Со
@Anon гледавме Fantastic Beasts.
И зашто на летер видов дека никој го нема ставено како гледан, еве јас прва ќе пишам импресии, па ако нешто испуштам, Анон ќе дополни.
Прво, од една страна не беше лош, забавен беше, ама од друга страна многу некако.. просечен за темел на франшиза. Јас во универзумот на Потер влегов уште далечната 2000та со првото издание на Каменот на Мудроста, и иако не се водам како Potterhead, гаам посебна љубов за тој универзум и очекував далеку повеќе од тоа што го добив. Стои фактот дека на франшизава и требаше посилен влез, нешто што ќе не оставеше подзинати на излез од кино и хајпнати за следниот. Јас тој ефект со Where to Find Them не го доживеав, се надевам со следните ќе го.
Друго што го немав по излегување од кино, беше катарза. Смртта во ХП универзумот, секогаш била впечатлива, овде беше ееерм мех. Ништо посебно не ме погоди, ниту па ме изненади, мислам дека уште кога му ја видов фацата на платно знаев дека ќе го скинат, а и Анон кога излеговме ми кажа дека го предвидел развојот на тој лик уште одма кога му текнало кој е, meaning don't watch movies with us
Кастот и ликовите беа океј ми се свиѓаа, особено Еди - го обожавам Еди, долго време го потценував и криво ми беше што му го зема оскарот на Бен, ама еве оваа прилика ја користам за јавно да повлечам се што сум мислела и кажала за него, јас го засакав уште со Les Mis, ама не сум имала прилика до сега да го пофалам како што личи, срце е, поготово во улогава на Њут, fucking adorable
Животинките се многу јаки, за жал ги заборавив како се викаат, ама тие го носеа хуморот во филмот и искрено тоа го направија подобро од некои комичари што ги знаеме
Ми се свиѓаше што имаше многу референци и најави за ликови што се важни во универзумов и се надевам ќе видиме повеќе за нив понатаму во франшизата, и дека ќе се запознаеме нешто подобро со фамилииве кои практикуват Dark Arts.
All in all, тоа е.