Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

T

Tetro

Гостин
Како се правеше Tron Legacy!
http://jtnimoy.net/workviewer.php?q=178

--- надополнето ---

Умре Sidney Lumet, со изрежирани преку 40 филмови (12 Angry Men, Dog Day Afternoon, Network, Serpico.....) кои заработија околу 50 номинации за оскар. Лично беше номиниран 5 пати. R.I.P.

 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Се ок се согласувам за другите филмови, поготово за Strangers & Snatch, ама дека Парфем е добар филм нема, па ни во солидни не го ставам.
Ауу а јас мислев ќе има реакции баш за другиве. Зошто бе Парфем не ти се бендиса? Мене баш добар ми беше, ни малце досаден, дејството баш си течеше ко што треба.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Ауу а јас мислев ќе има реакции баш за другиве. Зошто бе Парфем не ти се бендиса? Мене баш добар ми беше, ни малце досаден, дејството баш си течеше ко што треба.
Ме иритираше многу глумецот, бездушен ми беше а и филмот неможеше да посигне никаква емоција нити пак конекција со гледачот, т.е. во случајов мене.

Иначе мене Снеч ми е еден од најинтересните и најуникатните филмови ептен е cool и има еден куп одлично вклопени и луди ликови :vozbud:
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.671
Поени од реакции
18.151
Се ок се согласувам за другите филмови, поготово за Strangers & Snatch, ама дека Парфем е добар филм нема, па ни во солидни не го ставам.
Знам дека е до вкус, ама ме насмеа со ова дека не е ни за во солидни.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.472
Знам дека е до вкус, ама ме насмеа со ова дека не е ни за во солидни.
Тоа е тоа, имаме сличен вкус за многу филмови ама овој ми е одвратен, поготово тој бездушниот глумец не напна максимално....
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.671
Поени од реакции
18.151
The next three days


Совршенство од филм. Го гледав со дечко ми и идвајцата не трепнавме дури траеше. Тој не ни заспа, што се дешава еднаш во сто години. Оттаму заклучете колку е добар филмов.
Расел Кроу е премногу добар глумец. Има накачено некое килце за улогава и изгледа баш како што му налага таа-професор во средни години, кој се подзапуштил малку. Ќе ме расплачеше на два пати, како добро одглуми.
Приказната е за едно тричлено семејство. Мајката е обвинета за убиство на нејзината шефица. Откога ќе пројде некое време во затвор, детенцето нема да сака веќе ни да ја бакне, па таа ќе проба да изврши самоубиство. Нејзиниот посветен и многу вљубен сопруг ќе види дека нема друго чаре освен некако да ја извади од затвор.
За време на целиот филм не знаеме дали жената е виновна или невина за убиството.
Иначе за сцената со повраќањето му се клањам на Расел Кроу, секоја чест. Мене многу ме погоди.
Филмов е доказ дека добри трилери сеуште се прават во Холивуд, само што народот не знае да ги цени. Цифрите кои ги заработил се смешно мали.
Од мене има 10/10. Цели два дена не можеше од памет да ми излезе.
И друго, ај некој нека ми објасни. Кога сопругава проба да се самоубие втор пат, на автопатот, кога се фатија за рака со Расел Кроу, зошто тој така изреагира? Од првин мислев дека ради тоа што таа го нема ставено прстенот, но и ја покажуваа погрешната рака.
Ај и ја да се изјаснам по филмов. Одкако ме напнаа да го гледам, можам да кажам дека се работи за сосема ОК филм, но сепак не би му дал највисока оценка пред се затоа што малку потсетува на Prison Break, а исто е римејк на француски филм http://www.imdb.com/title/tt1217637/.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Тоа е тоа, имаме сличен вкус за многу филмови ама овој ми е одвратен, поготово тој бездушниот глумец не напна максимално....
Потполно се согласувам. Идејата како идеја беше добра, меѓутоа реализацијата воопшто не ме бендиса.
Oсобено не ми се допадна крајот на филмот, каде што всушност го прогласуваат за крал, а не за убиец.
Па над сето тоа, целата маса му се препушта на чувството и прават оргија. Ма немој молим те.

Ај и ја да се изјаснам по филмов. Одкако ме напнаа да го гледам, можам да кажам дека се работи за сосема ОК филм, но сепак не би му дал највисока оценка пред се затоа што малку потсетува на Prison Break, а исто е римејк на француски филм http://www.imdb.com/title/tt1217637/.
И со ова се согласувам :)) Кога давав рецензија, го пишав истото. Многу потсеќаше на Prison Break: The final break.
Инаку настрана тоа, многу добар напнат филм, а Расел изгледа неодоливо како и секогаш :wub:
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
The next three days


Совршенство од филм. Го гледав со дечко ми и идвајцата не трепнавме дури траеше. Тој не ни заспа, што се дешава еднаш во сто години. Оттаму заклучете колку е добар филмов.
Расел Кроу е премногу добар глумец. Има накачено некое килце за улогава и изгледа баш како што му налага таа-професор во средни години, кој се подзапуштил малку. Ќе ме расплачеше на два пати, како добро одглуми.
Приказната е за едно тричлено семејство. Мајката е обвинета за убиство на нејзината шефица. Откога ќе пројде некое време во затвор, детенцето нема да сака веќе ни да ја бакне, па таа ќе проба да изврши самоубиство. Нејзиниот посветен и многу вљубен сопруг ќе види дека нема друго чаре освен некако да ја извади од затвор.
За време на целиот филм не знаеме дали жената е виновна или невина за убиството.
Иначе за сцената со повраќањето му се клањам на Расел Кроу, секоја чест. Мене многу ме погоди.
Филмов е доказ дека добри трилери сеуште се прават во Холивуд, само што народот не знае да ги цени. Цифрите кои ги заработил се смешно мали.
Од мене има 10/10. Цели два дена не можеше од памет да ми излезе.
И друго, ај некој нека ми објасни. Кога сопругава проба да се самоубие втор пат, на автопатот, кога се фатија за рака со Расел Кроу, зошто тој така изреагира? Од првин мислев дека ради тоа што таа го нема ставено прстенот, но и ја покажуваа погрешната рака.
срцее демек дечкоти е е експерт за совршен филм хахааа
се шалам секако..
него убаво последната сцена си кажува дека неговата жена не е убиецот нели делот кога врне дожд(после две-три години)копчето од убиецот сеуште стои во шахтата и водата го носи..секако одкако ќе се свртат со грб:))))
не се залтувајте во сценариа со дупки кои врска немаат со ралноста.
Него кога ќе види човек стварно ајфонот брка работа lol
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Знаете за што служи копчето SP така?
Милион спојлери во пет коментари сте оставиле.
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Знаете за што служи копчето SP така?
Милион спојлери во пет коментари сте оставиле.
А да прашам јас нешто, малку оф топик. Во оваа тема треба да се ставаат спојлери?
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
А да прашам јас нешто, малку оф топик. Во оваа тема треба да се ставаат спојлери?
Во секоја тема се ставаат спојлери во деловите каде се откриваат битни делови од филмот. Сосем небитно е за која тема станува збор.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Oсобено не ми се допадна крајот на филмот, каде што всушност го прогласуваат за крал, а не за убиец.Па над сето тоа, целата маса му се препушта на чувството и прават оргија. Ма немој молим те.
Океј, реков дека последните сцени и за мене беа преголем залак. Ама мене глумецот баш ми се допадна бе.

--- надополнето ---

срцее демек дечкоти е е експерт за совршен филм хахааа
се шалам секако..
Абе он увек заспива на филмови. Увек значи. Нема филм а он да не заспие. Епа на овој и тоа се деси. Мада почна да му се спие али покажа јака волја, стана и почне да јаде за да се спречи да заспие :)

него убаво последната сцена си кажува дека неговата жена не е убиецот
нели делот кога врне дожд(после две-три години)копчето од убиецот сеуште стои во шахтата и водата го носи..секако одкако ќе се свртат со грб:))))
Да де, па јас реков дека цел филм не се знае дали таа е убиецот или не. Е сега крајната сцена не ја рачунав тука, моја грешка :)
 

Тамарче

Ако одам во Битола..
Член од
11 јули 2007
Мислења
3.239
Поени од реакции
223
Во секоја тема се ставаат спојлери во деловите каде се откриваат битни делови од филмот. Сосем небитно е за која тема станува збор.
Прашвам оти чудно ми е да се ставаат спојлери во теми каде што се дискутира за филм, за глумците и режисерите. Ама ете, се извинувам, не сум знаела. Затоа и не сокрив реченицата. Нема да се повтори :)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Hereafter на Клинт Иствуд е прекрасен филм. Драма и пол. Ме мрзи да го рецензирам филмот ( и онака Иосоно пишал се што би пишала и јас во врска со филмов..:)), само ќе препорачам да го погледнете и да видите што ти се вика умешност за раскажување приказна. Браво Иствуд.
 
A

Auditore

Гостин
Можеби не е овде место да прашам, али неможам да барам ме печат очите, како се викаше оној филм со Бред Пит, кога тој од старец се смалува и станува бебе, или нешо слично беше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom