Фан клуб: РК Пелистер

Член од
12 март 2009
Мислења
19.813
Поени од реакции
15.736
Групата е тешка, но не е и до толку страшна за да немаме право да се надеваме на трето место. Поквалитетни сме од требње и шафхаузен и ако тоа го докажиме на терен ќе остани со татабања борбата. Се надевам и со германците на барем бодче во Битола.
мислам дека Татабања ршум напраи предходно, и во Битола и во Нашице ??
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Групата е тешка, но не е и до толку страшна за да немаме право да се надеваме на трето место. Поквалитетни сме од требње и шафхаузен и ако тоа го докажиме на терен ќе остани со татабања борбата. Се надевам и со германците на барем бодче во Битола.
Да ама вака ги очекува тешка битка за трето место (а дури ни за него не се фаворити). А дури и да го освојат, со трето место голема е веројатноста да налетаат на некоја германска или француска екипа во осминафинале.

Јас се надевав дека ќе добијат група во која ќе може да се борат за второ место, со цел да имаа пореални шанси за четвртфинале. Во оваа група тоа ќе биде ѓаволски тешко. Добија 3 од барем на хартија најопасните 7-10 екипи во групата. Плус ниту еден од оние 3-4 аутсајдери (додуша едниот беше Металург кој секако не можеа да го добијат).

Како и да е 10 квалитетни натпревари му претстојат на екипата. Битен е континуитетот. И ЛЕ веќе е многу сериозно натпреварување кое овозможува 10тина врвни европски ракометни двобои. Треба да се осигураат секоја сезона по минимум толку.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766
Се сложуваме дека групата не е воопшто лесна. Но јас сакам да гледам малку поинаку од тој класичен балкански начин на гледање на работите "ех ко не ни се паднаа тие, или оние"... Противниците сс супер за да видиме колку реално вредиме. По Струга апетитите на некои беа и минимум финале во ЛЕ :) По Атина се зборуваше дека и Металург ќе бидат прејаки за нас... типично битолски. Зато велам, супер конечно ќе почнеме што е најбитно и имаме противници по мерка.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
По Струга апетитите на некои беа и минимум финале во ЛЕ :) По Атина се зборуваше дека и Металург ќе бидат прејаки за нас...
Сега незнам од кај излезе тоа дека некој очекувал финале во ЛЕ. Само баук во ракометот може да има такви очекувања, тоа е само среќа со ваква екупа да се дотурка до некое четвртфинале или слично за повеќе нема шанси. Очекувања на секој битолчанец моментално е да имаме стандарден тим кој за сезона две ќе се изгради на уште повисоко ниво. Моментално најголема радост за нас е дека има квалитетни екипи со кои ќе се проба да се надигруваме. Групата реално е тешка но интересна за гледање. Се зависи од менталитетот на тимот за колку се спремни да се форсираат во ЛЕ во СЕХА па за на крај да бидат оформени и да можат да ја нападнат титулата во Македонија ако има шанса. Оти реално гледано играчки кадар мрсулковците се појаки, нив им фали само еден континуитет и да влезат во јака форма. Не велам дека ние немаме сила за такво нешто но ќе кажам една работа... Модерниот ракомет му фали само мала разлика еден тим може да изгубе со 10 разлика и да е на исто мерило од тој тим шо изгубе а може и обратно да се деси се зависо од тоа како ќе се почне од 1ва минута до 60та и каков удел ќе имаат голманите.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766
Не мислев дека буквално ќе бидам сфатен, повеќе фигуративно тоа го кажав за да доловам колку апетите пораснаа многу.
 
Член од
21 февруари 2007
Мислења
1.002
Поени од реакции
1.535
Не мислев дека буквално ќе бидам сфатен, повеќе фигуративно тоа го кажав за да доловам колку апетите пораснаа многу.
Не ти држи вода ич муабетот... ти кажав апетитите на битолчани моментално е да имаме стабилен тим кој за сезона две ќе биде на повисоко ниво... никој не кажа какви се очекувањата поготово за оваа сезона. Самите знаеме дека има недостаток на инфраструктура која би ги исполнила очекувањата на битолчани... тоа е најголемото очекување а за тимот чекор по чекор ќе се наградува и тогаш ќе биде очекување од нас апетитите да се на повисоко ниво. Сега како шо е така е имаме тим за натреварување и кој ветува градот повторно да го врате на нозе. Е сега ти ако имаш поголеми очекувања тоа не ти е во границите на реалноста.
 
Член од
18 септември 2020
Мислења
1.039
Поени од реакции
5.766
Не знам што се фаќаш да се расправаш со мене. "Јас ако сум имал поголеми очекувања"
Прво прочитај јас што пишувам...групата е идеална за проверка на нашите квалитети, каде гледаш некој мој очекувања?
Второ, јас со тие што контактирам и се навивачи, љубители на ракометот итн а се мнооогуууу, по Струга сите беа во еуфорија.
Ти не можиш да кажиш дека битолчани мислеле или не мислеле така како што реков. Ете мојте другари, пријатели беа во еуфорија, твојте можеби не.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
РНЛ е фаворит во групата. не е спорно ова.

Немаа некои поголеми измени од составот минатата сезона.

Голмани Паличка и Апелгрен, добри познати од Шведската репрезентиација.
На крила стандард долги години, двојката од германска репрезентација, Уве Геншајмер и Грецки.
Пикер се доста силни, Колбахер е звер, тука е да покрие и Јеспер Нилсен (шведски репрезентативец) а го вратија и Рафаел Баена, добар пикер.
Бековска линија, најопасни се Роман Лагард на лев бек и Енди Шмит на среден ( главен играч ). го зедоа и Лукас Нилсон од Кил како замена за Менсах Ларсен кој замина во Фленсбург, многу квалитетени шутери имаат од надвор.
Десен бек се доста добро покриени, два релативно ниски играчи, ама страшни техничари, Петерсон ( години наназад игра во РНЛ ) и Лагерген ( Шведски репрезентативец ).
Години наназад РНЛ има јака екипа, ама некако во Европа варираа со игрите, се штедеа, заради густиот распоред Бундес Лига- ЛШ
Ќе биди интересно во Битола со овие, да имаше публика ќе беше многу јако по толку години да се гледа една ваква екипа во живо.

Татабања.

Трета екипа во Унгарија, веќе години наназад.
Лани партал го напраја Работник.
Опасна екипа, собраа доста играчи шо беа вишок од Веспрем и Пик Сегед.
Пред се мислам на десните бекови Балог и Анчин, познати на сите шо пратат ракомет.
На лев бек е Ференц Иљеш, играше на времето и во Сегед.
Во одбрана главен играч им е Адриан Сипош.
Неколку репрезентативци на Унгарија, од новиот состав на репката, Јухаш, Хорниак.
На гол е Вишомирски, екс играч на Висла Плок, репрезентативец на Полска низ годините.
Тренер, години наназад, Владан Матиќ, познат за нас, играше долги години во Партизан, репрезентативец на СР Југославија.
Ќе биди интересно со овие во Битола, би требало да имаме шанса.

Гог Гудме.

Според мене, овие не се нешто посебно и не треба многу да се преценват.
Класична данска екипа, скандинавска школа, многу трчање, доста комбинаторика во напад и брзо завршување на акции.
Со добра одбрана и забавување на темпо на игра можи да се победат.

Кадетен.

Познати ни се овие од времето, години се држат на европска сцена, за разлика од нас.
Солиден буџет имаат/
Овие мислам се појјаки од ГОГ.
Жарко Шешум и Габор Часар, нема некој кој не ги знае овие бекови, на десен бек тука е Ангел Монторо 211 см, играше во Барса на времето. Томинек е стандарден доста години на десен бек, солидна бековска постава.
Швајцарската школа е многу слична на германската, иако Швајцарија како репрезентација нема успеси сепак доста се внимава на младите категории, за разлика од кај нас.
Во Битола треба да имаме добра шанса да тепаме со овие, а зошто да не и во Шафхаузен, со правилен пристап.

Тримо Требње.

По долги години се вратија на евросцена.
Раде Стојановиќ играше на времето овде. :)
Од овие играчи шо ги гледам во составот единствено го знам Грегор Поточник, лев бек.
Играше во Горење и во Загреб.
Словенска школа. сите знајме какви деца вадат секоја година и колку внимание посветват на школите.
Би требало да ги добиеме без проблем во Битола, а и во реваншот,зошто да не, ако има сериозен пристап.

Ќе видиме, засега не знајме ние со шо располагаме.
Пријателски утакмици се едно, официјален меч е сосема нешто друго.
Ако се здрави клучните играчи во нападот треба да има добра сезона, пред се мислам на Стипе, Периќ, Кушан и Стјепановиќ ( овај посебно треба да се врати во форма, не е ниту бледа сенка од играчот пред повредата, шо не нормално, оти многу тешка повреда имаше ), би го додал овде и Граџан, како играч кој можи доста да дај, некако во втор план беше на подготвките, треба да му се дај шанса и на Мараш, да добие на искуство детето, има предиспозиции, ваљда нема Велковски да е во преден план пред него.
И секако, многу зависи и од Бојан Маџоски и Радовиќ, како играчи во два правци, овие двајца се можеби најважните играчи во цела екипа, најоптоварени, најмногу се трошат, посебно во одбрана, а немаме некои замени за нив со слични предиспозиции, Гуќиќ и Ојлески се играчи за послаби утакмици, кај шо ќе има појќе можности за чисти контри, во утакмици кај шо ќе неаме брза транзиција тешко дека ќе се снајдат.
Подобро овие да ги користи во СЕХА ЛИГА, да ги штеди Маџоски и Радовиќ за појјаките утакмици.

За голманите, веќе кажано. не се толку лоши Чаневски и Трајкоски, мислам дека ќе се покажат,
Ако има солидна одбрана, можат да фатат то шо треба да се фати.
Ако нема одбрана, никој не не спасва.
Добро е шо барем за одбрана имаме играчи за ротација, има висина во централниот блок, одамна сме немале вакви играчи во одбрана.
Кукоски и Вегар се солидни дефанзивци, и појќе од то, тука е Кушан ( ќе треба да се штеди овај џинот за напад појќе) и Маркоски, овај е бескорисен во напад, ама за одбрана за ротација можи ќе збрка некоја поголема работа, да ги одмори другите.
Бабиќ засега се покажа како доста добар тактичар, ќе видиме како ќе ги распредели силите, долга ќе биди сезоната, на 3 фронта, не е лесно.
 
Не би ги потценил јас ГОГ Гудме. После германските и француските екипи, заедно со Татабања, Висла Плок и Динамо Букурешт се главни фаворити за четвртфинале и напад на фајнл 4.

Суперталентираниот голман на Исланд Халгримсон меѓу стативите, Мортен Олсен (можеби најпотценетиот играч во Европа во последната деценија) како главен организатор, Питлик и Ларке на лев бек - двата најталентирани бека на Данска од поновите генерации, репрезентативецот Закаријасен на пикер. Крила секогаш имале јаки Данците не е ни важно колку се познати меѓународно. Стиг Нилсен на десен бек - играч со солидно искуство од ЛШ, доста сезони истера во Кристијанштад, играч со преку 150 гола во ЛШ во изминатите 3-4 сезони.

Од друга страна чкрипат на стартот на сезонава нешто Кадетен Шафхаузен ќе видиме во каква форма ќе бидат, но ако се во форма и овие се согласувам дека се доста опасна екипа. Би ги додал на погоре споменатите Лука Марош и Дмитриј Куител - двата стартни лев и десен бек на Швајцарската репрезентација. Впрочем Марош е претпоставувам и најјак играч на Кадетен моментално. Тука би ги додал и Фримел, Хербергер и Пилиповиќ 3 значајни австриски репрезентативци.
 
Член од
27 февруари 2017
Мислења
1.042
Поени од реакции
687
So se slucva so fb stranata na Eurofarm Pelister... Videte go imeto.. haknat e nesto ili od facebook drapat madinja Screenshot_20201007-002913.jpg
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.912
Поени од реакции
84.320
So se slucva so fb stranata na Eurofarm Pelister... Videte go imeto.. haknat e nesto ili od facebook drapat madinjaПрегледај го приврзокот 269701
По некоја логика (ама ова ја само теоретизирам, не сум сигурен) ваљда е проблем со фб, можеби бара на админите документи да потврдат дека се страна за Пелистер и дека се официјална страна или нешто слично?
Не ми е за верување да е хакната, најверојатно фејсбук некој проблем има
 
Член од
7 септември 2020
Мислења
68
Поени од реакции
179
Денес втората екипа во 19:00, без клучните играчи против Бутел.
Ќе биди изненадување доколку освоиме бодови...
 
Член од
23 јули 2015
Мислења
142
Поени од реакции
121
Не можам да разберам зошто раководсвото не побар одлагање кога имате пет клучни играчи во карантин.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom