Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Дури, и, замислете, му кажав на брат ми дека го сакам, а дали се на се 5 пати му го имам кажано тоа во животот. :sramezliv:
Мене мајка ми ми нема речено те сакам, не па брат ми...
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.438
Поени од реакции
9.345
A Ghost Story
Воведниот дел во филмот и процесот на жалење на таа ми беше нешто најдосадно што сум го изгледала во животов. Додека се дешаваше една сцена, имав време да размислувам за сите проблеми, да каснам нешто, да одам до продавница, да дремнам, да се вратам и пак бевме на истото место...

За она нешто ок што продолжи понатаму после првите 40 минути, си доби 6. Најмногу поради некоја уникатност што знам ти што, имаше и нешто убаво, пример атмосферата и музиката и како заедно си се надополнуваа, мрачен беше и депресивен, не го заборавив одма... Ама, не беше се она што се очекуваше. Т.е јас што очекував, гледам многумина си добиле што чекале од него. Филм, толку длабок и тежок кој понатаму ќе послужи како урнек за создавање на ремек дела и времето ќе го претвори во култен нема шанса.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Мајмуниве, малку акција дугачка романтика ко секој индиски филм и на крај пак малку акција и тоа е тоа, тапа џонсон во превод би се кажало.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
Денес завршува рокот за поднесување пријави за Оскар за најдобар странски филм за 2017. 84 држави до сега имаат поднесено кандидатура, т.е. еден филм помалце од прифатените 85 лани, но се уште не е завршен денот, па којзнае, ќе видиме, може и ќе има нов рекорд. Македонија годинава, знаете, не учествува, тие што ја следат темата за македонски филмови знаат за драмите кои ги правиме.

Листата на сите пријавени филмови ТУКА. Уште е рано да се зборува за фаворити, уште повеќе што ова е веројатно најнепредвидливата категорија, заради специфичните правила за гласање, но вака, од старт, на хартија прв фаворит е Камбоџа со First They Killed My Father, на Анџелина Џоли. Заради победите и освоените награди по светските фестивали, јас би ги сместил меѓу фаворитите и Унгарија, Шведска, Франција, Русија, Италија, Австрија и Германија. Па ќе видиме.
 

Mad_Coko

blow me!
Член од
21 август 2010
Мислења
7.296
Поени од реакции
12.661
Fullmetal Alchemist Live-action, се надевам нема да биде срање ко Титаните.

 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.807
Поени од реакции
33.631
Wind River навистина предобар! Џереми Ренер заслужува Оскар, дефинитивно. Или барем номинација, ама би му била трета веќе.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.677
Поени од реакции
4.793
Се молам за дел од критикиве по нет шо ги читам за новиот блејд ранер дека се точни :busi:

После треинспотинг и елиен безвеза продуженијата- тука се надевам на нешо ок.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Како бе може да читате критики пред да го изгледате филмот ??? Го чекам Блеј Ранер со години и сеа ќе го гледам за 3 дена, не знам како побрзо да ми поминат вие пеколни 3 дена и јас тоа да си го уништам со читање критики...ако се лоши се разбира дека внатре во тебе нешто ќе се разочара ,а не си го ни изгледал филмот. Под клуч ми оди темава до вторник. Поздрав
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
Блејд Ранер кратка рецензија:
Филмов збори за иднина во која што секој ќе може да има Ана ДеАрмас во својот дом...само ако иднината е малце различна од ова има да летаат глави :mad:
10/10 Иднина, би гласал за тој што ќе го вети ова во програма

Бејд Рандер долга рецензија:
Ако ви се допадна првиот ќе ви се допадне и овој. Ако не ви се допадна првиот, овој ќе вис е допадне повеќе од првиот ваљда.
Кул (y)
 
S

silmarillion

Гостин
Музиката и фотографијата потсеќаат на 80тите и едино тоа ме бендиса у Блејд 2049 од носталгичен аспект. Причата ми беше монотона а дејствие немаше никакво. Поготово што сите чекаа на Харисон Форд да се појави. Скроз непотребо 3Д мачење за очите и карта од 350МКД и изгубени 2:40саата. 5/10 по мој критериум. Знам дека на дајхард фановите ова е ко мајка да си им опцул али тоа е. Бонус шема рекламите за Диаџио и Сони...Боље да правеа римејк него продужеток, ако више сакаше Ридли Скот да види како би изглеало се у нова технологија.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.094
Поени од реакции
9.016
Како бе може да читате критики пред да го изгледате филмот ??? Го чекам Блеј Ранер со години и сеа ќе го гледам за 3 дена, не знам како побрзо да ми поминат вие пеколни 3 дена и јас тоа да си го уништам со читање критики...ако се лоши се разбира дека внатре во тебе нешто ќе се разочара ,а не си го ни изгледал филмот. Под клуч ми оди темава до вторник. Поздрав
Јас не оставам критика да ми промени мислење за еден филм. Од кај да знам, може авторот другачие вреднува или не му се допаѓа одреден стил.

А најјаки ми се оние статии "Се што е погрешно во "X" филм". Па филм е јеботе, не е реалност.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Долго го чекав The dark tower ама не да ме разочара туку не би го ни симнувал. Бадијала екипата Идриз, Меконахју (хиии) и Виник, филмот беше без некоја конкретна приказна.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom