Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

T

Tetro

Гостин
Фала на сите за препораките. (сеуште неам зеленки у пм)

Ај брз одговор.

Дали да се симне The king's speech од zamunda, скринер има само ми се чини.

(ако не смее вакви прашања, модератори бришете и одговорете ми преку ПП)
Го симнав, има убава слика за на PC. :)
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.159
Поени од реакции
5.933
Последен го гледав Hostel интересен филм ви го препорачувам на сите

Тројца другари шетат низ светот и во Амстердам еден тип ќе им препорача да одат у Словачка, и там почнува забавата или пеколо как сакате :)
Нема да зажалате ак го слегнате, интересно филмче од мене има 8/10.
Ја овој филм ни на најголемите непријатели не би им го препорачал, а не па на нормални луѓе. Ваква бљувотина ретко се среќава... Едино слушам србиве со "Српски филм" успеале да го надминат "филмов".

Т.е, би им го препорачал да ја гледаат само првата половина од филмот. Втората - :nenene:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.645
Поени од реакции
59.586
Ја овој филм ни на најголемите непријатели не би им го препорачал, а не па на нормални луѓе. Ваква бљувотина ретко се среќава... Едино слушам србиве со "Српски филм" успеале да го надминат "филмов".

Т.е, би им го препорачал да ја гледаат само првата половина од филмот. Втората - :nenene:
Првата е супер само не е хорор, авантура/романса/тинејџ... :)
Инаку и овие со римејот на I Spit on Your Grave изгледа го надминаа и заминаа Hostel.

И што реков јас за репликите во Последен гледан филм, хмм? :star:
 
T

Tetro

Гостин
Инаку и овие со римејот на I Spit on Your Grave изгледа го надминаа и заминаа Hostel.
Без да проверам дека има стар, го гледав римејкот, значи. :kesa:
Мене не ми се допадна многу, му закачив едно двојче, само поради иновативноста во некои сцени. :)
 

gODHEAD

Crucified
Член од
6 декември 2007
Мислења
1.827
Поени од реакции
1.163
Ја овој филм ни на најголемите непријатели не би им го препорачал, а не па на нормални луѓе. Ваква бљувотина ретко се среќава... Едино слушам србиве со "Српски филм" успеале да го надминат "филмов".
А богами и овија го надминале
"The Human Centipede" :icon_neut
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.376
Поени од реакции
4.918
^ Мене the human centipede ми беше погнасен, дури повраќав од филмот :kesa:..иначе и српски филм ти е болна работа :smir:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.645
Поени од реакции
59.586
Без да проверам дека има стар, го гледав римејкот, значи. :kesa:
Мене не ми се допадна многу, му закачив едно двојче, само поради иновативноста во некои сцени. :)
Пишав јас дека имам грижа на совест што го изгледав... Хостел е подобар во секој случај, има релаксирана прва половина, наеднаш твист кон хорор и понатаму е тоа што е, ама и да премоташ малку од сцените пак се гледа, како лајт верзија :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.327
Поени од реакции
15.584
Office Space (1999)
Прегледај го приврзокот 40037

Е ова е веќе нешто! Филмов своевремено доживеал крах на бокс-офисот, не заработувал пари, но си задржал своја база на фанови и понатаму по излегувањето на ДВД издание се шири со прекажување: [Пссс, да ти кажам нешто, има едно филмче кое мора да го изгледаш, прекажи на пријател...]. Да не речам типичен форумски филм. Паметна комедија која ги критикува големите корпорации кои заработуваат на грбот на вработените. Способни работници и идиоти шефови, бирократија, алчност и сите оние убави работи на денешното општество.

Питер, Мајкл и Самир работаат за една таква компанија. Сместени во т.н. „коцки“, зад своите компјутери, секојдневно малтретирани и омаловажувани од своите шефови, уплашени за своите работни места, нивното секојдневие е напорно, монотоно и депресивно. Еден убав ден Питер заклучува дека секој нареден ден му е полош од предходниот, и дека баш тој ден е најлошиот ден од неговиот живот. Заклучува дека бил посреќен кога не работел, и според тоа, нема повеќе да работи, ќе се појавува на работа кога сака и нема да се грижи за ништо. Овој план ќе му го промени животот нему, но и на неговите пријатели...

Како што реков, ова е паметна комедија, нешто како Invention of Lying но со малку поинаков хумор и многу различна тема. Не е од оние филмови на кои ќе се смеете на глупости. Сцените со лигавиот шеф на Питер, неговиот комшија, типот што пелтечи... се прајслес. Хејтањето на Мајкл Болтон низ целиот филм исто така :) Сцените пак кога Рон зборува со „консултантите“ кои отпуштаат работници и сцената на сликата се оние кои ќе се паметат од филмот.

За почитувачите на ликот и делото на Џенифер Анистон, и таа е во филмот, иако не во премногу сцени. И таа има лигав шеф, се разбира.

Убав филм во кој сигурно можат да се препознаат многу луѓе кои работат или некогаш во животот работеле за слични компании. и убава сатира воедно.

Топло го препорачувам. 8/10
На препорака на Красулка, го изгледав и јас филмов пред некој месец, приказната е одлична, хуморот не. Можеби затоа што имам високи критериуми кога станува збор за хуморот, па затоа не ми се допадна многу од тој аспект, но во целина е добро филмче, иако е од 1999, some things never changes.
 

Вондерфул

Chemical love
Член од
2 јуни 2008
Мислења
251
Поени од реакции
157
Let the Right One In (2008)



Кој го препорача да се јави да го честам зелено, пошто не можам да го најдам постот кај беше. Баш ми се гледаше нешто „нестандардно“ и го изгледав овој шведски филм кој ме изненади пријатно. На IMDB е означен како drama/fantasy/mystery ама сепак тука фали и едно horror.

Оскар е 12 годишно дете на кое не му посветуваат доволно внимание дома а во школо е постојано малтретиран од неговите соученици. Ова ќе се смени кога во неговата зграда ќе се всели Ели, 12 годишно девојче со кое станува пријател. За содржината нема да пишувам повеќе а не препорачувам ни влез на IMDB затоа што е подобро да не знаете никакви детали и да ве изненадат некои сцени.

Ме изненади начинот на кој е направен овој филм кој цело време е во ладна атмосфера во која единствена топлина внесуваат емоциите на главните актери. Ефектите се одлични а филмот не е налик на холивудските хорори пред се затоа што има побавни сцени со кои се доловува тензијата (карактеристично пак за постарите хорори).

Да кажам уште и дека филмот е на шведски јазик а можете да го симнете оригиналот или пак синхронизирана верзија на англиски. Јас го гледав оригиналот со англиски превод, затоа што во коментарите пишуваше дека англиската синхронизација е многу лоша.

Филмот има освоено 60 награди и уште 17 номинации на фестивали.

8/10 и препорака.

P.S. Psyside, you might want to check this out!
Го гледав филмов и не сум баш фасцинирана. Има некоја просечна оценка од мене, најмногу заради невиноста и искреноста на детето, сите обични работи во училиштето и суровоста на другите деца и начинот на кој тој го сфаќа она шо се случува. Ок, то веројатно е и една од главните идеи во филмот, ама вампирскиот дел некако не ми е нешто посебно.
Ама ок, да не мрчам, не сакам вампирски филмови општо па затоа :)
 
Член од
5 декември 2009
Мислења
439
Поени од реакции
66

Messages deleted (2009) - Прекрасна трилер мистерија, мискобуџетен, малку познат филм кој не е блокбастер но во секој случај ќе им се допадне на љубителите на жанрот.Сценариото е на Larry Cohen кој е сценарист на Cellular,Captivity,Phone booth, ако ви се допаднале овие филмови ќе ви се допадне и овој. Еден професор кој е неуспешен сценарист на филмови добива телефонски порака од непознато лице кое ко моли да му одговори зашто ќе биде убиено. Професорот ја бриши пораката мислејќи дека е невкусна шега но набрзо наидува на истото лице но овојпат мртво....
Филмот има иновативен начин на пишување на сценарио, класичен проблем-погоди кој е убиецот. Се до последните 3 секунди нема да погодите.
Моја оцена 8/10
IМDB 4.7/10
Јас шо се излажав се излажав.
Немој некој друг да се излажал.

Откако прочитав дека е од сценаристите на Cellular и Phone booth , два филма кои мене стварно ме бендисаја си реков и овај ќе биде добар.
Се излажав...
Филмов е далеку од добар. Кој е убиецот се дознава на средина од филмот. Глумата мене ептен ми беше ужасна. Филмот на IMDB има реална отценка и јас толку му давам.
Почетоко ми се допадна, ама после како се одвиваја настаните воопшто не ми се допадна. И крајо беше ептен глуп.

Јас не би го гледал ако го немам гледано !
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Јас шо се излажав се излажав.
Немој некој друг да се излажал.

Откако прочитав дека е од сценаристите на Cellular и Phone booth , два филма кои мене стварно ме бендисаја си реков и овај ќе биде добар.
Се излажав...
Филмов е далеку од добар. Кој е убиецот се дознава на средина од филмот. Глумата мене ептен ми беше ужасна. Филмот на IMDB има реална отценка и јас толку му давам.
Почетоко ми се допадна, ама после како се одвиваја настаните воопшто не ми се допадна. И крајо беше ептен глуп.

Јас не би го гледал ако го немам гледано !
Само што прочитав дека Cellualar е од истиот одма му пишувам икс. Башка па и насловов, изгледа типов обожава да прави филмови што се поврзани со телефони. Cellular е еден од најлошите филмови што ги имам гледано. А и овој другиов ќе да е ист тип.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.645
Поени од реакции
59.586
Само што прочитав дека Cellualar е од истиот одма му пишувам икс. Башка па и насловов, изгледа типов обожава да прави филмови што се поврзани со телефони. Cellular е еден од најлошите филмови што ги имам гледано. А и овој другиов ќе да е ист тип.
Другиот е далеку подобар, малку клаустрофобичен како Buried, добро филмче е.
Cellular е брканица со коли, ѓоа акција, нот а гуд филм...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.443
Поени од реакции
6.116
phone booth е класа филмче :) не вреди да е во иста реченица со просечно просечниот cellular.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom