Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
E за овие два ќе се согласам, одличен избор :)
ако ги имаш гледано овие два филмој јас карлович нема да се викам
Од кај знаеш дека ги нема гледано, имаш кристална кугла?
Коментирај ги филмовите не ги анализирај членовите и не започнувај расправии.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас не сметам дека Нолан е преценет режисер. Има страшна умешност да направи блокбастер, а за тоа треба да те бива. Знае да искористи буџет и да ги врати парите во каса. Инсепшн мене не ме воодушеви нешто многу,но не можам да речам дека филмот е лошо направен. Ама затоа за Dark Knight, секоја чест, одличен кастинг, одлична идеја и екранизација.
За бетмениве не се слагам, ако на некој заслужува да му биде вратен овој филм тогаш тоа е Тим Бартон, просто човеков е роден за филмов. Голема грешка направија самите продуценти кога сакаа да го направат пореален, бетмен нека си остане херој на децата и на сите оние кои се сеуште деца во душата, вака само направија да изгледаат глупаво. А што е уште полошо, особено глупо изгледаше и Кристијан Бејл кој мораше да го имитира Бетмен гласот во филм кој претендира да биде сериозна драма - трилер, да не зборам за изгледот на Two Face и особено не ми се допадна тоа што го сменија сценариото околу биографијата на ликовите пошто претходно си бев навикнат на стариот Бетмен серијал.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
За бетмениве не се слагам, ако на некој заслужува да му биде вратен овој филм тогаш тоа е Тим Бартон, просто човеков е роден за филмов. Голема грешка направија самите продуценти кога сакаа да го направат пореален, бетмен нека си остане херој на децата и на сите оние кои се сеуште деца во душата, вака само направија да изгледаат глупаво. А што е уште полошо, особено глупо изгледаше и Кристијан Бејл кој мораше да го имитира Бетмен гласот во филм кој претендира да биде сериозна драма - трилер, да не зборам за изгледот на Two Face и особено не ми се допадна тоа што го сменија сценариото околу биографијата на ликовите пошто претходно си бев навикнат на стариот Бетмен серијал.
Проблемот е што Тим Бартон имаше само еден добар Бетмен, првиот, понатаму се мизерни, тотално го уби филмот, за разлика од Супермен кој имаше одлични продолженија. Тим Бартон е виновник што почнаа нов prequal за Бетмен, пошто го донесе до степен никој да не сака да види продолжение...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Колку што ми е познато Тим Бартон има режирано два филма од Бетмен серијалот (89 та и 92 ра) после беше друг режисер, како и да е мене и овие филмови кои што ти ги нарекуваш мизерни ми беа по ок. отколку ова сега, барем имам убави впечатоци од нив додека сум бил дете. Можеби да ги гледам сега за прв пат можно е да имам поинакво мислење
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Да, продуцент е на Batman Forever. Мислам дека не очекуваат посериозни и помрачни филмови за стрип јунаци, посебно Бетмен. Малку ме нервира дуплирањето на исти приказни, а не се работи за римејк. Batman од 1989 е вистинската работа во секој случај...
 
За ова не знаев дека бил продуцент на првиот дел од новиот серијал, упс грешка не беше новиот серијал, од Бетмен бигинс е новиот серијал
 
AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.913
Поени од реакции
11.269
Абсолутно најдобар! и да, многу мрачен што ми се допадnа :)
Добро е имало и други што мислат дека The Dark Night не е најдобриот Бетмен. По мене исто така кецот од 89та е најдобриот Бетмен. Мрачна атмосфера, никој не се трудел да го прави многу реален, бетмобилот во овој и двојката е најдобриот дизајн до сега јбг филмот е според стрип правен нема што да се прави реален многу, ЗНАЧИТЕЛНО поатрактивни актерки отколку во најновиве два (особено во последниот тотално неатрактивна е главната актерка) и нема глупи менувања на гласот на Бетмен како да го слушам Диме од пулсирања :)))
Знам дека малце луѓе ќе се сложат со мене но тоа е мојот став кој верувам дека е издржан со причиниве што ги наведов.
Сега уште да го посочам и тоа што веројатно 99.9 проценти од членовите на форумов нема да се сложат некои ќе пробаат и ненормален да ме направат :D Но, според мене секоја чест за Хит Леџер солидно ја одглуми улогата на Џокерот но сепак сеуште по мене Џек Николсон е неповторлив. Убеден сум дека смртта на Хит неколкукратно повеќе има придонесено за огромната прашина што се крена за неговата глума и воопшто за филмов. Значи да е јасно како што кажав и погоре солидно ја одглуми улогата но не се сложувам со констатацијата на многу луѓе дека неговата улога била MASTERPIECE тоа беше само солидно одглумена улога. Зошто не се зборува воопшто за улогата на Џек Николсон како Џокерот? Не ја одглуми приближно добро како Хит? Не, подобро ја одглуми бидејќи ги содржеше сите елементи што треба да ги содржи Џокерот додека во интерпретацијата на Хит беше прикажана само психопатската страна на Џокерот.
Ајт доста беше отворен сум за дискусии и критики ;)

Заборавив да додадам само дека и вториот ќе ми се допаѓаше како првиот но премногу глуп ми беше противникот на Бетмен т.е пингвинот што го глумеше Де Вито. Поради него за 30 посто помалку ми се допаѓа вториот дел.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Јас сум еден од оние кои мислар дека Леџер го надмина Николсон во улогата на Џокерот. Се разбира, во новиот Бетмен Џокерот е помрачен тип, тежок психопат со изразена темна страна, бидејќи и филмот е таков, но сепак мора да се признае дека Леџер го направи филмот. Јас дури му дадов и 10-ка само затоа што бев воодушевен од улогата и од сцените на Џокерот. Why so serious... ќе остане еден од најзапамтените филмски цитати.

Николсон беше многу комичен Џокер, сцената кога го вади пиштолот со тоа цевката од 2 метри е урнебес :)

Едно видео за двете улоги:

Како и да е, како филм, Бетмен од 1989 е класика, тоа што спона за улогите е точно, перфект одбрани и одглумени. Финишот на првиот Бетмен е прекрасен со дуелот во центарот на градот, додека во новиот финишот е упропастен со таа глупавата машина за следење мобилни телефони...
 
За првото болдирано се согласувам, начинот на кој Нолан го поставил Џокерот, Хит Леџер го има одлично интерпретирано и да токму заради него цел филм е толку ценет.
Затоа моето мислење е дека Џокерот на Николсон е покомплетен бидејќи ги содржи и психопатското и опасното и што е најважно комичното бидејќи и самиот збор Џокер значи Шегаџија некој што прави глупости, смешки итн.

За второто болдирано... хахаха дефинитивно најџокерската сцена ever! Стално ме смее :)

За финишот на новиот имаш право со тоа за мобилните малце ја претераа, од што пореален да биде со ова малце скршнаа...
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Јас сум еден од оние кои мислар дека Леџер го надмина Николсон во улогата на Џокерот. Се разбира, во новиот Бетмен Џокерот е помрачен тип, тежок психопат со изразена темна страна, бидејќи и филмот е таков, но сепак мора да се признае дека Леџер го направи филмот. Јас дури му дадов и 10-ка само затоа што бев воодушевен од улогата и од сцените на Џокерот. Why so serious... ќе остане еден од најзапамтените филмски цитати.

Николсон беше многу комичен Џокер, сцената кога го вади пиштолот со тоа цевката од 2 метри е урнебес :)

Едно видео за двете улоги:

Како и да е, како филм, Бетмен од 1989 е класика, тоа што спона за улогите е точно, перфект одбрани и одглумени. Финишот на првиот Бетмен е прекрасен со дуелот во центарот на градот, додека во новиот финишот е упропастен со таа глупавата машина за следење мобилни телефони...
Доколку се занемари разликата во атмосферата кај двата филма и може да се каже дека Хит Леџер е подобар Џокер од Џек Николсон, но да се разбереме Хит Леџер во новиот Бетмен глуми апла психо, односно даден му е помрачен лик така да имал простор да експериментира повеќе. Доколку постариот бетмен не беше направен по теркот на стрип туку мрачен трилер, тогаш сигурен сум и дека Џек Николсон можеше да се снајде супер во таква улога, бар он е мајстор да одглуми психопата. Иако Хит Леџер е да речеме возвишуван од сите (не дека не е заслужено напротив човеков заслужуваше и оскар за неговата улога), сите ко да ја заборавија глумата на Џим Кери кој го играше Ридлер, тој не беше ништо подолу од Хит Леџер, ама пак никој не ја оцени таа улога ко улогата на неговиот живот. И криво ми е што тој нема да го игра Ридлер туку Џони Дип. Единствено што ми недостасуваше кај Џокерот беше нападното смеење кое е карактеристично за овој лик, а мислам никој не може да го долови подобро тоа од Џим Кери, иако го глумеше Ридлер мислам дека одлично би се снашол и во улогата на Џокерот, па дури и би бил подобар од Хит Леџер.

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Но, според мене секоја чест за Хит Леџер солидно ја одглуми улогата на Џокерот но сепак сеуште по мене Џек Николсон е неповторлив.
Сум чула дека Џек Николсон сам изјавил дека Хит Леџер го има надминато во глумењето на Џокерот.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.649
Поени од реакции
59.595
Сум чула дека Џек Николсон сам изјавил дека Хит Леџер го има надминато во глумењето на Џокерот.
Џек Николсон веднаш кога му соопштија (новинарите) за смртта на Хит Леџер изјави: „Го предупредив...“ . Имаше некои морони новинари кои се смееја на ова и ја упропастија искреноста на Џек Николсон.

Џек многу добро знаел за каков лик се работи и дека ако навлезе длабоко во него може да му се одрази, а Леџер навлезе многу длабоко. Се разбира не велам дека улогата на џокерот е причина за смртта но зголемената доза на апчиња секако оди во таква насока.

@AceCaleb, точно дека џокерот како лик е некој што прави глупости и смешки, ама имам прочитано една интересна работа: во стриповите за Бетмен од 1950-70 година Џокерот бил толку тежок психопат што убил над 1000 луѓе. После тоа направиле полесна верзија од него за да не изгледа Бетмен неспособен :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Џек Николсон веднаш кога му соопштија (новинарите) за смртта на Хит Леџер изјави: „Го предупредив...“ . Имаше некои морони новинари кои се смееја на ова и ја упропастија искреноста на Џек Николсон.

Џек многу добро знаел за каков лик се работи и дека ако навлезе длабоко во него може да му се одрази, а Леџер навлезе многу длабоко. Се разбира не велам дека улогата на џокерот е причина за смртта но зголемената доза на апчиња секако оди во таква насока.

@AceCaleb, точно дека џокерот како лик е некој што прави глупости и смешки, ама имам прочитано една интересна работа: во стриповите за Бетмен од 1950-70 година Џокерот бил толку тежок психопат што убил над 1000 луѓе. После тоа направиле полесна верзија од него за да не изгледа Бетмен неспособен :)
Но, вистината е тука некаде. Пријателите и колегите на Леџер после неговата смрт изјавија дека подготовката која што ја имал за Џокерот психички го исцрпила и го турнала во депресија, поради која морал да пие апчиња против депресија, а кои на крај беа главен причинител за неговата смрт.

Мене Џокерот на Леџер, повеќе ми се допаѓа од оној на Николсон. Помрачен е, а со тоа и остава поголем впечаток за антихерој во приказната. Леџер остави свој личен потпис во ликот, имено никој не рече овој го копира Николсон. Затоа што немаше простор, ова беше Џокерот на Леџер, и веројатно наредниот актер кој што ќе го глуми Џокерот ќе ја има најтешката задача бидејќи ќе мора да биде свој, ниту како Николсон, ниту како Леџер.

Што се однесува пак до загатнувачот. Кери беше одличен, но верувам дека и Џони ќе биде одличен загатнувач, мада јас и го замислувам повеќе како Џокерот.

--- надополнето ---

Frankie Yale напиша:
А факт е дека не е популарен колку некои глумци како на пример Бен Афлек, Бред Пит или Леонардо ДиКаприо а заслужува... Јас првпат го приметив во Score и од тогаш знаев дека е одличен глумец, има одиграно одлични улоги ама сепак не е толку познат колку што треба да биде... А за оскар, ќе го добие, Ал Пачино првпат доби во 92ра...
Бен Афлек не до толку познат актер, ама и овој публицитет што го добива е премногу за него. Веројатно е еден од најнеталентираните актери на денешницата. Бред Пит има се и со право си ја заслужува популарноста, Леонардо Ди Каприо е заљубен во блокбастери и така си турка полнејќи си го џебот со лесно. Мислам дека никогаш повторно нема да одглуми нешто тешко како Што го мачи Гилберт Грејп. А пази Нортон не можеш да го споредиш со ниеден од овие, си има своја специфичност и навистина посебен талент.

А и добра забелешка даде за Ал Пачино. Јас би рекла да таман на време го доби Оскарот човекот. Мада како минува време не го сметам веќе ни Оскарот како страшен показател за квалтитет, што би се рекло и без него се живее.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom