Точно така, не треба многу да се крева пред време прашина, екипите видовме дека сезонава се 50-50.
Видовме на толкава еуфорија и очекувања како ни се удри од глава со Нексе, а пред време се гледавме во 1/4 финале, тогаш видовме дека нашите не знааат, ама ич не знаат да играат под притисок, се губиме тоталка....
И поарно шо заминаја во Струга во карантин, така се прај, паметен потег
Овде секој еден на пат ги застанва, неможат до продавница да одат, секој еден ги застанва и притисок му прај за утакмицата, до wc да одат, ќе ги сретни некој, еј да победите недела, еј само победа и ништо друго....
Во ред е си ја знаат работата, ама претерано има притисок кон играчите, си ја знаат работата самите дека цел град, навивачите и цел тим сакаат титула особено после толку долг период.
Треба да е цел тим фит кај нас, се надевам оспособен за игра е Табоада и тоа како ќе ни е потребен во двата правци, ќе мора еден да испадни од странците, според мене би требало да е Радовиќ, колку и да игра со срце, страст, емоција и еуфорија шо има кон публиката да ја крени на нозе, друг освен него не гледам кој би го изоставил, останатите 8 се сите битни, ќе останиме само со Мараш на десен бек така, ама па Мараш на претходните две изигра топ против Вардар, да се надеваме и сега дека ќе е така....
Кај нив ќе видиме дали има толку повредени или матат нешто пред јавноста....
п.с. На претходните 2 утакмици, два пати лошо прогнозирав, прво Битола мислев победа, се извадија последни секунди, па таму мислев висок пораз, па победивме, каква интуиција имам
се обратно....
Се надевам на 3та среќа сега, дека конечно ќе погодам, мислам ако дојдат со комплетен тим пак ќе е тесна и ќе ја решаваат голманите, а ако му се повредени тие шо се набројани, мислам не му бега висок пораз, имам надеж дека ако дојдат без 4-5 играчи овде, не му бега 6-7 разлика пораз
Нема кај да бегаат сега
п.п.с. Вистина, ако земиме титула, на драчевчанецот треба маица од групата да си добие, баш претходните две утакмици, беше еден од најдобрите против нив, го избркаја од таму и сега е мотивиран 1000 против нив, се пали на секоја одбранета топка