Фан клуб - РК Металург

Пеце

Пелистер-Битола
Член од
16 септември 2009
Мислења
4.270
Поени од реакции
5.112
Одлична игра, БРАВО МЕТАЛУРГ !!! (y)
Заслужено победија, со играч помалку се држеа резултатски, скоро секој 2 нивни напад имаше исклучување кај Металург...

Станиќ феноменален !!! :cuc:
21 одбрана MAN OF THE MATCH ! Многу ретки се голмани како Станиќ....
Мортенсен не мрдна од крило, се му одбрани Станиќ !!!

Судиите крв да серат, се да ви ебам, ги отепаја од по 2 минути !!!
Едно време и по 2 играчи исклучваја, со 4 играчи во поле играше Металург, ОВА ПРЕТЕРАНО БЕШЕ !!!
Имаше стартови каде што беа обичен фал, овај по 2 минути ги исклучваше...

Козлина треба повеќе минутажа да добива, бомба удар има, треба Червар повеќе да се фокусира на него...
Георгиевски :cuc: Во животна форма е батето... ГАЗИ !!!

Червар ќе ги испотепа сите :pos:
Му се пушти на Миркуловски, пред тоа и Георгиевски ко направи исклучување ќе ги отепаше Лино :pos:
То е тренер !!!
На тајмаут не смеј никој да зуцни, то е дисциплина, ако немаш дисциплина, немаш резултати !!! ОПАСЕН Е ЛИНО (y)
Таков тренер треба, не како овие нашите курташак си играт...
 

Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.053
Поени од реакции
7.820
Па во Данска сум 2 недели веќе. Бев во Копенхаген но од петокот сум во Силкеборг.
ти да не беше шо се сликаше после мечот? :D
и на почетокот еден со шал покажаја во кадар
 

Alen_001

Недозволен тајтл, внимавај.
Член од
25 февруари 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.114
Денес Металург покажа победнички менталитет и кога беше најтешко и кога не одеше не се откажаа и изиграа машки до крај... Реално на наши грешки данците успеаа да се одлепат на момент, за во вториот дел да изиграме доста попаметно и подисциплинирано како што беше случај до сега.Ниту судиите не можеја да ја сопрат доминацијата и надмоќта на Металург во тие периоди,посебно последните 15 минути.... Металург на дело ја покажа разликата во класи помеѓу овие два клуб и докажа дека е најквалитетниот и најконстантниот клуб во Македонија...
Хејтерите ќе ги поздравам само со два збора - Дарко Станиќ!
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Многу ми е криво што Гоце Георгиевски не добива шанса кај мисирот Шундо. Златко Мојсовски и кај Червар е веќе резерва. Многу плукаа по него, ама дефинитивно се проби во одличен играч, и мора да добие шанса да игра во Шпанија на Светско. И ова не е од сега и на минатите мечеви и со Горење и во СЕХА оваа сезона е одличен.
Денес ме изненади и Козлина за Додер немам коментар многу слабо пред се во одбрана. Се осеќа недостатокот на Марковски. Ама позитива е што Лино ротира повеќе играчи и со тоа се надеваме до крајот на сезоната играчите ќе имаат потребна свежина!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Ајде сега да се јави членот што викаше дека многу изгубил Металург со продавањето на Маркович на сметка на Станич ....
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.449
Поени од реакции
109.367
Абе со идењето на Маркович ние изгубивме, тоа во ред, ама нема везе тоа за сметка на овој за сметка на оној. И Станич и Маркович се класа, едноставно едниот мораше да си оди, а управата реши тоа да биде Жарко. Сега за сега солидно се покажува и Вугринец, не за џабе е донесен, преискусен ракометар е.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Ајде сега да се јави членот што викаше дека многу изгубил Металург со продавањето на Маркович на сметка на Станич ....
Заминувањето на Марковиќ и заслувањето со Вугринец не е комплетно ако во игра не беа и од лани повредените Батинович и Ракчевич и додатно Додер кој исто беше донесен. Ротацијата сега е зголемена за разлика од лани, и тоа им овозможува да немаат поголеми падови и да се во игра до крајот на сезоната за висок пласман. Лани се играше напад со една иста постава цел меч. Тука е клучната разлика во оваа сезона и затоа Металург сега е зрел за осум најдобри екипи.
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Да маркович беше и ќе биде јак ракометар,има разорен удар никој не го негира тоа.Ама многу попаметно е тоа што металург го задржаа станич на смета на маркович.Едноставно тешко е да најдеш голман како што е станич,а при тоа он да сака да игра за тимот.Вугринец до сега одлично го заменува маркович,тоа е искуство,знае кога да повлече,кога да проигра,какви пасови имаше само до геогриевски(y),како и да е металург годинава ќе иде далеку у тоа сум сигурен.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Се осети дупката од неиграњето на Велко во одбрана,ама покрија Додер и Козлина колку толку.

Од прво изгледаше дека ќе изгуби Металург зошто почнаа со многу грешки,и губеа константно,едно време и со 4 разлика,ама после се собраа,искористија кај 20 мин. едно нивно исклучување и изедначија.После Наумче реши да ги буши ! Станиќ цела утакмица на ниво,овој човек со ниедни пари на светот не може да се купи. :cuc: Вугринец,што ти значи искуство и во одбрана и во напад,дури и Георгиевски игра осетно подобро ради него сезонава.
Браво за Металург,покажаа психошока стабилнсот,добро сите освен Лино,тој на секое исклучување лекции им држеше,еднаш му влезе на Георгиевски скоро и да го замава :pos: Ѕвер е стариот.

Следни Ст Петерзбург,се освен победа дома за нас ќе биде неуспех,во одличен ритам играме и мора да се продолжи вака. (y)
Навидум неприметни,но многу корисни играчи - Велко и Јоновски се темелот на одбраната на Металург.Во натпреварот против Горење овие двајца тотално го демотивираа словенскиот напад.Во завршницата на натпреварот словенците немаа повеќе идеја што да прават со топката.

Во данска и те како недостасуваше Велко.Традиционално Металург се потпира на цврстата одбрана но овде одбраната им беше тотално неорганизирана.Незнам колку пати во гужвата Манасков играше одбрана како десно крило.Сударот на Димовски со Мојсо и еден куп дупки насекаде низ одбраната.Не дека Велко сам ќе држи цела одбрана но фалеше таа алка и во секоја одбрана нашиве делуваа конфузно.Се надевам дека во Сабота ќе игра и одбраната ќе биде ко што сите ја знаеме.

Вугринец не дава по 10 гола на натпревар но овие што ги дава вредат и повеќе.Во вистински момент,кога губат секаква мотивација,а притисокот расте - стариот од негде ќе спука голче.Да не ги заборавиме и бројните асистенции и разигрувањето на Ѓорѓиевски.Од натпревар во натпревар се помалку и помалку се песимистите што збореа дека не ни требаат старци во тимот.Свака час за Вугринец на денешниов натпревар.

Иако со многу технички грешки,у глобала сите одиграа добро.Ракчевиќ иако не му идеше со головите,изнуди неколку пенали и 2-3 исклучувања по 2 мин.Миркуловски ѕвер,не сум видел похрабар ракометен играч од него.Па човекот и да знае дека ќе му скршат 3 ребра,рака и зглоб,пак ќе влезе меѓу 3ца без око да му трепне :D - тотален лудак е.Мојсо како и секад на ниво на задачата.И сите други беа добри статистички гледано.

За Станиќ - дај нека му купат тренерки без џебови.
Друго се што имам ќе кажам во сабота од трибини.

ДАРКООООООООООООО - СТАНИЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Абе со идењето на Маркович ние изгубивме, тоа во ред, ама нема везе тоа за сметка на овој за сметка на оној. И Станич и Маркович се класа, едноставно едниот мораше да си оди, а управата реши тоа да биде Жарко. Сега за сега солидно се покажува и Вугринец, не за џабе е донесен, преискусен ракометар е.
Брат не изгубивме, бидејќи ако не си заминеше Марковиќ, ќе мораше да си оди Станиќ ... Па сега ти види коој е подобар Станиќ или Марковиќ ... Нигде нема да најдеш голман ко Станиќ, а еве за Марковиќ најдовме соодветна замена во Вугринец .... Така да не загуби ништо туку напротив доби ... Ако ти текнува имаше Станиќ преддоговор со германски клуб и на крај на сезона како и да е ќе си заминеше .. Е сега Металург за да го раскине тој договор, овие немците го бараа Марковиќ и секој будала би го задржал Станиќ а би го дал Марковиќ .. Ваков голман ретко се раѓа, а еве за Марковиќ сезонава најдовме замена во Вугринец, а за Станиќ ташаци што ќе најдеш квалитетна замена :icon_lol:
 
Член од
30 јуни 2011
Мислења
322
Поени од реакции
196
Го преувеличувате малку србинов,човекот пред себе има гранитна одбрана...противниците неретко шутираат и од невозможни ситуации.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Навидум неприметни,но многу корисни играчи - Велко и Јоновски се темелот на одбраната на Металург.Во натпреварот против Горење овие двајца тотално го демотивираа словенскиот напад.Во завршницата на натпреварот словенците немаа повеќе идеја што да прават со топката.

Во данска и те како недостасуваше Велко.Традиционално Металург се потпира на цврстата одбрана но овде одбраната им беше тотално неорганизирана.Незнам колку пати во гужвата Манасков играше одбрана како десно крило.Сударот на Димовски со Мојсо и еден куп дупки насекаде низ одбраната.Не дека Велко сам ќе држи цела одбрана но фалеше таа алка и во секоја одбрана нашиве делуваа конфузно.Се надевам дека во Сабота ќе игра и одбраната ќе биде ко што сите ја знаеме.

Вугринец не дава по 10 гола на натпревар но овие што ги дава вредат и повеќе.Во вистински момент,кога губат секаква мотивација,а притисокот расте - стариот од негде ќе спука голче.Да не ги заборавиме и бројните асистенции и разигрувањето на Ѓорѓиевски.Од натпревар во натпревар се помалку и помалку се песимистите што збореа дека не ни требаат старци во тимот.Свака час за Вугринец на денешниов натпревар.

Иако со многу технички грешки,у глобала сите одиграа добро.Ракчевиќ иако не му идеше со головите,изнуди неколку пенали и 2-3 исклучувања по 2 мин.Миркуловски ѕвер,не сум видел похрабар ракометен играч од него.Па човекот и да знае дека ќе му скршат 3 ребра,рака и зглоб,пак ќе влезе меѓу 3ца без око да му трепне :D - тотален лудак е.Мојсо како и секад на ниво на задачата.И сите други беа добри статистички гледано.

За Станиќ - дај нека му купат тренерки без џебови.
Друго се што имам ќе кажам во сабота од трибини.

ДАРКООООООООООООО - СТАНИЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌЌ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Објасни поубаво не сфаќам фигуративно :гик:
 

Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.530
Поени од реакции
17.887
Го преувеличувате малку србинов,човекот пред себе има гранитна одбрана...противниците неретко шутираат и од невозможни ситуации.
Има јака одбрана не викам не,а тоа дека го преувеличувамо,тоа нема врска колку зицери фати денеска?прашај го мортенсен како му беше.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom