Конечно добив прилика да го гледам Warcraft и тоа што го очекував тоа и го добив.
Приказната нема врска со играта, освен порталот и ликовите другото е се различно. Слушнале дека постојат орки и луѓе, дознале дека има портал и како бил создаден и направиле филм. Премногу убрзано, рипање време од историјата, менување на голем дел од приказната на нивен начин и нема никаков увод за тоа кој биле орките пред порталот, а кој биле луѓето. За да ја довеле добро приказната морале овој дел приказната ,,First War,, ( поима немам дали заврши овој дел или уште трае, бидејќи е сосема различно ) да ја направат во два дела. Така ќе можеле да направат подобар увод, немаше да има рипање на делови од приказната и немаше да ја сменат толку целосно.
На голем дел на карактерите кај луѓето не им одговарат актерите, сосема промашени улоги и како да не припаѓаа во овој жанр. Музика немаше никаква, а и немаше ни кај да ја бутнат поради тоа што беше се убрзано.
Единствена работа што ми се допадна е како ги изградиле орките, околината и позадината на филмот. Се гледа дека посветиле големо внимание на овој дел.
За сега филмот го вадат Кина и Европа, во УСА доживува дебакл. Па ништо чудно и да не видиме повеќе продолженија на оваа сага.