Звер е Маја! Најјакото, се превртев на муабетот за Деми Мур и СкарлетКога веќе и за изглед на актер(к)и може да си коментираме ...
Бред Пит, Џони Деп, Џорџ Клуни и остала багра на признаени фраери ... Не ми се ништо посебно. Не гледам ништо секси во нив. Извештачени ми се, насила ги прават секси ко демек.
Уствари, сите можат вода да му носат на Шон Конери. Е, тој е правата ствар!
Поим ми е за шарм и харизма, воедно убав и секси. Кое лице го имал човекот ко помлад, очите и погледот, да си паднеш во несвест.
Мет Дејмон не само што не ми е убав, накај одвратен ми оди.
Џоли има неверојатно убаво лице, али телото да и го поврзеш со зборот згодно, е просто глупаво.
Деми Мур и Скарлет Јохансон, не ми е јасно како си го добиле тој епитетот секс симбол.
Шерон Стоун ги шие сите денешни лепотици во сексапил.
Покрај Ерик Бана во Троја, не ни приметив дека Бред Пит бил Ахил.
Орландо Блум е толку преценет во лепотата, тоа е чудо.
Едвард Нортон не ми е нешто убав, али ми е ужасно секси. Не ја знам причината.
Не си многу далеку од вистината. А да, и за Моника Белучи имаше една пишано не и било јасно од каде ја сметале за убаваДеми Мур за Скарлет Јохансон е Моника Белучи.
Ако оваа вторава е секс симбол ондак и јас сум.
Слаб билдап, уште потапа климакс, за на крај да е малку и смешен начинот на кој заврши. Бледа копија на American History XJas ne go spomnav a go oceniv visoko, 4/5, mainly poso bese poise ko nepopularno mislenje. Eve I @Iceboy go ishejta u konverzacija.
Mene premnogu mi se dopadna I se soglasuvam so se napisano. Ako mu posvetis vnimanie, ko so se glea film, filmot e tenzicen I vpiva.
Ovoj e filmot od koj Harry Potter konecno mi se oddeli od taa uloga I go gledam ko akter, pred toa Kill your darlings ili toj Horns ne me ubedija neso.
Zaso Pets los? Ej mu se tokmav.
УууууууаааааСлаб билдап, уште потапа климакс, за на крај да е малку и смешен начинот на кој заврши. Бледа копија на American History X
Атмосферата ми се свиѓаше, тоа да, ФБИ тотално небитно во целава ситуација, Даниел го возеше филмот добро, време е да излезе од таа Хари Потер сенка што го прати. Крајот исто предвидлив, ама ова и не е толку чудно со оглед на фактот дека е сепак по вистинска приказна. Едвај го пратев на моменти, како да сакаше да балансира помеѓу разговори на високо ниво, додека во исто време претставува неонацисти, скинхедси, водител на шоу, ККК и што уште не.
4/10, ни просечен не ми беше.
Во таква една ера на критичари, кога секое едно парче видео е подлежно на дисекција и оценување, јас не можам да прифатам толкав еден голем процент на луѓе, толку високи заработки на текстбук успешни филмови да биде се сведено готови фан групи кои џвакаат сешто и ништо не им смета. Не збориме за 200 луѓе шо пратат Doctor Who. Значи толку години овие филмови се со се поголема и поголема заработка. Мислам дека е сосема фер барем еднаш да се земе во обѕир дека можеби, и само можеби - филмовите се навистина добри? Такви големи бројки не така лесно се манипулираат. Мене ако ми е срање, зашо би го гледал следниот реално ама... зошто не ми се гледани со Гарфилд сите Спајдермени ако со аверзија и гадење гледам на секоја критика за суперхеројските филмови? Башка готови фан групи... е арогантно да се напише, колку само од фановите станаа фанови после филмовите, после се изгикаа.@wot
Суперхеројското кино е поджанр на жанровите кои ги имаш спомнато горе, располага со готови платформи и готови фан групи па со тоа е несоодветно за споредба со било што друго, вакви примери нема на друго место.
Кога имаш вакви фан групи кои едвај чекаат да излезе следниот ретардиран суперхеројски филм, повеќето не ги интересира дали сценаристот ќе напише сторија која ќе го овековечи херојот, него колку ќе му свети фустанот и колку експлозии ќе има.
Нема веќе rated R, нема емоционален билд ап, нема комплексни дијалози, нема брутални графики... само еден куп репетитивен шит кој ти го рекламираат се додека не те загушат и напраат зомби за да ги купиш влезниците, комикот и двд-то.
И вака ќе праат уште многу време, пошто лесно манипулираат со нивните фан групи кои џвакаат се и сешто и ништо не им смета, и се им е најдобро или пак "поарно ова него ништо".
Од ова единствен ефект е што стануваат робови на сопствениот идентитет, па со аверзија и гадење гледаат на секаква критика... мислат дека некој услуга им праи со тоа што им ги екранизира хероите од детството без разлика на начинот и квалитетот со кој се екранизира истово.
Тоа е едно доста депресивно стојалиште, ултимативно на штета на самото кино во кое и јас уживам(в).
Филмовите може се добри за да си грицкаш семки и пуканици, ама на тоа ако остане една платформа како Бетмен пример, тогаш најверојатно не вреди да дебатираме.Мислам дека е сосема фер барем еднаш да се земе во обѕир дека можеби, и само можеби - филмовите се навистина добри? Такви големи бројки не така лесно се манипулираат. Мене ако ми е срање, зашо би го гледал следниот реално ама... зошто не ми се гледани со Гарфилд сите Спајдермени ако со аверзија и гадење гледам на секоја критика за суперхеројските филмови? Башка готови фан групи... е арогантно да се напише, колку само од фановите станаа фанови после филмовите, после се изгикаа.
Не гледам која ти е референтна точка, кога беа овие филмови успешни, Спајдермен со Тоби или првиот Хулк? Тогаш киното од тој аспект беше го достигнал врвот? Како мислиш нема брутални графики кога моментално максимумот на таа технологија е фокусирана таму. Освен rated R шо скоро веќе не е и оправдан бидејќи е само language censorship, морам да се расправам за емоционален билдап и комплексни дијалози - бидејќи како што реков ова се ликови и приказни што се градат веќе 5-6 години. Затоа Civil War e јак филм, заради Captain Rogers и Stark, ради пријателство растргнато од морал и различни вредности, не можеш ти у еден филм да ја доловиш мотивацијата и внатрешната борба, таков character arc веќе нема у новиве филмови, што е навистина тажно.
Оваа свежина и различност го заслужува фокусот моментално што го ужива. Ама тие филмови не се виновни што не постојат квалитетни филмови и вината треба да ја бараш на друго место. Бидејќи слободно може да коегзистираат. Овие се големи студија кои примарната цел им се пари, и за промена барем почнаа да нудат некаков квалитет, бидејќи такви студија и блокбастери од секогаш постојат - а верувам и ќе постојат. Да не Warner Brothers и Marvel ќе снимаа филмови како Mulholland Dr.? Мислиш ја не би гледал некој си како... Silence of the Lambs рецимо, со билдап, со емоции, со дијалози, со се? Па и 91ва имаше Teenage Mutant Ninja Turtles. Оти постои Silence? Oти сега немаме филмови како него? Еве кога сме кај нив, зошто новите TNMT се колосални фејлови? Зарем не пораснавме сите со нив? Еве ти суперхеројска стрипска адаптација која според тебе треба да функционира и да биде слепо прифатена и слепо бранета. Ама се флопови. Ебате готовите фан групи ебате. Дај ми факти, бројки, филмови. Не можеш да кажеш овие филмови се штета на киното во кое уживавме само со зашеќерени зборчиња, без каузалност.
Кааааааааако бе, па Бартон скоро и го уништи бетмен. Како ти се тие класика, заради времето коа се правени? Не се ни споредува со Нолан. Ако укапирав или не ти се гледани (што мораш подитно) или ти се првите подобри. Исто и Икс Мен, како може првите да ти се подобри од новите, First Class само e подобар од сите стари. Овие филмови на кои се повикуваш се само основа за тоа што го имаме денес. Успоредено се fucking amateur hour. И можеби како помал си уживал или носталгично приступуваш, ама не може да ги хејташ моменталните суперхеројски а да го пишуваш тоа што го напиша.Самиот факт што овие бљувотини од CGI филмови со суперхерои добиваат оценки што се рамо до рамо со најголемите филмски класици, доволно говори за тоа колку беден е моментално Холивуд... додуша тука огромна разлика прават и публиката кое секојпат успешно го соџвакува тоа и им носат профит на Марвеловци и ДЦ комикси.
Е сега да не ме разберат погрешно некои членови тука (њотомир), и јас имам изгледано милиони филмови со суперхерои... Првите два Бетмени на Бартон се класика, баш она што очекуваш од таков филм, истотака и првите два Икс Мена каде целиот филм повеќе се одвива на длабочината на приказната одколку на CGI ефектите. Сум го гледал и Спајдермен, Хулк, новите Икс Мена али не ми правеа мерак.
Али последниве ај да речам 5-6 години, излегоа такви бљувотини од филмови од овој поджарн, значи класични кешгреб срања. Авенџерс, Ајрон Мен, новите Спајдермен (дефиниција за кешгреб), Тор, Дедпул... овој последниов што го пишав ако не е најхајпнатиот филм во последниве 5-6 години значи еве незнам. Какво срање од филм, пола од филмот се базира на амерички досетки на ниво на дете од 5 години, и наеднаш ми има 8.1 оценка на ИМДБ рамо до рамо со V for Vendetta, Gone With The Wind, Life Of Brian и Ben Hur.... незнам, немам зборови.
Тие во кината може да заработуваат колку што сакаат, тоа не ги прави квалитетни филмовите... ФАКТ!!! Истово срање очекувам да биде и од Suicide Squad, тој веќе рушеше рекорди во кино салите последниве 2-3 недели, ама сигурно ќе биде исто срање како и погоре филмовиве што ги набројав...
Ништо не ни преостанува нам, освен да чекаме овој мизерен тренд да помине и да дојдат некои подобри времиња каде што ќе се прават колку-толку подобри филмови од овие Бум, Краш, Хехехе, рататата бљувотини.
Морам да си проверам фактите, бидејќи новиот е во минус како што знам, а првиот заработи нешто над 20 милиони над буџетот бидејќи уште никој не знаеше што да очекува. Иако не е тоа поентата, сепак е многу далеку од тоа што го збориме, не може БЛОКБКАСТЕР наменет за пари и кино да е на 25то место според заработка и успешност у конкретната година. Та нели готови фан групи слепо ќе го бустаат. Што се деси со Green Lantern, so новиот Fantastic Four? Смешно е дури да ги спомнам. Овие филмови се баш тоа што ти го опишуваш, ефтино грабање пари и заслужуваат се што напиша лошо за денешниве блокбастери, ама богохулие е еден Fantastic Four и TNMT да ги ставиш во реченица со првиот или третиот Ајронмен, во иста реченица со Civil War. Слепо џвакање од фановите никад нема да има, не у ваква ера на критичари.Филмовите може се добри за да си грицкаш семки и пуканици, ама на тоа ако остане една платформа како Бетмен пример, тогаш најверојатно не вреди да дебатираме.
Да упропастиш толкави масивни платформи за да испорачаш "popcorn cinema" е шамар во лице на секоја публика.
Вакви во добар дел се скорешните франшизи/сиквели на Х-Meн, Авенџерс, Captain Аmеrica, Iron Man, TMNT итн.. репетитивни продукти некои нешто посредени, некои епски катастрофи.... ама overrall се гледа стагнацијата, што заради немоќ и некреативност на сценаристите и студијата, што заради зомбифицираноста на пазарот кој нема стандард и голта се.
TMNT фејлови? Филмовиве како апсолутни ужаси знаеш колку заработија? Првиот четири пати повеќе од буџетот, вториот дупло. Ова ти е апсолутен показател за состојбава. Флоп може е по форуми, имдб и слични вебсајтови, што е небитно за продукциските куќи, тие ќе си праат продолженија и даље има кој да купува влезници.
И не гледам дека некој ќе се потруди да создаде нешто покреативно и поразлично иако низ послдниве 10 години имаше дигање на стандардите по малце со Бетмените на Нолан, Watchmen, Vendetta, лани и годинава може GOTG и Deadpool ... ама ова се депресивни бројки во споредба со колку материјал беше екранизиран од двата "универзума".
Како бе Бартон за малце ќе го уништел Бетмен ? Човекот е заслужен што го прикажа лилјакот во едно ново помрачно светло, успеа да се отргне од оној Бетмен од 60-тите со Адам Вест. Дај ти се молам, напротив Шумахер за малце ќе го доотепаше лилјакот со оној филм од 1997 со Клуни. За Нолан немам зборови, супер си ги одработи трите дела од 2005 па навака.Кааааааааако бе, па Бартон скоро и го уништи бетмен. Како ти се тие класика, заради времето коа се правени? Не се ни споредува со Нолан. Ако укапирав или не ти се гледани (што мораш подитно) или ти се првите подобри. Исто и Икс Мен, како може првите да ти се подобри од новите, First Class само e подобар од сите стари. Овие филмови на кои се повикуваш се само основа за тоа што го имаме денес. Успоредено се fucking amateur hour. И можеби како помал си уживал или носталгично приступуваш, ама не може да ги хејташ моменталните суперхеројски а да го пишуваш тоа што го напиша.
За оцени не збориме, многу фактори влијаат во нивното формирање, други времиња, други пари, све е друго.
Deadpool ќе се осудиш да го наречеш голем студиски проект за грабање пари? Знаеш колку години се влечеше по фиоки дур го напраат? Му го знаеш буџетот? Знаеш колкава душа има у филмот, знаеш дека Рајан Рејлнолдс од свој џеб ги има платено wрајтерите (just roll with it)? И фората е што сите на кои им е познат Дедпул ги очекуваа тие ретардирани шеги. Бидејќи тоа е всушност Дедпул. И сега кога се покажа добар кон фановите следниот со повеќе буџет ќе има повеќе простор за поквалитетни шеги, ефекти, све што му е потребно на еден блокбастер. Бидејќи се тоа така функционира.
П.С мора само да ја признаам Catwoman, можеби ќе остане најдобрата нејзина екранизација