Го изгледав денес Revenant и мене не ми се допадна. Далеку е од лош филм, но не би му дал ништо повеќе од 7.
Покрај тоа што филмот на начинот на кој е сниман е на највисоко можно ниво и движењето на камерата која е некако малку во стилот на Birdman ми се допаѓаше.. И визуелно беше прекрасен, иако снимката не беше HD, јас го гледав на 32" ТВ и беше поприлично задоволителна. Глумата исто така феноменална.. Но тоа за мене како обичен гледач кој нема никаква поврзаност со филмски уметности, иако ми значи, сепак не е пресудно.
Она со што не успеа да ме освои во филмов беше приказната. Мноогу лошо истата беше претставена и не вроди никаква емоција кај мене, ни среќа, тага, воодушевување, омраза, адреналин, мачнина.. НИШТО.. Гледав 2 и кусур саати филм со тап поглед на кој му го предвидив крајот уште пред да почне. Не се поврзав со ниеден лик(главниот де) во филмот, па така бев и тотално рамнодушен.
Поради сето тоа, е само еден надпросечен филм, но ништо повеќе од тоа. Иако не ми се другите оскаровци(освен Мартиан) изгледани за годинава, верувам дека има далеку подобри.