Во преговори биле со Домагој Павлович, среден бек, моментално играл во Мелсинген - бундес лига.
До 2019 бил во Загреб...
Ваљда другата недела ќе го официјализираат.
Хммм.... Не знам што да кажам искрено. Павловиќ беше сериозен талент едно време, стана и најдобар играч на Загреб пред 5-6 години, па направи трансфер во бундеслигата, но никогаш не се снајде на некое повисоко ниво. Играше, ама некако цело време во втор план во Мелсунген. Го отепаа повредите, доста стаклен играч, би рекол може доста паралели меѓу него и Мандалиниќ да се направат без разлика што станува збор за комплетно поинаков профил на ракометар. Во најдобрите денови (последните сезони во Загреб) беше и член на хрватската репрезентација, оттогаш некако е само тек тук на поширок список ако не грешам (толку многу средни бекови имаат хрватите што не е ни чудно). Не знам кога последно настапувал за Хрватска. Во принцип играч од рангот на за нас познатите Мандалиниќ, Гаџа, Јотиќ на пример - поширок список на хрватска репрезентација (топ 25-30). Бундеслигата кај нас се прати така-така, ама тие што ја прателе СЕХА лигата во првите години од постоењето сигурно добро се сеќаваат на него преку настапите за Загреб.
Стил на игра, тотално различен од Периќ. Поблиску би рекол до Кузмановски, вака од нешто што ни е поблиско до нас. Повеќе би рекол дека е замена за Табоада отколку што е за Периќ. Поинтелигентен, но помалку експлозивен од Табоада, ~190cm, во принцип треба да може да игра два правци, но се ближи кон 30 + многу повреди, ќе видиме во тој аспект каде ќе му се движи кариерата. Интелигентен, модерен играч, но се зависи од здравјето. Многу многу повреди имаше, и којзнае во каква форма/здравствена состојба ќе биде идниве години....