Национална класа се вика филмот кај што е тркач, а главниот лик кој го глуми Гага Николиќ е Брана Флојд. И песната на Дадо Топиќ му додава посебен шмек на филмот.
Цел ден сум избедиран. Омилен глумец ми беше од таа стара гарда на глумци. Израснав прво со „Отпишани“ (ја знам скоро секоја негова реплика пошто ја имам гледано серијата едно 100х пати), па „Балкан Експрес“, гореспоменатиот „Национална класа“, „Последњи круг у Монци“, „Ни на небу ни на земљи“ и многу други. Увек некако се издвајаше од другите. Прав господин, шмекер, а како таков ќе остане и запаметен. Кога доби награда од СД Црвена звезда, како верен навијач, изјави „мени ову награду за верност може само Звезда да додели, нема шансе да је добијем од жене“.
И баш пред некој ден налетав на едно негово постаро интервју и се запрашав што се дешава со него, пошто знам дека имаше здравствени проблеми уште од поодамна и долго време го немаше у јавност. И ете...
Урке, нека ти е вечна слава