Прво нарацијата ми беше непотребна и ме нервираше, зошто Спејси раскажуваше се што моментално се дешаваше и гледавме во филмот. Друго, такви ликови сум гледала во веќе секој трет филм. Маж во средновечна криза се попалува по тинејџерка, па почнува да се комплексира, control freak забегана, неподнослива и ненаситна жена од се незадоволна, едно дете што станува жртва поради таквото понашање на двајцата и едно мрачно истрауматизирано бившо воено лице. Ептен оригинални ликови нели...
И крајот исто. Да не беше така исфилуван и исфорсиран, пошто јас така си го доживеав, ќе гледав ок филм што сака да прикаже темна страна на едно општество опседнато со надворешната убавина и тн и тн не беше лош, само не ми беше за 10 ни па за оскар. Онака, ок филм. Ок беше и хуморот, баш кај што треба и колку што треба да ми го направи филмот поднослив. И Кевин Спејси, од него никогаш никаде нема да се пожалам.