Го гледав и останав жив. Само за тоа и за "Love Me Like You Do" му дадов 2/10. Твајлајт мене барем ми беше неколку нивоа подобар, што можеби и се должи на тоа што кога го гледав бев позелен.
Инаку, I've done some research : всушност многу филмови биле номинирани/освојувачи на Оскар, а истовремено и номинирани/освојувачи на малина (меѓу нив и The Godfather Part III). Но само 12 номинирани за најлош филм биле номинирани и во некоја оскаровска категорија истата година:
-Annie (1982)
-Armageddon (1998)
-The Bodyguard (1992)
-Cliffhanger (1993)
-Endless Love (1981)
-The Formula (1980)
-Heaven's Gate (1980)
-The Lone Ranger (2013)
-Norbit (2007)
-Pearl Harbor (2001)
-Rambo: Part II (1985)
-Star Wars: Episode I - The Phantom Menace (1999)
Е сега, молба до вас што сте у тек да ме уптатите од кои понови филмови што вредат за гледање има торенти да ги симнувам и гледам. @wot@Zlatikevichius@Shawn Spencer@џимеј@grande-juve@Erich Zann You are my cup of tea, нема филм што сте ми предложиле а да не ми се свиѓал, добро освен Boyhood на њот
И да, веќе не давам оцени на филмови, поедноставен ми е животот.
<3
Пишав на летербокс ќе пишам и тука.
The Hateful Eight - мераци. Потребна е голема мајсторија да се направи филм што ќе ви го задржи вниманието цели 160 минути. Тарантино, царе, длабоки наклони.
Пишав на летербокс ќе пишам и тука.
The Hateful Eight - мераци. Потребна е голема мајсторија да се направи филм што ќе ви го задржи вниманието цели 160 минути. Тарантино, царе, длабоки наклони.
Сега ѕирнав оцените на ИМДБ, Џанго пред 3 години ко сум го гледал сум му ставил 9ка, а да го гледам сега сигурно ќе му падне на 8ца. The hateful eight - чиста десетка и покрај малите пропусти во кастингот.
If I stay. (или „саат и 40 минути се двоумам дали да скинам конци или не“)
Беспотребно потрошено време за филм полн со мелодрама и клишеа. Се работи за една талентирана цура Мија, израсната во музикално семејство, живее лесен (и по мене крајно размазен) живот, наоѓа дечко и после тоа веднаш сцената се пренесува во период кога целото семејство доживува сообраќајка и нашата „хероина“ доживува кома. Оттаму почињаат некои чудни его трипови да ја нафаќаат во филмот претставени као демек спомени на убаво време,
па тука не` шета во времето коа покрај нејзиното рокерско семејство она решава да свири чело, па згодите и незгодите со дечкото, па апликации за Џулијар, па ме-примиле, не-ме-примиле, јаоо драми long distance relationshit ствари, караници недоразбирања.... со еден збор - spoiled brats.
Мислам хеј 21 век сме, као бабите можеле у 19ти да се пишуваат со нашите дедовци, да држат врска а овие раскурцана генерација не може. Башка се учиш на компромиси, мислам... Што да расправам, клише до клише работава.
Long story short - сите од фамилијата гинат постепено, прво татко па мајка па син,
па оваа пошо у кома а све гледа (од оние шик лит срања што искачаат у М-Експрес) демек губи воља за живот понатака и прашање е на моменти она дали ќе оди у рајот.
Крајна препорака е, не си го губете времето со овој филм. Предолг е, можеше комотно да се скрати на 45 минутна документарка од некоја од оние fox crime/life ријалити срања, ако ви е до толку за трагични филмови, "Remember me" e светлосни години понапред од овој и во глума (покрај вампир фегетон) и во прикаска.
Ајт толку од мене.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.