Врска започната на 17-18 години, да трае и 5 години според мене не препорачливо да заврши со брак. Влезени во врска незрели, заднички созреваат а на почетокот на врската воопшто и не биле свесни за тоа што ги чека во иднина и како ќе се распоредат коцките во животот. Младешката “љубов“ и занесеност не се реални. Додека се без грижи младите, мама и тато обезбедуваат се, лесно е да се “сакаш“ и забавуваш. Врската што се состои од гледање неколку пати неделно и тоа претежно излезени во град со друшто и сл. нема никаква доприна точка со врска (брак) која што се состои од секојдневно заедничко живеење и обезбедување самостојно пари и услови во кои што ќе живеат двајца а потоа и со деца нели нормално.
Заглавувањето во долгогодишна врска од ептен млад носи многу проблеми. Несигурност и постојано преиспитување на одлката дали е добра или не. Немате одговор на прашањата:
Дали е тој/таа вистинската. Не сте биле подолго се некој друг.
Дали доволно прожиеваеав. Цитат од една девојка „Јас со пробан само еден к*р несакам да умрам“
Ок еден к*р секако не е доволно како животно искуство но секако се поставува прашањето - Колку к*ра треба да се пробаат за да знае дека сте го нашле вистинскиот?

Истово прашање важи и кај машките само што машките нели сите се ебачишта и сите имаат пробано доволно п**ки (незна им се број

) па не се осудуваат гласно да го постават ова како проблем.Решение на овој “проблем“ во модерново време е свингерството, ако некој е доволно либерален по тоа прашање. (Јас сум старомоден тип и ова ми е неприфатливо.)
Има примери на успешни бракови започнати и на млади години, но во ДЕНЕШНО време ваквите бракови во многу голем процент завршуваат со развод и со еден куп проблеми кои што цел живот остануваат како багаж.
Започната врска во позрели години над 25 или еве да речеме 27-28 многу побрзо напредува и по поминати 5-6 месеци заедно многу е логично да заврши и со брак, ако двајцата си одговараат. Врската во позрели години започнува со заедничко пиење кафе, па многу брзо се случува и секс, односно многу брзо започнува заедничкиот живот, кога си заедно со партнерот од после работа до идење на работа. Што не е случај во предходно опишаната младешка врска. Запознавањето во суштина и навикнувањето еден на друг се одвива многу побрзо и е со многу поточни вредности односно тоа е запознавање на веќе изградени личности, со ставови и цели. Врска започната на 27-28 или повеќе години, неможе да биде долга врска, односно до 1 г. максимум. Или ќе се земат или многу брзо ќе се види колку е саатот и ќе се разделат.
Според мене и според се ова предходно што го неведов раскинувањето на долгогодишна врска започната во тинејџ години а потоа ако запознаеш соодветен партнер во позрелите години да стапиш во брак и не е некој феномен туку нај нормална работа. Долгогодишната врска во тинејџ годините те заштитува од многу пороци и негативни појави што можат да ти се случат а одлуката за брак треба да се донесе кога навистина се исполнети одредени услови.
Е сега да ви раскажам за еден случај кој за мене е навистина феномен и никако не можам да најдам соодветни одговори на некои прашања.
Дечко и девојка се запознаваат на факс, заедно се 3-4 години до дипломирање. Дечкото се вработовува и веќе почнуваат да живеат и заедно во станот од дечкото.
Девојката останува трудна и решаваат да прават свадба. Свадбата е во сабота, девојката во средата одлучува да абортира

(трети месец) мажот дознава во петок и мора цел ден после да се јавува по поканетите гости за да ја откажува свадбата.
Девојката за неполн месец се мажи за друг и за неполна година си има дете со другиот. Дали се сеуште заедно појма немам.
Прашање 1. Ако несакала да се мажи за дечково, зошто си дозволила да затрудни и после без да го праша да го абортра детето два дена пред свадба? Ако не сакала да има дете како тоа после со другиот веднаш пак има дете?
Прашање 2. Ако овој вториов бил подобра прилика, дали бил присутен и предходно или го запознала недела дена пред свадбата со првиов?
Прашање 3. Кој (не)карактер треба да си за да го направиш ова?