Се воздржувам некако да ја прекинам претплатата на Нефликс ама се повеќе го губам трпението. Имам само неколку причини поради кои го толерирам. Една причина е што не гледам телевизија па без Нетфликс немам за што да уклучам телевизор. Фудбал гледам на лаптоп па не ми менува многу. Втора причина е што го имам дадено пасвордот на пола фамилија да гледаат бесплатно, третата е што се уште фаќам Friends а најавуваат дека ќе го вратат Lost.
Ама за филмови како иритира тоа е нешто ненормално. Вчера бев уморен и решив после подолго време да изгледам нешто, и избрав еден филм по име
To Catch a Killer (2023). И почна се нормално, ветувачки. Главната хероина е полицајка, пријатен лик за гледање. Филмот од типот „најди го убецот“. И си оди се така како што треба до половина филм, и одеднаш U-turn кон Woke Street и с'иба мајката. Детективот, човек пред пензија, наеднаш открива дека е геј, се појавуваат расисти/нацисти, нешто како Q-Anon ликови иако тоа можеби не беше спомнато, и така... одеднаш ми текна дека уживав во првиот дел од филмот не дека беше нешто посебно, туку дека не форсираа со глупости, за момент подзаборавив дека по дифолт треба да ги очекувам срањата.
Се жалиме веќе подолго време, не е дека пишувам нешто ново. Да не бидам разбран погрешно, сум пишал и порано: не ми е мене проблем ни некој да е геј, нити пак сум чувствителен на теми како расизам итн. Проблемот е што секаде ги натураат, толку е очигледно дека на сила ги форсираат приказните во тој правец и без никаква причина почнуваат некој наратив кој нема никаква врска со дејствието на филмот. Безмалку како да студиото нема да им го прифати филмот ако не се чекираат овие неколку услови.
Изгледав два филма во авион за време на лет, не можам да ги оценам објективно затоа што не се гледа филм така, мене филмовите ми беа топ затоа што ми се погоди летот: комфор, ручек, вино, па сладолед, па сок од портокал, па кафе, па уште вино... кога ќе се сетам ми доаѓа пак да летам, на Викенд кај Берни би му дал десетка во тие услови
Енивеј, се работи за
Napoleon и
Killers of the Flower Moon.
За првиот океј, разбирам дека има историски недоследности, некои сцени се хаотични, посебно првата третина од филмот нема темпо, нема хемија. Но некои сцени ми оставија силен впечаток, како на пример битката со Русите и разводот на Наполеон и Жозефина, како и последната сцена која наликува на сцената на Марлон Брандо кога умира Дон Вито. И глумата на Жоакин Феникс секако, не личи на Наполеон ама јак глумец, нек с'ибе векот.
За вториот би рекол на кратко две работи:
Првата е дека ликот на Ди Каприо е одлично напишан, вистински секојдневен мал човек, алчен, дволичен, навидум изгледа како „го знаевме добар човек беше“ а во него крие мал милион фрустрации и неисполнети желби и само прашање на време е каде и кога ќе направи беља.
Втората е дека Скорсезе кој е малечок по раст веројатно има и мало куре и за да компензира за тој комплекс што го носи од деството мора сите филмови да ги прави по 3 и пол саати, матер му негова, 6 месеци од животов имам потрошено на гледање негови филмови. Нека оди во пензија, не можам веќе.