Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Гледајте го Hereafter ако ви се свиѓал Бабел :)
 
W

wicked_1

Гостин
4 филма според мене го дефинираат Инариту - 24 Grams, Amores Perros, Babel и Biutiful.

Другото горе доле е selling cinema, се надевам дека ќе се врати на мулти-линеарната/паралелна нарација и обработка на човекови емоции.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Гледајте го Hereafter ако ви се свиѓал Бабел :)
Мене прелош ми беше Hereafter, ако не и еден од најлошите на Иствуд.

Steve Jobs (y)

Фасбендер развали, многу поубаво уживање и конечно добро интерпретирање на приказната по дебаклот со Кучер.

Сериозен кандидат за адаптирано сценарио!
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909

Фасбендер е сериозно потценет, прв пат го забележав во Shame а потоа се трудам колку што можам да гледам филмови со него.

Инаку во Jobs супер се и споредните улоги.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Фасбендер е сериозно потценет, прв пат го забележав во Shame а потоа се трудам колку што можам да гледам филмови со него.

Инаку во Jobs супер се и споредните улоги.
Dobro de, slicna tematika e, ne rekov deka X e bolje od Y :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
- Мет Дејмон не те прави да ти е гајле дали ќе биде спасен или не, толку може ликот :icon_lol: (за Брус Вилис се секираш)
- Филмот е премногу долг и во него не се случува нешто приближно до пресврт. (Екипажот во Армагедон има 10 препреки)
- Диско музиката и шегите околу неа, lazy (во Армагедон батињата ја пееја leaving on a jet plane):icon_mrgr:
- Предвидлив од почеток до крај, нема нешто што не знаеш дали ќе се случи. (Во Армагедон единствено не се надеваш на плачење, а се случува)
- Сите наоѓаат решенија во првите 2 минути откога ќе им настане проблемот. :icon_mrgr:
- Ликовите се кој од кој погрешен, најмногу мискастингот на Џеф Даниелс директорот на наса :facepalm:
Од нигде никаде се појавуваат црнци математичари, кинези со воени тајни, ликови фрлени онака од ракав, а најтрагично беше кога се собираше цел свет да го гледа спасувањето :pos:
Шон Бин е тотално неискористен, подобро да земеле некое дете од улица, ќе заштеделе на буџет.
- Сценариото е лошо и ги има сите можни клишеа на светот, не е нешто ново и затоа филмот личи како да е „веќе виден".
Неможе и да ја изедеш и да ја имаш тортата, од една страна викаш дека филмот е премногу долг од друга дека се некако се случува набрзина и се решаваат проблемите. Сепак веројатно поради тоа што ја читав книгата мене работите ми беа појасни и решавањето на проблемите ми беше појасно иако се сложувам со забелешката за решавањето на проблемите за неколку секунди. Само еден пример тој посвети многу време во решавањето на проблемите со садањето на компири во хабот настан кој во филмот е прикажан во неколку минути забрзано дејство без зборење.

За кастингот се сложувам за Шон Бин бидејќи тој лик реално беше прикажан катасторфално.

И никако не ми е јасно зошто најдраматичната сцена од книгата воопшто ја нема во филмот, сигурен сум дека тоа ќе му додадеше еден одличен елемент на пресврт што ти недостига.[DOUBLEPOST=1452434143][/DOUBLEPOST]
Dobro de, slicna tematika e, ne rekov deka X e bolje od Y :)
?
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Неможе и да ја изедеш и да ја имаш тортата, од една страна викаш дека филмот е премногу долг од друга дека се некако се случува набрзина и се решаваат проблемите. Сепак веројатно поради тоа што ја читав книгата мене работите ми беа појасни и решавањето на проблемите ми беше појасно иако се сложувам со забелешката за решавањето на проблемите за неколку секунди. Само еден пример тој посвети многу време во решавањето на проблемите со садањето на компири во хабот настан кој во филмот е прикажан во неколку минути забрзано дејство без зборење.

За кастингот се сложувам за Шон Бин бидејќи тој лик реално беше прикажан катасторфално.

И никако не ми е јасно зошто најдраматичната сцена од книгата воопшто ја нема во филмот, сигурен сум дека тоа ќе му додадеше еден одличен елемент на пресврт што ти недостига.[DOUBLEPOST=1452434143][/DOUBLEPOST]
?
Грешен член цитирав од телефон бев :)
 
H

HoT IcE

Гостин
Одамна немам влезено на темава мајку му, се изначитав ама ве стигнав!
Вака сега, од поновиве у последно време ги гледав Sicario, The Martian, The Lobster, Youth и не сум баш импресиониран со оглед дека имав многу поголеми очеквуања особено за The Lobster.
Затоа ќе почнам од него, The Lobster ми беше многу хајпнат филм уште кога се појави поради приказната и Колин Фарел ама освен првата средина од филмот дур беше у хотелот во остатокот се изгубив и стана куршлус по шумата. За да не навлегувам во приказната на филмот ради спојлери значи сфатив што сака пренесе филмов ама предолг и искомплициран, можело поедноставно да се представи ама пошто немам гледан други филмови од режисеров ваљда ова му е стилот, претпоставувам. Колин одлично изглуми и таа женската од Youth, така втор филм што го фатив со неа у последно време и ептен ми стана симпатична. Ми се свиѓаше целата атмосфера, тон, сетингот на филмот, беше таков мрачен, депресивен, те влече да го гледаш дури и кога не го сфаќаш. Многу пажња е посветена на детали и тоа исто ми се допадна ама пак ќе речам, ме замори вториот дел, ме изгуби и затоа ми се изгуби сензацијата од филмот ко добар.
Втор на листа ми е The Martian. Сите околу мене го хајпаа, ко демек нов Интерстелар, милион такви постови имаше и на форумов. Ама не сфаќам како филмчево може да се споредува со Интерстелар освен што се и двата у вселена, ова е филм за преживување, Интерстелар е визионерски филм, и е богохулие да се стави The Martian у иста реченица со мастерпис како Интерстелар. И да не се разбереме погрешно, не дека го хејтам ја Марсовецов, ама како филм за преживување ми беше ептен несериозен и исфорсирани шали од Мет Дејмон, цел филм, ја руши целата атмосфера на филмот. Лошо е кога ќе гледаш филм за преживување и очекуваш кризи на идентитет, филозофски прашања за живот и постоење а добиваш Мет Дејмон со исфорсиран хумор и реплики што буквално се толку клише и вон место што ти се иде да го изгасиш филмов. Ама добро, го изгледав, и ми беше апла досадно затоа што трае подолго и можело да трае многу пократко да не го дудлаа со непотребни филер сцени. Ама то е. Разочарување за мене.
Sicario ми беше одличен! Очекував многу повеќе акција кога го видов за што се работи ама да бидам искрено мислам дека ако би имало повеќе акција би се уништил филмов, одличен филм беше, спор, интересен со убаво темпо на развивање и разоткривање на приказна. Беницио беше газда у филмов, страшно изглуми. Уживав дур го гледав филмов, ми помина за 5 минути, не трепнав, и то е то што барам од филм.
И последен го оставам Youth како најдобар од сите овие што ги изгледав. Ау какво филмче! Бомбонче! Скоцкано, пребуави сцени, убаво темпо и дијалози одлична глума и интересни прашања и погледи кон староста/младоста, фантастична глума беше од секој во филмов и со тоа ми стана апсолутен фаворит од сите досега изгледани, мислам дека не дишев дур го гледав филмов, боза беше, како ми легна бре бре!

Е сега, молба до вас што сте у тек да ме уптатите од кои понови филмови што вредат за гледање има торенти да ги симнувам и гледам. @wot @Zlatikevichius @Shawn Spencer @џимеј @grande-juve @Erich Zann You are my cup of tea, нема филм што сте ми предложиле а да не ми се свиѓал, добро освен Boyhood на њот :D
И да, веќе не давам оцени на филмови, поедноставен ми е животот.
<3
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.635
Поени од реакции
38.812
ќе го гледам вечерва ревенант у дигитрон снимка да видиме што џубре е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom