Јас си резервирав за сабота за во кино за Us. Може мало рецензииче, мислење нешто?
Па вака, мене ми се допадна филмот in general. Што се вика, wholesome e, и има некои поени плус што е оригинално сценарио, и се гледа дека Пил има интересни идеи и концепти, кои се нови во жанрот, иако јас не сум голем фан на хорори па немам многу гледано, и не знам колку се нови, ама се гледа дека се оригинални. Режијата беше одлична, како и кинематографијата како и музиката, овде особено ќе ја потенцирам музиката зашто беше многу впечатлива и многу ми се допадна меѓу другото. Глумата воопшто не ја спомнувам зашто фала богу дека е на ниво на коешто треба да биде. Е сега, замерката ми е мене во насока на доживување. Повеќе за ова, може ако сакаш да збориме откако ќе го изгледаш, ако вотче ни се смилува да ни ја даде спојлерфри темата. Некако филмов ми одеше во правец на претенциозност, и замолувам а не се земе здраво за готово изразов зашто не мислам дека беше претенциозен филмов, туку беше попретенциозен од Get Out, кој беше доста straight forward филм а мене такви повеќе ми лежат, па убедена сум дека на крајот сепак личните преференци ќе пресудат за тоа кој филм му подобар на секој индивидуално. Јас за жал не можев да ја избегнам споредбата со Get Out заради режисерот и стилскиот печат, меѓутоа мора да напоменам дека Us е похорор од што е Get Out и тебе лично тоа може повеќе да ти се допадне. Инаку филмот е доста квалитетно изработен и естетски и од секој аспект, техникалиите се можам да кажам на повисоко ниво од Get Out, што е логично зашто претпоставувам за овој имал поголем буџет. Има тука и таму по некоја комична сцена, некој комик рилиф, што во Get Out повеќе соодветствуваше, зашто филмот не беше во жанрот на хорор, барем јас не го доживеав така, додека овде тоа на моменти и малку смета како и некои непотребни дијалози на кои не им е местото во филмов. Се на се, мене филмов ми се допадна меѓутоа во споредба со Get Out ми беше за нијанса доживувањето послабо.