Фан клуб - РК Металург

Дискусија во форумот 'Ракомет' започната од Архивист, 26 ноември 2007.

  1. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Мислам дека и Металург заслужува да има фан клуб.
    па ајде тие сто навиваат за Металург нека го дадат своето мислење за квалитетите на овој клуб од скопската населба Автокоманда.
    плус тоа оваа година Металург се пласирасе во 1/8 финалето на ЕХФ купот победувајќи го на двапати шведскиот тим Савехоф.
     
    На Baby_Pink и divva им се допаѓа ова.
  2. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Металург во 1/8 финалето од ЕХф купот ќе игра со Гренобелс од Шпанија
     
  3. fantomX

    fantomX Гостин

    Му паднале можда и најтешките можни противници, ама тоа не значи и дека се непобедливи. И плус, од најсилната светска лига се, па со победа и Металург може многу да добие.
     
  4. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Ovaa godina i ne kojznae sto Spancite bidejki momentalno se 12ti od 16 ekipi.
    Prviot natprevar se igra na 9/10 fevruari idnata godina,a revansot e 7 dena potoa vo Spanija
     
  5. Сапун

    Сапун . . .

    Член од:
    10 јули 2007
    Мислења:
    1.642
    Допаѓања:
    4
    [FONT=Arial, Helvetica, sans-serif] По пауза од две години, Металург повторно ќе има можност да ги одмери силите со еден шпански прволигаш. Тогаш беше елиминиран од Ваљадолид во Купот на победниците на куповите и сега ќе има можност да се реваншира преку дуелот со Гранолерс во осминафиналето на Купот на ЕХФ. Првата средба се игра во Автокоманда на 9/10 февруари, а реваншот е една недела подоцна.
    Некогашниот двократен победник во ова натпреварување (во сезоната 1994/95 се сретна и со Вардар) денес не котира меѓу гигантите на шпанскиот ракомет и едвај преживува во АСОБАЛ лигата, каде што е на 13. место од 16 екипи.
    - Не можеме да бидеме сосема задоволни од исходот на ждрепката, но она што ме радува е што станува збор за атрактивен противник, убав за гледање. Но, кога го минавме Севехоф, одиме понатаму и нема да излеземе на теренот колку да одиграме. Притоа мора да се биде и реален и да се прифати на кое ниво се шпанскиот и македонскиот ракомет. Имаме сила да се бориме против секоја екипа - беше првиот коментар на тренерот Јошко Петковиќ.
    Од играчкиот кадар на Гранолерс нема кој да се истакне. Единствените интернационалци во екипата се Србинот Чутура, Црногорецот Свитлица, Исланѓанецот Сигтригсон и Полјакот Новак.
    Откако не патуваа на реваншот во Шведска, неизвесна е иднината на Колев, Зубиќ и на Наумоски во редовите на Металург.
    - Сите тие се добри дечки и добро работат, но спорен е нивниот квалитет. Најголемиот проблем ми е голманската позиција, каде што Ристовски нема доволна поддршка од Колев и Грчевски. Ќе се обидеме да најдеме нешто на полусезоната, но сега тешко се доаѓа до квалитетни засилувања - вели Петковиќ.
    Останати двојки: Каустик-Дункерк, Нордхорн-СКИФ Краснодар, Цимос-Лемго/Архус, Дунафер-КАИ Арагон, Казарано-Портовик, Шамбери-Вива Кјелце, Осиек-Копенхаген.

    www.vest.com.mk
    [/FONT]
     
  6. AquaCool

    AquaCool Sound Factory

    Член од:
    25 ноември 2007
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    0
    типична екипа од јака лига, брз центар, брзи крила, јак пивот.Имаат еден од најдобри голмани во Шпанија, и добар плеј. Се на се сметам дека Металург ке иде понатаму, пред се поради подолгиот список на добри играчи.Колку што можев да видам минатава недела ги глеав, мислам со Сарагоса играа, немаат добра клупа.така да НАПРЕД МЕТАЛУРГ!
     
  7. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Во сабота Металург го игра првиот натпревар од 1/8 финалето на ЕХФ купот против Гранолерс од Шпанија
    Натпреварот се игра во салата во Автокоманда со почеток од 18:30
     
  8. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    На полувреме Металург-Гранолерс 12:13
     
  9. Архивист

    Архивист Ултрас

    Член од:
    10 мај 2007
    Мислења:
    2.926
    Допаѓања:
    606
    Металург-Гранолерс 29:26 конечен резултат,реваншот е следната недела во Шпзнија
     
  10. L'Avvocato

    L'Avvocato

    Член од:
    4 декември 2007
    Мислења:
    346
    Допаѓања:
    24
    Металург денес од 12:30 го игра реваншот со Грањолес.Арно ама нема да има пренос ни на радио ни на ТВ.Е сега стварно не им плаќам радиодифузна такса.:tv::nenene: Да се надеваме на поволен резултат и на пласман понатаму
     
  11. AquaCool

    AquaCool Sound Factory

    Член од:
    25 ноември 2007
    Мислења:
    144
    Допаѓања:
    0
    Резултат некој да не има случајно?Макар од полувреме?
     
  12. Smesko

    Smesko

    Член од:
    25 јуни 2007
    Мислења:
    100
    Допаѓања:
    2
    metalurg odi ponatamu izgubi so 2razlika 27:25 no toa sega ne e vazno vazno e deka odi ponatamu vidov na eden stranski forum deka borko odbranil vo poslednata sekunda pak:vozbud::vozbud::vozbud::pos2::pos2:
     
  13. Chombe_United

    Chombe_United Да ми бричите ташаците!

    Член од:
    14 декември 2007
    Мислења:
    8.810
    Допаѓања:
    450
    Браво дечки, браво од се СРЦЕ!
    Ми го разубавија денот ракометарите на Металург!
    Искрени честитки и успех понатаму во ЕХФ купот:smir:
     
  14. Ред Девил

    Ред Девил

    Член од:
    15 јули 2007
    Мислења:
    12.407
    Допаѓања:
    542
    Хохохо, браво за Металург! Борко пак одбранил, а? Респект за Борко, неверојатен голман е.
    Не очекував дека Металург може да помине, ама пројде!
    И мене ми го разубави денот ваквата позитивна вест!
     
  15. Macedonia2007

    Macedonia2007 RED DEVIL

    Член од:
    20 декември 2007
    Мислења:
    1.273
    Допаѓања:
    3
    алал нека им е
    само нека се множат успесите
     

Сподели преку: