T
Вистинска штета е што вакви филмови се многу малку гледани , барем кај нас , филмови што ги преминуваат вообичаените граници , искуства, знаења , што би се рекло со еден збор трансцедентни . Од истиот режисер ако веќе не си го изгледала погледни го овој Spring, Summer, Fall, Winter... and Spring . Ти ги препорачувам и филмовите на Кар Ваи Вонг особено овие два : In the Mood for Love , 2046 . Уживај !Ова е филмот кој не можам да го тргнам од мисли повеќе од 24 часа по неговото гледање. Извонредно остварување на корејскиот режисер Ки-дук Ким. Во суштина приказната е едноставна, но сите елементи кои ја спојуваат нудат многу причини за размислување. Станува збор за еден младич кој нема свој сопствен дом, се вози на мотор и ги посетува куќите на луѓето кои ги напуштиле за одреден период, им поправа по дома тоа што им е расипано, им ги пере алиштата и средува. Така се добива впечаток како отсекогаш да живеел таму. Тоа е неговата секојдневна рутина, провалувањето во туѓи домови, меѓутоа однесувањето што го гледаме кај него не е така вообичаено за провалници кои сме навикнале да ги гледаме.
Младичот наидува на несекојдневни ситуации и запознава една девојка која е прикажана како принцип за негова venus urania т.е. вечна љубов или сродна душа. Главните ликови во филмов воопшто и не зборуваат, а другите се едноставно збунети пред нивните постапки. Можеби идејата на режисерот била да не натера да размислуваме дека можеме да живееме и на друг начин, а не онака како што сме навикнале, да предизвика двоумење за тоа што е реалноста, а што сонот, да не збуни преку молчаливоста на овие два лика и да не зачуди.
Има многу моменти кои ме наведоа на размислување дали е вака или инаку, па топло го препорачувам на сите филмаџии кои го немаат гледано, се надевам дека би се развила некоја дебата околу филмов затоа што навистина вреди. И мислам дека го избрав вистинскиот период за да го гледам, можеби ако го гледав пред некоја година би рекла дека е глупост и не би разбрала ништо, но бара голема концентрација и длабока анализа.
Култна е, ако не друго барем во моите очи т.е. кога ќе размислам подобро влага во 2-те категории, идеално склопена сцена од секој погледОва не е баш сцена него 5 минути и 56 секунди pure enjoyment, посебно oд 3:25 натака...
Што била причината за исвиркувањето ? И јас со душа чекам да го гледам , Малик има само четири филма но кој од кој подобри , сега овој е на ред па плус и Шон Пен , милина !Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм
Публиката била револтирана зашто Малик не се појавил воопшто на премиерата во Кан. Бред Пит како продуцент морал сам да го претставува заедно со останатиот дел од екипата. Другата причина за лошите реакции е што многумина не го сфатиле филмот и сметаат дека е хаос.Што била причината за исвиркувањето ? И јас со душа чекам да го гледам , Малик има само четири филма но кој од кој подобри , сега овој е на ред па плус и Шон Пен , милина !
Имаше на он.нет пред некој ден за ова,мислам не заслужува внимание Ларс после таква изјава .Наместо да читам / наидувам насекаде на ова, како се изрезили Вон Три(е)р во Кан :lud: , (не ми се гледаат неговите филмови после ова ) :
...да ти падне жал за Кирстен Данст
Овој би требало да е еден од ретките добри филмови годинава, све само продолженија/римејци/рибути/..., некои лесни комерцијални филмчиња..., така да - заеби критики. )))Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм. Јас обавезно го гледам. Одамна немам видено трејлер со толку добра визуелизација.