Death Note 2017
Секогаш сакав да го гледам овој манга серијал и сега гледам филм ок топ, си го симнав и... Што беше ова?
Ова може беше еден и единствен уникатен ваков толку хаотичен филм што сум го гледала во живот.
Грам логика немаше во никоја постапка на ликовите, дешавките беа натрупани колку да се зачува некој тек на филмот, со ликовите шанса нема некој да се поврзи, ни па да ги разбере, ко прво никаква основа немаа да бидат она што се и тоа во што се претворија, многу брзо се случуваше се, од мирни и праведни тинејџери кои сакаа да го спасат светот од зло се претворија во себични чудовишта. Како? Сакам да гледам причини, настани, да си правам теории, а филмов ни една шанса не даде за тоа.
Немаше никаков вовед за запознавање, му падна тетратката од небо на детево и почна да си пишува имиња. Зошто тој, и кој е тој, од каде таква рамнодушност за одземање животи, кај била таа тетратка претходно, каков бил неговиот живот претходно? За понатаму не сакам ни да пишувам, ако филмов почна неразбирливо и глупо тогаш понатаму се полошо и полошо стануваше. Филмов е правен или за некои гот бебиња што ќе гледаат и ништо нема да разбираат или некои такви бебиња го правеле. Одбивам да прифатам дека разумен човек режисер направил онаква вреќа глупости. Никој да не го гледа, ептен срање е.