Фан клуб - РК Металург

Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
Има јака одбрана не викам не,а тоа дека го преувеличувамо,тоа нема врска колку зицери фати денеска?прашај го мортенсен како му беше.
A што имаше по 12 одбрани на првите две утакмици за тоа кого да прашам?Па Диви бранеше едвај 10 мин и имаше 8...се срамам у Борис кога го гледаат како бог после секоја одбрана,а не гледаат како Миркуловски криви со двете нозе.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
A што имаше по 12 одбрани на првите две утакмици за тоа кого да прашам?Па Диви бранеше едвај 10 мин и имаше 8...се срамам у Борис кога го гледаат како бог после секоја одбрана,а не гледаат како Миркуловски криви со двете нозе.
Дали си свесен колку пати не извадил станич?И каде е миркуловски у моабетов,дечкото има м*да колку цела екипа,респект за борбеноста.А за станич ич не сакам да дискутирам,затоа што у ваква форма кај и да иде ќе биде прво голман.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Го преувеличувате малку србинов,човекот пред себе има гранитна одбрана...противниците неретко шутираат и од невозможни ситуации.

Ако ова денес беше гранитна одбрана,незнам како може да ја наречам одбраната против Горење.Искрено денес одбраната беше тапа.Но "србинот" поставува рекорди.

http://www.ehfcl.com/men/2012-13/article/15604/Barcelona, Metalurg and Kielce keep their clean record

Ако според ЕХФ,голманот на Цеље со 13 одбрани е брилијантен,тогаш "србинот" со 21 одбрана или 15 одбрани по натпревар мора да е Господ. :D
--- надополнето: 14 октомври 2012 во 23:57 ---
Објасни поубаво не сфаќам фигуративно :гик:
Не си го приметил на секоја утакмица некој џеб му виси превртен нанадвор.
Против Горење цело второ полувреме му висеа џебовите :D

Или му е некоја маѓија :D:D:D - или ги заборава.
 
P

PewDiePie

Гостин
Абе не се заебавајте Станич колку и да сакаа да го задржат од Металург тој ако сакаше ќе си одеше,си имаше предоговор со германците. Јас незнам како може неговиот квалитет да е воопшто предмет на дискусија.Маркович беше добар ок е тоа,ама многу беше јасен изборот за кој да остане тој или станич..........А Миркуловски дека е најголем борец е ФАКТ. Човекот игра со срце и за репрезентација и за Металург знае и да се постави,фаул во напад да извлече,гол да даде,пас да даде,такви играчи ко него ретко се наоѓаат во европа.

Многу јасно дека ние си ги сакаме и почитуваме Македонците,дефакто 90% од репрезентацијата,Ацо и Велко многу јасно дека се столбовите на одбраната,ама и Козлина и Додер ако не се за ротација,тешко ќе оди,напорна и долга е сезоната.
Башка странците во Металург се гледа дека со срце играат за тимот,почнувајќи од Станич,па секое дивеење на Ракчевич после гол,дури и Вугринец што вчера дојде што се вика одма се вклопи,го гушка на сред утакмица Гоце ко син да му е,тие двајца одлично партнерство развиваат.

Оваа година Металург го доби тоа што им фалеше,ИСКУСТВО И ДЛАБОЧИНА НА СОСТАВОТ.
Играта веќе ја имаат пронајдено.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Како и да е,одиме даље.Следна станица Борис Трајковски,Сабота 18:00. Се надевам дека салата ќе биде полна и ќе грми како и досега.Картите се веќе во продажба.Верувам дека кој ќе дојде нема да зажали.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.232
Чек, се дискутира дали Станиќ го бивало? Ало знаете ли ракомет бе? Типот беше најдобар голман на последното ЕП и со над 12 одбрани е секој натпревар.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Нормално дека и одбраната е многу битна, за голманот да има и повеќе интервенции. Е сега Металург има одлични дефанзивци пред се Јоноски и Марковски кои се фантастични како во тимов така и во Македонија. Исто и Козлина и Миркуловски. Од друга страна Додер и Вугринец играат послаба одбрана. Ама затоа ротацијата дозволува да има свежина. Одбраната е клучот за победа Металург лани беше едно време неколку кола со најдобра одбрана и тоа само поради дисциплината на Лино и се што се реализира на тренинзи на утакмици на припреми... Одбраната сега за Металург веќе не е проблем за Станич нема што да се збори збориме за играчите.
За Металург едини проблем, од лани и покрај тоа што имаа одличен бек шутер, Маркович, беше само и само тоа што се форсираа сите во еден напад, па во второ на секој меч Мојсо и Миркуловски беа со јазиците до под! Оваа година и Додер и Батинович и Ракчевич и Вугринец и Козлина сите се кадарни за напад и составот е многу проширен и тоа се гледа на терен по резултатите!
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.924
Поени од реакции
483
Колку ми е мило кога некој наш (македонски) тим, ќе победи на гостински терен и покрај очигледното форсирање на домаќините од страна на судиите.

Кој ѕвер е Станиќ. Ги откажа данците. Мислам дека е во најмала рака смешно некој да каже дека Станиќ не е извонреден голман. Тоа го потврдува веќе 2 години. На вакви мечеви се гледа оправданоста на одлуката на Металург да го задржи за сметка на Марковиќ (кој исто така е одличен ракометар).

Пријатно сум изненаден од Вугринец. Досега се покажа како одлична замена за Марковиќ.
Сепак она што најмногу ми остави впечаток е одличната игра на Георгиевски. Како да гледам друг ракометар оваа сезона. Ако успее да ја задржи ваквата форма ќе биде од голема корист за репрезентацијата (под услов некој да му испрати цд на Шундовски:sneaky:). За малку ќе добиеше ќотек од Лино (иако не заслужи исклучување), но мораше Лино да се истури на некого (кога веќе не го направи тоа претходно на Вугринец;) ).

И само уште нешто што ми падна во очи а што гледам дека им се случува на нашите спортисти. Факт е дека судиите беа очајни, но кога веќе беше исклучен Миркуловски МОРАШЕ да го напушти теренот а не да дели правда. Не е тоа македонско првенство па да врши притисок и да мисли дека нема да биде санкциониран. Истото вчера му се случи и на Гечевски во кошарка.

Иако навивам за Вардар, секогаш ги поддржувам сите македонските клубови кои не претставуваат во меѓународни рамки, така што им посакувам на Металург успех во ЛШ и освојување на првото место во групата (што ќе биде тешко покрај Киелце, но не и невозможно).
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.137
Поени од реакции
84.827
Станиќ можеби е и најдобриот голман моментално во светов.
Криво ми беше/и уште ми е што си отиде Марковиќ ама Металург е тимска екипа која што не зависи од поединци.Мислам дека реално годинава 1/4 финале е реален дострел па понатаму што биде нека биде.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Станиќ можеби е и најдобриот голман моментално во светов.
Криво ми беше/и уште ми е што си отиде Марковиќ ама Металург е тимска екипа која што не зависи од поединци.Мислам дека реално годинава 1/4 финале е реален дострел па понатаму што биде нека биде.
Епа за да останеше Станиќ, мораше Марковиќ да си оди...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom