Треба да има пренос на МТВ. Има луѓе кои немаат Арена, немаат пристап до стримови (читај не знаат како). Има стари луѓе што сакаат да гледаат. Тука нема збор, треба да си има пренос, тоа е добро и за посетеност во сала, ќе има повеќе фама, повеќе луѓе ќе бидат во тек.
A за лани, ја мислам дека аргументот им држеше вода. Многу нема да се согласат, ама и од Телма рекоа, нема поента да се плаќаат толку пари кога не добиваш ексклузивни права за Македонија, паралелно идат преноси на Арена, луѓе во кафичи, дома гледаат на Арена. Кој ќе ти купи реклами во таква ситуација, и треба да дадеш над 250.000 евра, од кои добар дел ќе отидат во бунар. Сега после успехот, МТВ и владава ќе имаат притисок од политички причини да го купат преносот.