Фан клуб - РК Металург

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Женскиот клуб е ова, и двете утакмици ги игра на гости, ова беше првата, утре е реваншот
Да не си грешка се мислам дека реваншот прееска на вести кажаа дека ќе се игра идниот викенд во Скопје,а Жито Прилеп мислам двете средби ке ги игра на гостински терен само не ми текнува против кој тим
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Да не си грешка се мислам дека реваншот прееска на вести кажаа дека ќе се игра идниот викенд во Скопје,а Жито Прилеп мислам двете средби ке ги игра на гостински терен само не ми текнува против кој тим
Ракометарките на Металург Скопје извојуваа победа на гостински терен во Пишек, Чешка против екипата на Каста Сокол Пишек со 33:27 во рамките на 3. коло од Челинџ купот.
Реванш натпреварот се игра в сабота (7 ноември) во салата Автокоманда и нашата екипа влегува со сериозни шанси за пласман во следната фаза.
За разлика од нив ракометарките на Жито Прилеп синоќа го загубија првиот натпревар од истото натпреварување на гости кај Жоао де Барош со 24:18.
Екипата од Прилеп и реванш натпреварот ќе го одигра попладнево во Португалија.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Денес од 18:00 во Автокоманда Металург ги пречекува молдавците. Мислам дека победата ќе им биде изразена со голема разлика останува да видиме.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.607
Поени од реакции
14.447
Денес од 18:00 во Автокоманда Металург ги пречекува молдавците. Мислам дека победата ќе им биде изразена со голема разлика останува да видиме.
Пренос на А2. :helou:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Кај мене А2 нешто ја зезнаа пред 25 минути :nerv:
Имаат ли на други места, или немаат? :nerv:
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
Металург-Олимпус 39:19
Најефикасен Чурувија со 11 гола
Реваншот е во недела исто во Автокоманда
 
Член од
2 април 2007
Мислења
2.875
Поени од реакции
4
definitivno moldavcite dojdoa za shoping vo sabota niz skopje
cestito na metalurg i samo napred
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.342
Поени од реакции
2.235
Браво, честитки за целиот тим. Противниците како да ги наречам немат ни домашна сала, реваншот се играше тука во Македонија. Сепак Молдавија е земја која не преовладува Ракомет како што е во другите земји. Незнам како се стигнале до овде, само на прошетка се дојделе, сепак се трудеа.

Инаку браво за играчите на Металург убава и слатка победа ... немам зборови само напред и оваа година очекувам први и пласман во ЛШ 100%.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Заслужена победа на Металург,лесно го добија Вардар со 7 разлика:bravo:
Реално Металург е далеку пред сите тима во Македонија,Червар се покажа како право решение и ги оправудува вложените пари во него.
Никогаш полесно,никогаш посупериорно не добил Металург меч над Вардар како денес!!
Гранитна одбрана,сигурен голман-Мисовски е супер квалитетен голман и право засилување за Металург.
Паметна игра во напад-лесно е кога во тимот имаш играчи како Мојсовски и Мараковиќ,Чурувија-ќе го спомнам и Миркуловски кој одигра одлично.
За Вардар шо да се кажи,не можеа да се снајдат против одбраната на Металург,одбраната го реши мечот.
Малку неспортски беа неколкуте груби и НЕПОТРЕБНИ прекршоци,од двете страни,а и Вардарци беа прегруби дури и кога мечот веќе беше решен,а посебно грубо одеа кон најмладиот Гоце Георгиевски-немаше потреба за такво нешто-и ова ја одслика немоќта на Вардар денес.
Добро е шо никој не се повреди.
Се на се,заслужена и чиста како солза победа на Металург.
Ако донесат еден салам десен бек,мислам дека на прлет ќе имаат шо да кажат во КПК и далеку ќе дотуркаат.
 

legend

legend is back
Член од
25 април 2008
Мислења
1.527
Поени од реакции
235
Нов играч на Металург Милан Левов така слушнав на вестите сега дека потпишал за вас.:smir:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.007
Поени од реакции
5.654
Кирил Лазаров и Игор Вори... дали е можно да се донесат во Металург :raz:
Звучи неверојатно, но никогаш не се знае :)
Код:
http://utrinski.com.mk/?ItemID=B6B6AE53140E344A9183CA915642E53E
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Дали во моментот нашиот најдобар ракометен клуб Металург подготвува „дрим тим“ за настап на европската сцена во новата сезона. Тренерот Лино Червар во разговорот со главниот спонзор Минчо Јорданов изразил желба во составот на Металург за настап во квалификациите за Лигата на шампионите да ги види сигурно најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров кој настапува за шампионот на Хрватска, Кроација осигурање како и познатиот хрватски репрезентативец Игор Вори, кој е сега член на германската екипа Хамбург.

Колку овие желби на Лино Червар се остварливи, останува да се види, но како што дознаваме, веќе се започнати прелиминарни разговори за нивното ангажирање.

Кире Лазаров има уште 18-месечен договор со хрватскиот шампион, и тој самиот изразил желба да се врати и да игра во Македонија бидејќи печалбата си е печалба, меѓутоа, дома си е дома. Металург е подготвен да му ги понуди истите услови на Лазаров какви што ги има во Загреб, но во прашање е како ќе реагира Кроација осигурање и колку големо обесштетување ќе бара за него бидејќи Лазаров е прв голгетер на екипата и носител на играта на хрватскиот клуб.

Игор Вори од неодамна е член на Хамбург. Не ни е познато под какви услови потпишал за германскиот клуб, но со пари се' е можно. Имаме сознание дека и тој по малку бил изненаден од понудата на Металург, би сакал да игра со Лазаров и во Македонија. Неговиот трансфер би чинел сигурно повеќе, но кога се во прашање добри играчи, тие никогаш не се скапи. Кога се пишуваше дека Минчо Јорданов ќе го ангажира познатиот Лино Червар за тренер на Металург, сите мислеа дека е тоа новинарска шега, но Червар дојде во Скопје и веќе на стартот на раководењето на Металург, направи бум освојувајќи ја веќе уште од сега шампионската титула принудувајќи го познатиот тренер на Вардар Про, Веселин Вујовиќ, да си замине од клупата на се' уште актуелниот првак на Македонија.

Се обидовме за овие информации околу ангажирањето на Кире Лазаров и Игор Вори во редовите на клубовите од Автокоманда да дознаеме нешто повеќе, но во клубот ниту ги потврдуваат ниту демантираат овие информации.

„За сите ангажмани решаваат Минчо Јорданов и Лино Червар“, беа зборовите на претседателот Ристо Чокрев. „Кога дојде Червар вети дека од Металург ќе направи европски гигант. Мислам дека со тоа се' сум кажал“.

Дека Металург се подготвува за бум на европската сцена, покажува и ангажирањето на српскиот и словенечкиот репрезентативец Марко Чурувија и Боштјан Каваш, во завршница се преговоирте и со ракометарот на Виборг, Србинот Дамјан Блечиќ. Кога на овие играчи ќе се додадат тројцата голмани Ристовски, Брестовац и Мисовски, потоа Миркуловски, Мојсовски, Ванчо Димовски, Стојанче и Мите Секулов, Филип Лазаров па уште кога во тимот би се нашле Кире Лазаров и Игор Вори, тогаш навистина Металург ќе има шанси за европски бум. Но, да оставиме да покаже времето, кога е во прашање Минчо Јорданов и неговата голема љубов кон спортот, особено ракометот, се' е можно.

Утрински
 

Kajgana Shop

На врв Bottom