Iceboy
Porque somos LOS MEJORES
- Член од
- 23 октомври 2008
- Мислења
- 17.280
- Поени од реакции
- 17.959
Heat
Акциона драма со екипава што е на сликава. Плус на нив додај ги Ешли Џад, Џон Воит, Ејми Бренеман и многу други и неможеш да добиеш лошо филмче.
Единствено нешто што не ми се свиѓаше е што премногу бавно се одвиваа настаните, на моменти имаше и малку сцени кои што воопшто не требале да ги ставаат, ама добро сакале полека полека да ги градат ликовите. А ликовите се стварно фантастично прикажани, секој си е приказна за себе, секој влече своја историја со себе.
Накратко се работи за Нил (Де Ниро) кој има екипа со која што ограбува банди. После еден грабеж кој ќе тргне лошо него ќе почне да го брка Винсент (Пачино) кој многу повеќе време и посветува на работата, отколку на семејниот живот. После тоа почнува малку по малку полицијата да ги дознава работите, како функционираат и пробуваат да сфатат која им е следната задача...
За глумата не треба да се зборува многу, кога ја имаш оваа екипа неможе да има грешка. Фантастични се и двајцата (со оглед на тоа дека Вал Килмер и нема некоја си којзнае колку забележителна улога).
Се на се филмче од старата школа, филмче какво што во денешно време ретко се прави и филмче кое мора да се види.
8/10