Подобро сега, него подоцна во сезоната. Одлична атмосфера во сала, Комити во повеќе од солидна бројка на трибини, единствено нешто што ми недостасуваше како обичен гледач беше тапан. Мечот многу јасно ги покажа недостатоците на тимот, кои можеби против тимови како Мотор и Порто не дојдоа премногу до израз, но кога зборуваме за тимови од калибарот на Кил и тоа како играат значајна улога.
1. Очајно ни фали искуство на голманската позиција, Гедбане и Кугис се неискусни. Доколку јас се прашувам би го шутнал Гедбане после сезонава и би донел голман кои има искуство во посериозни натпреварувања, Кугис би бил резервна опција. Не зборувам за голман од калибарот на: Ландин, Штербик, Цупара и слични, туку голмани од калибарот на: Лесјак, Иванишевиќ, Симиќ, Пешиќ итн. Односно, голмани кои бранат на високо ниво, а сепак се до некаде "under the radar".
2. Левата бековска позиција ни е очај, комплетно сме безопасни од таа страна. Успевавме да го скриеме овој недостаток пола сезона прошлата година заради феноменалната форма на Карачиќ, меѓутоа сезонава е друга приказна. Прво и основно, да ги собереме Горбок и Диско заедно нема да составиме еден просечен лев бек сезонава. Горбок ајде стар е, меѓутоа што се случува со Диско? Дечкото е ко изгубен на секоја утакмица. Атман не може да покрива лево! Атман е класичен среден бек и во најголем дел од ситуациите кога играат со Скубе делуваат како да се гушат еден со друг.
3. За кој ѓавол ни се 4 пивоти? Ајде веројатно не очекуваше никој дека Глеб ќе се врати па мораше да се покрие позицијата, меѓутоа наредна сезона еден од Пелко и Горпишин треба да лета. Пелко е веројатно подобар моментално, но мислам дека на долг рок Горпишин има поголем потенцијал + е Руски репрезентативец.
4. Играше улога и тоа што речиси сите играчи имаа лош ден, но дури и да не беше така мислам дека ќе загубевме само со некои колку-толку поподносливи 4-5 гола разлика.
PS. Приметив дека под BetCity логото на дресовите напред, сега стои и логото на Комерцијална Банка.