Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
^Заборави да споменеш дека Брус Вилис го убива Дамблдор кој што е татко на Дарт Вејдер

Многу спојлери ти има во текстов :D
Очигледно ова се однесува на мене.:cool:

Јок, спојлерот не е мој. Не ставив спојлер. Веројатно е дело на оној кој го префрлил коментарот во оваа тема. :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Излегоа првите скринери (и тоа одлични снимки) за “потенцијалните“ Оскаровци:

The Theory of Everything 2014 HC HDRip XViD AC3-juggs[ETRG]
Serena 2014 HC HDRip XViD AC3-juggs[ETRG]

овој за Хокинг (y)
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Па не се слагам во целост со тебе. Имаше лоши и претерани сцени. Како на пример кога Кетнис ги виде сите тие скелети во 12-от Реон. Беа поставени во некоја неправилно-невозможна форма односно тука имаше лоша компјутерска обработка. Па и белото куче беше надвор од контекст.
Како и сцената кога го вратија Пита (не би го нарекол киднапирање затоа што тие внатре во Капитол знаеа за “тајната“ мисија). Премногу го збудалиле. Во книгата не е баш така прикажано.

Но имаше и добри сцени. Имаше реален приказ на дел од нештата прикажани во книгата. Како на пример бомбардирањето на болницата, нејзините емоции, паниката, отпорот па и неколкуте акции над површината.

И песната беше во склад со филмот. Прво нејзината соло изведба, помогната од Могинџеите, потоа приказ во авионот (песната оди во позадина) и на крајот народот кој оди да подметне динамит во браната. Целта на таа песна (која е копи-паст од самата книга) е приказ да тиранијата и крвавото владеење на Капитол.

Во суштина, книгата е далеку подобра од филмот и сметам дека секој љубител на овој жарн книги треба да ја прочита истата, како што мислам и дека секој љубител на овој жарн филмови треба да го изгледа овој филм.

Ако мора да оценуваме, филмот би го оценил 6/10. :)
Не се работи за тоа дали имало и добри и лоши сцени туку како е сето тоа поврзано во целина. Филмот треба да тече со некое темпо, да има некаква смисла, да биде една целина. Многу бесмислени сцени има, како на пример:

Гејл и Кетнис одат на реката, прават небитен муабет минута две, им ѕвони телефонот и Гејл вели: мора да одиме, не викаат.

И? За кој Тасе беше таа сцена во филмот? Нити нешто паметно рекоа, нити направија. Се прошетаа и мораа да се вратат зошто ги барале.

Сцената во центарот за обука на трибјутите што ја спомнав предходно? Како скратена со нож. Еве јас да бев режисер ќе покажев како ги наоѓаат Пита и останатите, па како се спасуваат за влакно, па емоциите на спасените, па на крај ќе го вметнам твистот. Со други зборови, ќе ја направам возбудлива. А не Гејл да ми прераскаже што се случило наместо да видиме сами.

Сцената кога бегаат качувајќи се по дрвата, те молам, дали е могуќе :pos: Како да остане човек рамнодушен на такви бурлески?

Песната во ред што е од книгата, туку што ја пеат како да сакаат да се најават дека доаѓаат од далеку, и она кога бегаат додека браната се руши тоа е врв на глупоќа. Ако беше самоубиствена мисија во ред, ама овие бегаат и после режисерот ни покажува кадар од далеку како демек се спасиле.

Тоа со скелетите што го спомна исто, без врска беше. А тоа Гејл што го раскажа како се случувало, да беше прикажано како сцена ќе беше многу силно.

Во болницата ништо не се случи, требаше да покажат сцени внатре додека ја бомбардираат од надвор. Наместо тоа ја покажаа Кетнис како трчкара наоколу со стрелата. Ја не знам каде го потрошија тој буџет.

Зошто ни го покажуваа Пита само на ТВ. Зошто не прикажаа сцени од Капитол, што се случува таму од прва рака? Освен една две сцени со прецедникот Сноу ништо не видовме.

Постојаното плачење на Кетнис по Пита ме потсети само на еден филм - Твајлајт.

Џулијан Мур како претседател кој држи говори - очобол. Хејмич трезен, исто. Најдобриот актер од сите во филмот со неколку реченици во цел филм. Па ќе ја изменам пола книга ако треба и ќе му дадам на Вуди минутажа.

Ова вака само од памет што ми текнува, имам сигурно уште толку за пишување. Обично се обидувам да уживам во филм и да не се фаќам за ситници, да му прогледам низ прсти, ама ова не се ситници ова е цел филм скоро...

Добра работа во сето ова е што откако го хајпнав пола форум за Интерстелар, сега ги оладив за Мокинџеј. Во секој случај е подобро да се гледа без очекувања, иако мислам дека ни тоа нема да им помогне.

Ајде, чекам коментари од типот: „Убаво ми кажа Ио да си седам дома...“ :)
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Јас те послушав @Io Sono Interista , нема да ризикувам, не само ти, и од други слушнав вакви коментари, ќе си чекам на блу реј :) Не сакам толку рано да ми ги уништи впечатоците од Catching Fire кој беше стварно одличен, првиот ми беше добар, ама вториот се надмина.
 
W

wicked_1

Гостин
Јас сериозно незнам шо видовте у Hunger Games кецот за да ви е добар, overall серијата од филмови/франшиза не го постигна успехот на кој шо целеше, првиот дел сотре барем една третина од гледачите кои ќе следат понатака.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.205
Поени од реакции
30.394
Не се работи за тоа дали имало и добри и лоши сцени туку како е сето тоа поврзано во целина. Филмот треба да тече со некое темпо, да има некаква смисла, да биде една целина. Многу бесмислени сцени има, како на пример:

Гејл и Кетнис одат на реката, прават небитен муабет минута две, им ѕвони телефонот и Гејл вели: мора да одиме, не викаат.

И? За кој Тасе беше таа сцена во филмот? Нити нешто паметно рекоа, нити направија. Се прошетаа и мораа да се вратат зошто ги барале.

Сцената во центарот за обука на трибјутите што ја спомнав предходно? Како скратена со нож. Еве јас да бев режисер ќе покажев како ги наоѓаат Пита и останатите, па како се спасуваат за влакно, па емоциите на спасените, па на крај ќе го вметнам твистот. Со други зборови, ќе ја направам возбудлива. А не Гејл да ми прераскаже што се случило наместо да видиме сами.

Сцената кога бегаат качувајќи се по дрвата, те молам, дали е могуќе :pos: Како да остане човек рамнодушен на такви бурлески?

Песната во ред што е од книгата, туку што ја пеат како да сакаат да се најават дека доаѓаат од далеку, и она кога бегаат додека браната се руши тоа е врв на глупоќа. Ако беше самоубиствена мисија во ред, ама овие бегаат и после режисерот ни покажува кадар од далеку како демек се спасиле.

Тоа со скелетите што го спомна исто, без врска беше. А тоа Гејл што го раскажа како се случувало, да беше прикажано како сцена ќе беше многу силно.

Во болницата ништо не се случи, требаше да покажат сцени внатре додека ја бомбардираат од надвор. Наместо тоа ја покажаа Кетнис како трчкара наоколу со стрелата. Ја не знам каде го потрошија тој буџет.

Зошто ни го покажуваа Пита само на ТВ. Зошто не прикажаа сцени од Капитол, што се случува таму од прва рака? Освен една две сцени со прецедникот Сноу ништо не видовме.

Постојаното плачење на Кетнис по Пита ме потсети само на еден филм - Твајлајт.

Џулијан Мур како претседател кој држи говори - очобол. Хејмич трезен, исто. Најдобриот актер од сите во филмот со неколку реченици во цел филм. Па ќе ја изменам пола книга ако треба и ќе му дадам на Вуди минутажа.

Ова вака само од памет што ми текнува, имам сигурно уште толку за пишување. Обично се обидувам да уживам во филм и да не се фаќам за ситници, да му прогледам низ прсти, ама ова не се ситници ова е цел филм скоро...

Добра работа во сето ова е што откако го хајпнав пола форум за Интерстелар, сега ги оладив за Мокинџеј. Во секој случај е подобро да се гледа без очекувања, иако мислам дека ни тоа нема да им помогне.

Ајде, чекам коментари од типот: „Убаво ми кажа Ио да си седам дома...“ :)

Како ми скрши филм шо го чекам цела година не си свесен.
Ја сепак ќе го глеам на кино. Deal with it.

The Curse of the Trilogies е опасна работа. Секоја трилогија пати од тоа.
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.205
Поени од реакции
30.394
Пиши кога ќе се вратиш ;)
Ако е лош ќе си заслужи хејт. Се по список.
Тоа е Холивуд. Прави филмови што глупи американци ги купуваат.
Колку поголем буџет, толку поглуп филм.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Како ми скрши филм шо го чекам цела година не си свесен.
Ја сепак ќе го глеам на кино. Deal with it.

The Curse of the Trilogies е опасна работа. Секоја трилогија пати од тоа.
Е финтата е што ова не е трилогија како што треба да биде туку е квадрологија :facepalm:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Ако е лош ќе си заслужи хејт. Се по список.
Тоа е Холивуд. Прави филмови што глупи американци ги купуваат.
Колку поголем буџет, толку поглуп филм.
Филмот прави пари поради одличниот маркетинг, направи 55 милиони инстантно, ама многу изнервирани луѓе излегоа од салите. По коментарите што ги читав денес, 50/50 е, половина фанови на филмовите и на книгите сеуште викаат дека е добар, другата половина си ги бара парите назад.

Исто треба да се спомене дека во овој момент само фанови на првите два филма одат на кино, другите си го чекаат дома. Значи сите критики што доаѓаат во моментов се од фанови, останатите од хејтерите ќе дојдат по 3 месеци.

Последната критика ќе дојде од њот во декември 2015.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Значи јас шо не сум фан на првите два дела, третиов слободно можам да не го гледам...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Box Office: 'Mockingjay' Nabs $275M Globally, But Hits Franchise Low in U.S. - Hollywood Reporter


Кога сме на темата :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom