дај не брукај се, Хендкавер, Book of lovе добар.... Напиши пост не ако ти текни колку само да имаш мислење плус, туку после некоја година ко ќе изгледаш стварно квалитетни комедии.
SHUTTER ISLAND (2010) Режисер: Мартин Скорцезе, Главна улога: Леонардо Ди Каприо. Трилер дејството е во 60 години се работи за мистериозен остров на кој се вршат експерименти на психички болни пациенти Каприо тргнува да истражува.... гледајте го филмчево. Крајот е интересно решен режисерот остава вие да одлучите за целото дејство во филмот т.е. изборот е на гледачот како ке го заврши филмот.
Не успеа затоа што сеуште мислеше дека е US маршал ,
И молимте како оставил Скорцезе сами да одлучиме како ке заврши??? Изгледа не си ја догледала сцената каде што Болиглава го спомна дијалогот(воедно и последна сцена во која се открива тоа што го имам во спојлер ставено).
Како прво ова е прилично тежок филм, hate it or love it, со многу различни гледишта и сфаќања и токму тоа е убавината во него. Прочитав доста статии и гледишта од други луѓе за тоа како тие го сфатиле филмов. Повеќето се тука-така со моето.
Јас мислам
дека минатото и иднината се фиктивни, односно пренесени преку умот на сегашниот Том читајќи ја книгата од жена му. Дрвото на животот го асоцирам во минатото како лекот за Из, додека во иднината(во меурот) како самата Из која бара оживување во Небулата. Само што мислам дека приказот на иднината е запишан во книгата од страна на Том, додека досега напишаното е прикажано преку сцените од минатото.
Ептен е збунувачки да, ама сепак ако го имате гледано ќе сфатите отприлика како јас го гледам сево ова.
Друго. Не знаев дека Џекмен може олку маестрално да изглуми. Да сум искрен, на сцената кога си црташе прстен од мастило, се ежев до коска. Не знаев ни дека Аронофски е олку добар... секоја чест. Да не спомнувам од претходниот пост во темава сите веќеспомнати работи се одлични и во овај филм.
Дискусијава слободно нека продолжит во другава тема, би сакал поопширно да поразговараме и за вашите гледишта околу филмов.
Одамна олку не сум мислел за филм, на времето ко го гледав Usual Suspects и Fight Club можда, иако е сосем друг жанр ова. Дур сме кај жанрот, јас би го сместил во фантазија, а не научна фантастика како на имдб(Иако и за Троја таму не пишеше дека е воен филм, али ајде). За оценката... прво стегнав 9ка, го избришав гласот и мавнав 10ка. Од проста причина шо мислам на него 2 сати од ко го догледав.
На некој начин, филмов ти ја буди цела инспирација во тебе.
Не знам дали другпат ќе напишам поопширна литературна рецензија.
Значи морав да реплицирам на овој пост пошто се работи за мојот омилен филм, според мене поентата е очигледна и е јасно кажана во филмот, а тоа што суштината е некаква филозофска поука не го прави филмот потежок за гледање, туку го прави трансцедентен и поголем од било кое уметничко дело. Пораката е едноставна и гласи не можеш да ги контролираш раѓањето и смртта, не можеш да ја контролираш судбината, иако желбата на човекот да го направи тоа, поголема е и од самиот човек и неговото постоење. Цврсто стојам на тврдењето дека ова дело тешко дека некој ќе го надмине. Трите клучни елементи, а тоа се сценарио, визуелни ефекти и музика, според кои можеш да оцениш еден филм дали е добар или лош се беспрекорни и Фонтаната е единствениот филм кој што успеал да го направи тоа според мене. Визуелните ефекти кои се прикажани на филмот, особено патувањето на Том кон Шибалбата, се елементи извадени од макрофотографија кои се потоа прераспределени на тој начин што даваат еден вид слика на вселенско опкружување. За музиката немам коментар Клинт Менсел се надмина себе си, слушнете ја само The Last Man и ќе видите за што правам муабет, иако е прилично меланхолична. Сценариото ќе им го оставам на оние кои што сеуште го немаат гледано филмот. После овој филм, Дарен Аронофски го сметав за генијалец, за да со наредниот негов филм - "Борачот" тотално ме разочара, а Блек Свон му го чекам веќе три години да излезе па сум нестрплив да го видам.
не ,мислев на раде шербеџија !!!, али очигледно си ја кажа ти маката !!! ,иначе ако сакаш да кажиш нешто во врска со глумецот дали е добар глумец или незнам што кажи си, ако не не замарај
Значи морав да реплицирам на овој пост пошто се работи за мојот омилен филм, според мене поентата е очигледна и е јасно кажана во филмот, а тоа што суштината е некаква филозофска поука не го прави филмот потежок за гледање, туку го прави трансцедентен и поголем од било кое уметничко дело. Пораката е едноставна и гласи не можеш да ги контролираш раѓањето и смртта, не можеш да ја контролираш судбината, иако желбата на човекот да го направи тоа, поголема е и од самиот човек и неговото постоење. Цврсто стојам на тврдењето дека ова дело тешко дека некој ќе го надмине. Трите клучни елементи, а тоа се сценарио, визуелни ефекти и музика, според кои можеш да оцениш еден филм дали е добар или лош се беспрекорни и Фонтаната е единствениот филм кој што успеал да го направи тоа според мене. Визуелните ефекти кои се прикажани на филмот, особено патувањето на Том кон Шибалбата, се елементи извадени од макрофотографија кои се потоа прераспределени на тој начин што даваат еден вид слика на вселенско опкружување. За музиката немам коментар Клинт Менсел се надмина себе си, слушнете ја само The Last Man и ќе видите за што правам муабет, иако е прилично меланхолична. Сценариото ќе им го оставам на оние кои што сеуште го немаат гледано филмот. После овој филм, Дарен Аронофски го сметав за генијалец, за да со наредниот негов филм - "Борачот" тотално ме разочара, а Блек Свон му го чекам веќе три години да излезе па сум нестрплив да го видам.
Види, поентата е таа... ама приказната е раскажана на таков беспрекорен начин кој ти остава место за зборување и анализирање на филмов од многу различни аспекти во врска со тоа зошто, што или како се случило во филмот. Иначе целиов пост ти е на место. Поздрав чао.
За Дензел-Криво ми е што не зеде оскар за The Hurricane ,али јебига се погоди Кевин Спејси со American Beauty ...
--- надополнето ---
Иначе Фонтанава ке го гледам викендов ,баш ме интересира ќелавиов Џекмен што прави на аватар 1 година кај Wannabe ...мора да биде добар се надевам (После и рецензијата од Болиглава,се одлучив)
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.