Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Тоа што најавил дека ќе биде плиток и без поента уште пред да излезе, не го прави добар филм, туку свесно - глуп. Патем, требале и на постерот да стават дисклејмер дека филмот е само showreel за визуелни ефекти и дека не треба да се обидеш да го разбереш. Ќе поминевме полесно така. Се радувам што барем некој уживал во срањево, јас не можев.
Што е со немине филмови од минатиот век кои немаат дијалог или многу малку, кои што го оформиле филмскиот свет каков што е денес, цело време што се листаат како класици пред класиците и основоположници на модерната кинематографија. Тие да не бликаа со дијалог-исполнети сценарија, комплексно изградени карактери и сл.? Не, ударната ствар била визуелната, презентирање на нови технологии на репродуцирање на слика во движење, тематски-придвижени приказни, наместо карактерно-раскажани.

Плитко и без поента е опис за ваков филм кога некој е навикнат суштина да има некој филм само ако има ликови кои поседуваат одредена длабочина и способност да говорат. Филмот е првенствено уметност, а после може да глуми и филозофија. Како уметност не секогаш постојат такви јасни правила што диктира суштина на некој филм.

И Mad Max е далеку од првиот таков филм, голем дел и од посовремените класици се такви.
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.216
Поени од реакции
34.485

Па што не јадеш живо место тогаш, порано така го јаделе луѓето и сега сме еволуирале па јадеме шарска плескавица. Споредбава со вредноста на филмовите со Чарли Чаплин и Мед Мекс ти вришти :)))
 
Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Споредбава со вредноста на филмовите со Чарли Чаплин и Мед Мекс ти вришти :)))
Океј. Важно твојата споредба многу подобро излезе :D.

Поентата ми беше дека филм не мора да има длабочина нити дијалог да пренесе поента или раскаже приказна. Поента што изгледа ти избега, затоа што имаш своја дефиниција за тоа што е филм, а општата изгледа не ти се допаѓа.

Разбирам ако не си фан на таквите филмови, али да го наречеш тоа што си го гледал срање е субјективна оценка на база на субјективна дефиниција за филм.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.117
Оcekuvanja i trailer. Acid sam si si kriv.

Baska ni na kino ni na bluray.

Nemal realna sansa.
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Океј. Важно твојата споредба многу подобро излезе :D.

Поентата ми беше дека филм не мора да има длабочина нити дијалог да пренесе поента или раскаже приказна. Поента што изгледа ти избега, затоа што имаш своја дефиниција за тоа што е филм, а општата изгледа не ти се допаѓа.

Разбирам ако не си фан на таквите филмови, али да го наречеш тоа што си го гледал срање е субјективна оценка на база на субјективна дефиниција за филм.
која поента и приказна ја има Mad Max: Fury Road ? на такви филмови може да им се восхитуваат само мали деца и тинејџери. за нив и е правен филмот.
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
4.208
која поента и приказна ја има Mad Max: Fury Road ? на такви филмови може да им се восхитуваат само мали деца и тинејџери. за нив и е правен филмот.
Не е битна приказната во филмов. Визуелноста и дизајнот е муабетот.
Башка и правен е на олд скул начин со 80% практични ефекти, сосема на друго ниво ја перцепираш акцијата.
Перверзии е филмот.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.035
Поени од реакции
42.747
неможеш да бараш логика у филм за суперхеројчиња и такви смотани акции
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Не е битна приказната во филмов. Визуелноста и дизајнот е муабетот.
Башка и кога ќе ти текне дека е правен на олд скул начин со 80% практични ефекти.
Перверзии.
На времето како деца гледавме многу филмови со нинџи. Абе по зидови се качуваа, летаа, невидливи беа, десетина души за секунда убиваа, што се не правеа. И се занесуваме, дури и мислевме дека навистина има нинџи кои сето тоа го можат.

Но пораснавме.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.117
Поени од реакции
9.067
Не е битна приказната во филмов. Визуелноста и дизајнот е муабетот.
Башка и правен е на олд скул начин со 80% практични ефекти, сосема на друго ниво ја перцепираш акцијата.
Перверзии е филмот.
Да дополнам само дека филмов го има најдобриот world building во изминатите 10+ години. Светот, изгледот на ликовите и over-the-top акцијата се лудило!

Единствена замерка ми е што можеби требаше да заврши едно 20тина мин порано пошто ме мавна fatigue при крај.
 
G

grande-juve

Гостин
Поентата на жанрот акција е да ти понуди адреналин и да те внесе преку акцијата. Мед Мекс нуди лудо добра акција. Плус, саундтрак прејак, кинематографја прејака, закон лик во Фјуриоса и супер тандем со Мекс, дистопскиот свет на Милер и споредбата што ја прави со денешниот свет..
И добра споредба направи Шкорпијон со немите филмови, таму нема зборење и полесно ги впиваш емоциите. Не мора секогаш преку дијалог да ти пренесе филмот нешто. Во Вертиго најдобрите делови се без дијалог на пример..
По мене најважно за филм е да знаеш "што" ќе гледаш и да се препуштиш на жанрот, а после зависи од самиот филм. А не да влезеш во "Шерлок моуд" и да глеаш акција...
Најдобриот од сите Мед Мекса до сеа, и едвај ги чекам другите делови, а за филмов и посебно за Шарлиз Терон очекувам номинации.
 
ke ima furiosa spin off
 
Член од
16 ноември 2013
Мислења
8.586
Поени од реакции
13.953
Ако може некој да ми направи листа од најдобрите филмови годинава, зошто речиси ништо немам изгледано.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom