Гејл и Кетнис одат на реката, прават небитен муабет минута две, им ѕвони телефонот и Гејл вели: мора да одиме, не викаат.
И? За кој Тасе беше таа сцена во филмот? Нити нешто паметно рекоа, нити направија. Се прошетаа и мораа да се вратат зошто ги барале.
Сцената во центарот за обука на трибјутите што ја спомнав предходно? Како скратена со нож. Еве јас да бев режисер ќе покажев како ги наоѓаат Пита и останатите, па како се спасуваат за влакно, па емоциите на спасените, па на крај ќе го вметнам твистот. Со други зборови, ќе ја направам возбудлива. А не Гејл да ми прераскаже што се случило наместо да видиме сами.
Сцената кога бегаат качувајќи се по дрвата, те молам, дали е могуќе
Како да остане човек рамнодушен на такви бурлески?
Песната во ред што е од книгата, туку што ја пеат како да сакаат да се најават дека доаѓаат од далеку, и она кога бегаат додека браната се руши тоа е врв на глупоќа. Ако беше самоубиствена мисија во ред, ама овие бегаат и после режисерот ни покажува кадар од далеку како демек се спасиле.
Тоа со скелетите што го спомна исто, без врска беше. А тоа Гејл што го раскажа како се случувало, да беше прикажано како сцена ќе беше многу силно.
Во болницата ништо не се случи, требаше да покажат сцени внатре додека ја бомбардираат од надвор. Наместо тоа ја покажаа Кетнис како трчкара наоколу со стрелата. Ја не знам каде го потрошија тој буџет.
Зошто ни го покажуваа Пита само на ТВ. Зошто не прикажаа сцени од Капитол, што се случува таму од прва рака? Освен една две сцени со прецедникот Сноу ништо не видовме.
Постојаното плачење на Кетнис по Пита ме потсети само на еден филм - Твајлајт.
Џулијан Мур како претседател кој држи говори - очобол. Хејмич трезен, исто. Најдобриот актер од сите во филмот со неколку реченици во цел филм. Па ќе ја изменам пола книга ако треба и ќе му дадам на Вуди минутажа.