:kesa:
Mourinho: Мислам дека ја заслужуваме титулата. Работевме многу добро. Натпреварот ќе беше поинаков ако дадевме гол во прво полувреме или ако они дадеа гол во второ полувреме кога беа подобри. Се ќе се сменеше ако Pinto да не ја сопреше топката од Di María.
Во продолжението имавме добар голман, малку грешки, сконцентрирани играчи, знаеја што треба да прават. Психолошки бевме подобри во продолжението. А тој што дава прв гол во продолженијата, обично е победник.
Натпреварот беше изедначен без да биде изедначен. Ние бевме подобри во прво, они во второ полувреме. Карактерот и физичката и психолошката сила не направија победници. Знаевме дека можеме да победиме и победивме. Си одам среќен, но и да изгубевме ќе бев среќен.
Сите сме горди. Да победиш во финале против ривал како Barcelona е посебно. И веќе долго време тоа го нема направено Real Madrid. Среќен сум затоа што ги освоив сите купови во четирите најважни европски земји во кои бев тренер.
И покрај се што велат другите, ова беше голем фудбалски натпревар. За нив добар натпревар е да имаш голем посед на топка. За мене добар фудбалски натпревар е кога имаш добра одбрана или добар напад или посед... Пред некој ден, еден тренер кажа дека сум тренер на титули. Му благодарам, сакам да сум тренер на титули.
Секогаш велам дека меѓу големи екипи секогаш се е можно. Оваа сезона изгубивме, игравме нерешено и победивме против Barcelona.
Се обидувам да променам некои нешта во структурата на клубот и во менталитетот на луѓето. Не размислувам за луѓето кои не ме поддржуваат, туку само на оние кои се со мене.
Уморен сум и смирен. Сакав да им се јавам на моите, но не можев. Одам дома, а играчите одат на Cibeles, навивачите го заслужуваат тоа. Луѓето кои беа на стадион беа генијални и оние кои не можеа да дојдат исто така. Мислам дека овој куп заслужува да биде на Cibeles меѓу луѓето.
Casillas: Ова е за навивачите. Две години ни беше многу тешко, но сега покажавме дека можеме да победиме било кого. Ова им го должиме на сите оние кои дојдоа во Валенсија и оние кои останаа во Мадрид. Ќе уживаме. Нашиот ум се менува. Од утре мислиме на натпреварот во сабота, знаеме дека la Liga е комплицирана, но ние никогаш не се откажуваме. Одиме и по ЛШ. Piqué знае што кажал, и моите соиграчи го слушнале.
Cristiano: Денес освоивме важна титула, титула која клубот ја немаше освоено долго време и ќе уживаме во тоа. Голот беше важен, но мораме да продолжиме понатаму. Ја сакаме и ЛШ. Mourinho се сработи феноменално добро, ни помогна многу и среќни сме, ни пренесе многу позитивна енергија. Barcelona играше добро, ама знаете како е, тој што ќе даде гол победува.
Di María: Знаев дека ќе победиме. Бевме силни, единствени и имавме голема желба да победиме. Сакаме да ги добиеме и сите останати натпревари. Фановите го заслужуваат ова, а ние како екипа сме поединствени од било кога.
Ramos: Mou е капитен на бродот, а ние сме до смрт со него. Сакам да им се заблагодарам на фановите за љубовта и поддршката, они беа најважното нешто.
Xabi: Сите сме задоволни, овој успех им го посветуваме на сите фанови. Уморни сме, но оваа радост е над се. Одиме на Cibeles да славиме, нашите луѓе го заслужуваат тоа.
Granero: Викаат дека разликата меѓу Real Madrid и Barcelona е многу голема, но изгледа дека не е баш така. Не може да се каже дека едната екипа е посупериорна, затоа што на терен се покажува супериорноста и тоа го покажавме. Знаеме дека ќе има уште многу среќни моменти за фановите. Ќе се бориме за ЛШ, одиме со голема самодоверба. Време беше да освоиме некоја титула. Во првото полувреме бевме многу добри и можевме да отидеме на полувреме со 2 гола предност, но не беше така. Но потоа знаевме како да излеземе во контра кога они доминираа.
Adebayor: Многу сум среќен, особено поради Mоurinho. Кога дојдов овде сакав само да освојам титули и да можам да славам на Cibeles.
Arbeloa: Страдавме, ама си одиме задоволни. Можевме многу повеќе да им наштетиме, штета што онаа топка на Рере не заврши во гол. Во второ полувреме ни беше тешко поради заморот и поседот кој го имаа. Знаевме што треба да правиме, дека со една контра можеме да ги фатиме и имавме среќа и дојде голот. Уморен сум физички, но сега одиме да славиме и секако да мислиме на ЛШ која е вистински предизвик. Оваа титула ни дава многу морал и малку ни го намалува притисокот. Они ја имаат La Liga, ние Купот, сега доаѓа најинтересното.
Рере: Се надевам дека фановите ќе ми простат, не сакав да навредам никого, беше само момент на еуфорија... Не можев да постигнам гол поради пречката, но целата екипа направи голем напор и жртва и излезе победник. Во првото полувреме бевме многу добри и они немаа ниту една шанса, едвај стигаа до гол. Во второ полувреме излеговме порелаксирани, но потоа успеавме да воспоставиме контрола. Во продолжението Cristiano и не смири. Сакам кога играм како централен, се обидувам да го правам тоа добро. Сите сме задоволни, се боревме за да го добиеме ова. Сакавме да ги израдуваме нашите фанови, денес славиме, а од утре мислиме на Valencia.
Florentino: Ја немаме само титулата, имавме доста добар натпревар. Real Madrid направи се за да ја освои титулата. Почнав да уживам кога судијата свирна крај. Ова беше фестивал на шпанскиот фудбал и покажавме дека Шпанија е светски лидер во фудбал. Јас не одам на Cibeles, никогаш не сум бил. Играчите и навивачите заслужуваат да го прослават ова. Јас одам во Мајорка, три дена одмор за мене.
Valdano: Им честитам на сите мадридисти, тренерот, помошниците и играчите. Се надевам ова ќе биде почеток на повратокот на Real Madrid. Двата натпревари ни помогнаа многу. Млада екипа сме, екипа која долго време не играла финале, екипа која има голема иднина. И треба да и се честита на Barcelona за начинот на кој изгуби.
Pardeza: Среќни сме, задоволни, уморни затоа што ова беше доста интензивен натпревар, но презадоволни. Имаме доволна причина за да одиме на Cibeles. Ова е голем момент за сите мадридисти. Одиме да славиме со луѓето кои не можеа да дојдат во Valencia. Сигурно нетрпеливо чекаат да ја видат екипата.
Butragueño: Дуел на титани. Real Madrid против брилијантната Barcelona после еден многу интензивен натпревар. Игравме феноменално во прво полувреме, ниедна екипа до сега и се нема спротивставено на Barcelona на тој начин и требаше да одиме на полувреме со два гола разлика. Во второто полувреме Barcelona беше брилијантна, ја покажа својата техничка способност која е тешко да се спречи. Продолжението беше изедначено и интензивно, никого не разочара и нема да се заборави. Ова ќе биде позитивен импулс за играчите и за навивачите и секако за клубот. ЛШ е блиску, нема потреба од паника. Они се прекрасна екипа, но ние ќе да направиме се за да одиме во Лондон.
Zidane: Моравме да победиме, како било. Задоволни сме, страдавме многу, но на крајот ја земавме титулата. После 18 години, навистина е голема сатисфакција. Сега треба физички да се повратиме, не чека тежок период.