Фан клуб - РК Металург

Абе што ви е на вас тоа ли е сала, тоа не е сала мене повеќе ми личи на ШТАЛА.
Иначе гледам некој се обидува да ги споредува Вардар и металург во ракомет, само да ве потсетам колку титули и колку купови има Вардар не се споредува со металург,во ракометот мора да признаам дека единствено пелистер е клуб со традиција и мислам дека по бројот на титулите сеуште е нај трофеен па веднаш после тоа следи Вардар. А за металург да ве потсетам дека е вештачки клуб, до пред некоја сезона ги немаше никаде сега добија малку пари јак спонзор ама сепак СО СИЛА УБАВИНА НЕБИВА, ништо не е завршено нека не се радуваат пред време, до крајот на сезонава дури уште три пати ќе играат Вардар и металург и плус пресметките во купот ! Ништо не се знае.

П.С. Не се свесни играчите и управата на металург каква пеколна атмосфера ќе ги очекува кога ќе биде домаќин Вардар. Салата Борис Трајковски ќе биде мала за да го собере навивачите на Вардар !!!
 
Грешка си Патриот кога викаш дека Металург е вештачки тим. Они играле во бивша СФРЈ, мислам дека со Пелистер и РК Работнички ако не се лажам. Вардар е добар откако Михајло ги зема, пред тоа немале никакви успеси!
 
Металург постои како клуб под тоа име едно 10тина години.Пред тоа се викале Огномак и немале посебни резултати вредни за споменување.

Се знае кој се брендовите во ракометна Македонија,ВАРДАР и Пелистер.И нема што тука Металург да се лути и негодува.Времето е пред нив за и они да се докажат.Супер е за лигата што имаме два супер тима.Нека има конкуренција добро е тоа за македонскиот ракомет.Мене лично ми се многу антипатични автокомандосиве и ми се малку како банана клуб,но нема негирање дека имаат страшен тим оваа година.

Тривиа:Наумче сеуште нема играно во Лига на Шампиони:tapp:Јас како навивач на Вардар би сакал и другата година да игра само во КПК:wink:Ке видиме round one за Металург,уште три утакмици остануваат!
 
Кој БРЕНД на Македнскиот ракомет??Вардар бренд???:kesa:
Зарем ќе ја споредуваш традицијата на Пелистер со Вардар.
Точно е дека Вардар стана најтрофеен ракометен клуб-то е факт кој никој не го оспорува-последните 10 ина години Вардар вложи најмногу,огромни средства вложи Михајло во клубот и резултатите се евидентни 7 титули и 6 купа.
Пред тоа каде беше Вардар??Пред 97 година???
Да те потсетам Пелистер играше долги сезони во првата лига на СФРЈ која во тоа време се сметаше за најсилна лига во Европа,и долги сезони беше рамо до рамо со неприкосновената ракометна машина која мелеше во Европа Металопластика Шабац.
Колку тоа значи не треба да ти говорам,и какви играчки легенди играа тогаш во Пелистер.
Пред тоа Пелистер беше неприкосновен во сојузната лига на Македонија,и освои голем број на титули.
Преку 40 години Пелистер беше бренд на Македонскиот ракомет.
Е тоа е традиција.
Не велам дека Вардар не бил солидна екипа тие времиња,но во ниту еден сегмент не можеш да ја споредуваш и израмнуваш традицијата на Пелистер со Вардар.
Вардар е силен од 97 година,кога Михајло сериозно почна да инвестира во клубот(иако и пред тоа беше во Вардар).
Уште еден факт кој говори за силата и традицијата на школата на Пелистер-Вардар нема извадено ниту еден играч од сопствената школа,за разлика од Пелистер кој промовира еден куп млади играчи кои станаа вистински звезди-не треба да ги набројувам,не само тие од Битола-туку и од другите градови кои целосна афирмација стекнаа во Пелистер-Манасков,Лазаров,Мојсовски,Дивиот,Стојановиќ,Темелков,Митков,Јоноски...и ред други,сите знаат кои се тие играчи кои биле а голем дел и ден денес се костур на репрезентацијата.
Пелистер последните 10 ина години е во страшна финансика криза,Вардар го искористи тоа максимално,и стана најдобар клуб и најтрофеен клуб-то е факт и реално е да се признае.
Металург,и пред 10 ина сезони беше доста незгоден тим,посебно во нивната сала,сега дојде еден силен спонзор,кој има амбиции да создаде врвен европски тим и тоа е за поздравување.
Она шо го направи Металург оваа сезона на трансфер пазарот е незапаметено досега во нашиот ракомет.
Капата долу за Минчо за донесувањето на еден Лино Червар,-на едни такви имиња како Наумче Мојсоски,Чурувија,Маркичивеч-страшни играчи од врвен квалитет-и резултатот е очекуван и реален.
Мислам дека ќе стигнат далеку и во КПК-само им треба еден добар десен бек,тоа е единствената слаба точка на тимот.
Друга работа.
Вујо вика дека ова бил најсилен Вардар досега-мислам дека многу,многу греши.
Вардар имал далеку подобри тимови овие 10 ина години.
Со оглед на финансиите шо ги поседува-Вардар требаше да создаде посилен тим-со секоја чест ама имињата на Ѓорѓевиќ,Симовиќ,Крешо,Пешиќ,Вукчевиќ...ни оддалеку не можат да се носат со еден Мојсовски,Прибак,Ракчевиќ,Манасков,Каланадзе,Маљцев,Коваленко,Стојановиќ и ред други имиња кои биле во Вардар и биле за класа поквалитени од овие играчи кои го сочинуваат тој"дрим тим"на Вујо:tapp:
Единствено прави играчи и засилувања оваа сезона се-Маркичевиќ,Диви,Ангеловски и до негде Стојановиќ(иако тешко дека ќе се врати во старата форма,барем не во догледно време).
Реално гледано Вардар е далеку зад Металург-кој е далеку покомпактен и поцврст тим во секој поглед.
Доколку игра Вардар вака слабо-тешко дека ќе добие и во Битола-иако многумина стручњаци и тука на форумот ќе се насмеат на овај пост,сите сметаат дека само 4 те дуели меѓу Металург и Вардар ќе го решат шампионот-(мислам дека Пелистер е далеку посилен од лани-иако сеуште е далеку зад Вардар а посебено зад Металург).
Пелистер може да го добие овој Вардар во Битола.
Според мене ланскиот Вардар беше далеку посилен од оваа година.
Ќе видиме како ќе се одвиваат работите.
 
респект за постот се реално кажано:smir:
Стварно постот му е многу реален. И јас се согласувам дека оваа година тимот на Вардар е многу послеаб од ланскиот пред се затоа што сме многу слаби на пикерската позиција, а и немаме некој страшен бек како Прибак, се надевам само дека Стојановиќ ќе се врати во посакуваната форма. Сепак сметам дека и овие млади Вардарови играши можат да го совладаат металург бидејќи и покрај нивните имиња мислам дека не се ништо посебно и дека може да паднат како ништо во Кале. Единствено што не се согласувам со претходниот пост е дека Вардар би можел да изгуби во Битола. Да не се лажеме, тоа е невозможно, па Пелистер едвај го победи МРК па камоли Вардар про:helou::helou:
 
Никогаш не вели никогаш! Во право е дека Пелистер има интересен тим годинава, па ако Минчо се реши да им капне некој денар за да ги мотивира, тешко ќе биде со нив во Битола!
 
Да не го цитирам само ќе кажам одличен пост на Томас. Јас највеќе од се би сакал нашава лига да почне да добива по побеќе од два конкурентни тима да не се решава цела сезона со 4те натпревари на Вардар и Металург. Мислам дека сите треба да навиваме за добри и богати спонзори кои ќе донесат засилувања па да имаме и многу неизвесна лига и да се врати народот на трибините
 
Tomas пријателе,не му го оспорувам на Пелистер славното минато,тоа е неоспорен факт.Но и самиот рече дека Вардаровите постигнувања се за респект и фактот дека е најтрофеен клуб во Македонија самото посебе го прави бренд во мак ракометот.За реномето на Пелистер знаеме сите, и баш би сакал да се остварат најавите за финансиска помош за да имаме што подобра лига.

На Вардар лошо му тргна со повредите оваа сезона.Стојановиќ се повреди на квалификацискиот турнир,Мараковиќ,кој е одличен играч и едно од подобрите засилувања исто така е повреден,со Адемар играше 5 минути,а против автокомандосите беше под инекција.Металург беше за класа подобар,но како што реков остануваат уште три натпревари,па да не ги отпишуваме Вардарци од старт.
 
Грешка си Патриот кога викаш дека Металург е вештачки тим. Они играле во бивша СФРЈ, мислам дека со Пелистер и РК Работнички ако не се лажам. Вардар е добар откако Михајло ги зема, пред тоа немале никакви успеси!

Ти се грешка друже, информирај се малку подобро, провери или прашај некој постар и ќе дознаеш дека металург под тоа име никогаш нема играно во бифша СФРЈ а камо ли да постигнат некој успех. Пред да ги земе Минчо едвај постоеа како клуб, металург својата прва титула во историјата ја освои пред само две сезони, а каде беа пред тоа? Па сеа ти види дали не е вештачки тим.
Додека РК Вардар можеби немал некој успеси во подалечното минато но затоа има играно во тоа време во најдобрата југословенска лига !

Во ракометот можам само да признаам дека навистина Пелистер е тим со традиција, исто така во минатото пелистер имаше најголеми достигнувања и на европска сцена.

Поздрав :smir:. ЕДЕН Е ВАРДАР !
 
Стварно постот му е многу реален. И јас се согласувам дека оваа година тимот на Вардар е многу послаб од ланскиот пред се затоа што сме многу слаби на пикерската позиција, а и немаме некој страшен бек како Прибак, се надевам само дека Стојановиќ ќе се врати во посакуваната форма. Сепак сметам дека и овие млади Вардарови играши можат да го совладаат металург бидејќи и покрај нивните имиња мислам дека не се ништо посебно и дека може да паднат како ништо во Кале. Единствено што не се согласувам со претходниот пост е дека Вардар би можел да изгуби во Битола. Да не се лажеме, тоа е невозможно, па Пелистер едвај го победи МРК па камоли Вардар про:helou::helou:

Јас не велам дека Вардар не може да го победи металург во Кале.,иако рака на срце ќе биди доста потешко од предходните сезони кога горе долу екипите беа израмнети.
Сега Металург е посилен на индивидуален план-а разликата е НАУМЧЕ МОЈСОСКИ,страшен играч-го паметам уште од времето кога играше во Струга,тогаш Струга имаше доста добар тим-Јоноски,Ѓоргоноски,Макалоски -Пелистер беше шампион во 2000 година-а загуби на два пати во Струга и одвај победи на утакмиците во Битола-тогаш Мојсо не изрешета,уште тогаш знаев дека станува збор за класа играч.
Наредната сезона дојде во Пелистер и 5 сезони беше движечка сила на екипата-СЕКОЈА ЧЕСТ.
Се виде и Вардар како игра без него и со него.
Друг играч кој го има Металург а го нема Вардар е Божидар Маркичевиќ-навистина одличен играч,со неверојатна техника-тука е предноста на Металург.
Немаат некој класичен бек шутер-разбивач -и утакмицата со Вардар а изиграа во ист состав на бековската линија-овие двајца +Миркуловски-Стоилов не го рачунам,тој не е квалитет за напад:tapp:
На сите други позиции горе долу екипиоте се израмнети.

Вардар го има Мараковиќ-стварно добар играч-ама прашање е колку е здрав-тука е и Бранче Ангеловски,и то е се-не го сметам Стојановиќ кој тешко дека ќе биди фит во скоро време,другите бекови Вукчевиќ,Симовиќ,Ѓорѓевиќ-па и Пецаковски не се она вистинското за тим со амбиции како Вардар,-+ Вујо направи големи грешка во средата ,ја испретура поставата,нон-стоп ротираше додека Металург го одигра мечот со 8,9 ракометари и тоа им донесе успех.
Околу твоето мислење дека Пелистер не може да го добие Вардар во Битола.
Јас реков,далеку е сеуште Пелистер од Вардар-но во никој случај не смее да се потцени-доколку го потцени Вардар Пелистер,скапо ќе плати,тоа сигурно и Вујо го знае добро.
Не знам колку следиш ракомет-но Пелистер има повеќе екс-репрезентативци-иако се на залезот на кариерите-сепак се квалитетни играчи-Златко Димитровски,Александар Зарков,Кире Атанасовски,Игор Николовски-нешто помладите Игор Тосковски и Сашо Јанкуловски-ова се имиња кои долго биле во Пелистер(освен Атанасовски кој иако е Битолчанец најголемиот дел од кариерата ја мина во Вардар),и биле дел од многу шампионски сезони на Пелистер.
Освен овие тука мора да ги спомнам Везенковски и посебно еден доста добар бек Лазе Попов(екс играч на Беране и Металопластика).
Сите сметаат дека Пелистер е тим за подкусурување,ама не е така-и таа екипа шо ќе го потцени Пелистер посебно во Битола,тешко ќе помине.:tapp::tapp::tapp:
Има време,наредната сабота во 18и30 Металург гостува во Битола,во 9 коло е дербито со Вардар.
 
Ти се грешка друже, информирај се малку подобро, провери или прашај некој постар и ќе дознаеш дека металург под тоа име никогаш нема играно во бифша СФРЈ а камо ли да постигнат некој успех. Пред да ги земе Минчо едвај постоеа како клуб, металург својата прва титула во историјата ја освои пред само две сезони, а каде беа пред тоа? Па сеа ти види дали не е вештачки тим.
Додека РК Вардар можеби немал некој успеси во подалечното минато но затоа има играно во тоа време во најдобрата југословенска лига !

Во ракометот можам само да признаам дека навистина Пелистер е тим со традиција, исто така во минатото пелистер имаше најголеми достигнувања и на европска сцена.

Поздрав :smir:. ЕДЕН Е ВАРДАР !
Мене така ми имаат кажано, што знам, може грешно им кажале!:toe:
 
bravo za metalurg i se nadevam deka mnogu daleku ke stigne

Casta Sokol Pisek 27 : 33 HC Metalurg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom