Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Ова е филмот кој не можам да го тргнам од мисли повеќе од 24 часа по неговото гледање. Извонредно остварување на корејскиот режисер Ки-дук Ким. Во суштина приказната е едноставна, но сите елементи кои ја спојуваат нудат многу причини за размислување. Станува збор за еден младич кој нема свој сопствен дом, се вози на мотор и ги посетува куќите на луѓето кои ги напуштиле за одреден период, им поправа по дома тоа што им е расипано, им ги пере алиштата и средува. Така се добива впечаток како отсекогаш да живеел таму. Тоа е неговата секојдневна рутина, провалувањето во туѓи домови, меѓутоа однесувањето што го гледаме кај него не е така вообичаено за провалници кои сме навикнале да ги гледаме.

Младичот наидува на несекојдневни ситуации и запознава една девојка која е прикажана како принцип за негова venus urania т.е. вечна љубов или сродна душа. Главните ликови во филмов воопшто и не зборуваат, а другите се едноставно збунети пред нивните постапки. Можеби идејата на режисерот била да не натера да размислуваме дека можеме да живееме и на друг начин, а не онака како што сме навикнале, да предизвика двоумење за тоа што е реалноста, а што сонот, да не збуни преку молчаливоста на овие два лика и да не зачуди.

Има многу моменти кои ме наведоа на размислување дали е вака или инаку, па топло го препорачувам на сите филмаџии кои го немаат гледано, се надевам дека би се развила некоја дебата околу филмов затоа што навистина вреди. И мислам дека го избрав вистинскиот период за да го гледам, можеби ако го гледав пред некоја година би рекла дека е глупост и не би разбрала ништо, но бара голема концентрација и длабока анализа.
Вистинска штета е што вакви филмови се многу малку гледани , барем кај нас :( , филмови што ги преминуваат вообичаените граници , искуства, знаења , што би се рекло со еден збор трансцедентни :) . Од истиот режисер ако веќе не си го изгледала погледни го овој Spring, Summer, Fall, Winter... and Spring . Ти ги препорачувам и филмовите на Кар Ваи Вонг особено овие два : In the Mood for Love , 2046 . Уживај !
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Ова не е баш сцена него 5 минути и 56 секунди pure enjoyment, посебно oд 3:25 натака...
Култна е, ако не друго барем во моите очи т.е. кога ќе размислам подобро влага во 2-те категории, идеално склопена сцена од секој поглед :cuc:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм. Јас обавезно го гледам. Одамна немам видено трејлер со толку добра визуелизација.

 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм
Што била причината за исвиркувањето ? И јас со душа чекам да го гледам , Малик има само четири филма но кој од кој подобри , сега овој е на ред па плус и Шон Пен , милина !
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.668
Поени од реакции
34.124
Никогаш не ми биле некој фактор критиките а овој ми е одамна во watchlist.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Што била причината за исвиркувањето ? И јас со душа чекам да го гледам , Малик има само четири филма но кој од кој подобри , сега овој е на ред па плус и Шон Пен , милина !
Публиката била револтирана зашто Малик не се појавил воопшто на премиерата во Кан. Бред Пит како продуцент морал сам да го претставува заедно со останатиот дел од екипата. Другата причина за лошите реакции е што многумина не го сфатиле филмот и сметаат дека е хаос.
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Ха , ништо чудно што не се појавил , човеков веќе со децении не се појавува на јавни настани. Си тера свој филм , алал да му е . Сите филмови му се полн погодок , така да не верувам дека овој е исклучок .
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Наместо да читам / наидувам насекаде на ова, како се изрезили Вон Три(е)р во Кан :lud: , (не ми се гледаат неговите филмови после ова ) :

...да ти падне жал за Кирстен Данст :)


... требаше повеќе да се пишува за ова :


:aplauz: филмска икона, маестрален у Breathless (1960) aka "À bout de souffle".
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.113
Наместо да читам / наидувам насекаде на ова, како се изрезили Вон Три(е)р во Кан :lud: , (не ми се гледаат неговите филмови после ова ) :

...да ти падне жал за Кирстен Данст :)
Имаше на он.нет пред некој ден за ова,мислам не заслужува внимание Ларс после таква изјава .
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Триер види го ти бе :)
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.492
Мислам дека беше хумор, црн хумор но многу лошо изведен, доколку беше добар, неговиот говор ќе одеше без прекини, течно....и без непотребни гестикулации....вака изгледа како да се правда за тоа што го кажал и делува како да е сериозен :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.668
Поени од реакции
34.124
Мене смешен ми беше бе :)))))) ваљда најмногу ради Кирстен од страната. :))))))))))))))))))
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Марк Твен на времето дал фантастична дефиниција за тоа што е хумор ,'' Хуморот е трагедија плус време'' , но некако се ми се чини дека нема да дојде времето да се зезаме и со оваа трагедија :)

П.С. Трир сам себе убијал , ама го изведе ова !!! .. сиромав :pos2:
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Можат колку сакаат да го исвиркуваат филмов во Кан, но од самите визуелни ефекти се гледа дека е добар филм. Јас обавезно го гледам. Одамна немам видено трејлер со толку добра визуелизација.

Овој би требало да е еден од ретките добри филмови годинава, све само продолженија/римејци/рибути/..., некои лесни комерцијални филмчиња..., така да - заеби критики. :))))
Kао што ја гледам листава за 2011 -

http://en.wikipedia.org/wiki/2011_in_film

...многу лоша година, пред овој Три Оф Лајф нема некој филм што искочи да се издвои, а ни после него до крај на годинава (?), можда Hugo Cabret на Скорсезе...Тин Тин, го заеба Спилберг што не го направи лајв екшн наместо cgi/motion capture (Земекис 10 години потроши за џабе на оваа технологија...)...Вонг Кар Ваи го пoмести The Grandmasters за наредна година...
Ептен слаба година или ја пропуштам некои филмови... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom