Јас сум еден од оние кои мислар дека Леџер го надмина Николсон во улогата на Џокерот. Се разбира, во новиот Бетмен Џокерот е помрачен тип, тежок психопат со изразена темна страна, бидејќи и филмот е таков, но сепак мора да се признае дека Леџер го направи филмот. Јас дури му дадов и 10-ка само затоа што бев воодушевен од улогата и од сцените на Џокерот. Why so serious... ќе остане еден од најзапамтените филмски цитати.
Николсон беше многу комичен Џокер, сцената кога го вади пиштолот со тоа цевката од 2 метри е урнебес
Едно видео за двете улоги:
Како и да е, како филм, Бетмен од 1989 е класика, тоа што спона за улогите е точно, перфект одбрани и одглумени. Финишот на првиот Бетмен е прекрасен со дуелот во центарот на градот, додека во новиот финишот е упропастен со таа глупавата машина за следење мобилни телефони...