The next three days
Совршенство од филм. Го гледав со дечко ми и идвајцата не трепнавме дури траеше. Тој не ни заспа, што се дешава еднаш во сто години. Оттаму заклучете колку е добар филмов.
Расел Кроу е премногу добар глумец. Има накачено некое килце за улогава и изгледа баш како што му налага таа-професор во средни години, кој се подзапуштил малку. Ќе ме расплачеше на два пати, како добро одглуми.
Приказната е за едно тричлено семејство. Мајката е обвинета за убиство на нејзината шефица. Откога ќе пројде некое време во затвор, детенцето нема да сака веќе ни да ја бакне, па таа ќе проба да изврши самоубиство. Нејзиниот посветен и многу вљубен сопруг ќе види дека нема друго чаре освен некако да ја извади од затвор.
За време на целиот филм не знаеме дали жената е виновна или невина за убиството.
Иначе за сцената со повраќањето му се клањам на Расел Кроу, секоја чест. Мене многу ме погоди.
Филмов е доказ дека добри трилери сеуште се прават во Холивуд, само што народот не знае да ги цени. Цифрите кои ги заработил се смешно мали.
Од мене има 10/10. Цели два дена не можеше од памет да ми излезе.
И друго, ај некој нека ми објасни. Кога сопругава проба да се самоубие втор пат, на автопатот, кога се фатија за рака со Расел Кроу, зошто тој така изреагира? Од првин мислев дека ради тоа што таа го нема ставено прстенот, но и ја покажуваа погрешната рака.