Толку го извреѓа за да му ставиш 6ка? 6ка што е океј оцена?
Плус од каде толкава изненаденост, кога никој не рече дека е совршен филмот. 6ка на ИМДБ, 17% на Ротен и 35 на Мета.
Акционите сцени (од 16ти век) беа бонбона на платно, ама беа премалку и мене рецимо ме нервираше што е сместен во денешно време и што цело време чекав да се случи нешто и оп заврши...Очигледно планираат 2ка и да перат пари на слава на игрите, али без добри сценаристи, тешко ќе им оди франшизава.
Жал ми е што се најде навреден од коментарот (или па таков впечаток оставаш), ама јас помала оценка од 6ка немам ставено на Летер, и многу ретко ставам помалку од 6 in general, тие оценки ги чувам за филмови како наказата Bitchslap или ересот Bounty Hunters, а и не знам зошто па јас тука треба да си ја правдам скалата, блокбастери од мене добиваат 7ци ако е блокбастерот лош, и 8 ако е блокбастерот добар, 6 за блокбастер е оцена испод лош, така што не... 6 не е ни блиску до океј оцена.
Друго што кажа дека никој не рекол дека филмот е совршен, не само што не е, туку е далеку од совршен, јас тоа што го очекував е да го исполни стандардот на блокбастер, а и па јас многу не се замарам толку со ротен и мета и имдб и рејтинзи all in all, ете БвС што е наголемо плукан ми е сосем океј блокбастер и донесе акција што сум ја враќала и прегледувала неколку пати, оваа акција беше далеку од солидна акција во однос на тоа колку потенцијал имаше, не знам зошто го скокна делот кај што јас кажувам дека сум разочарана од неискористениот потенцијал, што е голем фактор за некакви очекувања. Јас сум слаба на овој тип филмови со оние елементи што ги набројав и филмот ги имаше сите и пак и пак не донесе ништо што барем во моментот ќе ме занесе, далеку било да остане запаметен понатаму, тоа воопшто не го ни очекував.
Акцијата ме нервираше не само што беше ретка, па и таа ја имаа упропастено со Анимусот.... да сакам да се внесам во акцијата и некој да ме шета од тепачка на симулатор е авотгол во старт, исто ко на сред тепање реклами да ми пуштиле.
Го имаше најретардираниот крај може од сите филмови што излегола лани, каков ретардиран клифхенгер, па Fast and Furious имаат господ знае колку дела па пак си ги завршуваат филмовите со финиш, а не како промо за следниот. Побогу па Марвел така не си ги завршува филмовите, а во 10+ филмови обработува последователно дејство.
Акционите сцени може биле бонбона ама можеа да бидат многу многу многу многу подобри и како што реков да имаат breath taking ефект, немаа.
Игриве се многу неискористен потенцијал, не знам зошто вака ги понижуваат со half-assed адаптација.