Sussaro
Southern comfort, southern sun
- Член од
- 27 декември 2005
- Мислења
- 6.015
- Поени од реакции
- 24.519
Насловот не ми е склопен најубаво, муабетот ми е една ситуација што и порано ја среќавав неретко, а сега и почесто. Се повеќе гледам ситуации кога пар што имале милионгодишна врска, раскинуваат и едниот а неретко и двајцата, веднаш започнуваат нова и после само 2-3 месеци слушаш дека ќе се земат. Ако се луѓе што се така да ги кажам условно склони кон брак, зошто чекале толку долго и зошто во првата врска не влегле во брак? Ако не се склони кон брак, зошто сега одма после започнување на новата врска, се женат? Освен ако нешто радикално не се променило, што им текнало после миљарда години да раскинуваат? Ако не им чинело што се влечеле до сега? И колку треба да се вундеркинди за после 2 месеци (условно кажано де) врска да сфатиш дека баш со таа особа треба да се венчаш. Не дека немам претпоставени одговори, и не дека се чудам на прашањава, ме интересираат ваши мислења од ваш агол за овој феномен.