Фан клуб - РК Вардар

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во земја во која интелектуалната сопственост е нешто нечуено сте фатиле да дискутирате за ексклузива :D Нека си пишуваат тие ама не е во ред тоа, зошто ако стигне работата до судови ќе биде ред солзи, ред мрсули.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.010
Поени од реакции
2.283
Ти не ги читаш затоа што одиш на утакмици,читаш на форумов и си добро запознаен со се што се случува околу Вардар но има луѓе кои дознаваат само од нивната страница и затоа ги поддржувам,а тоа од каде ги зимаат информациите е сосема друга работа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Со оглед на тоа дека ги познавам тие што пишуваат на порталот, можам да кажам дека се океј момци.
Никој од нив не бил член на Комити, освен едниот што одеше активно на запад 1-2 сезони.
Работата не ја работат само од љубов, затоа што си се платени за тоа. За поздравување беше што се отвори еден таков портал, но кога веќе се направи нешто такво, дефинитивно тие не се вистинските луѓе за да го водат истиот.
Нема ниту една репортажа од натпреварите што би ме натерала да отворам да прочитам некоја вест. Сувопарно нафрлени факти за минутите кога паднале головите и понекогаш објавен состав. За ракомет ќе препишат од некое место кој колку голови дал и толку. За кошарка препис од страната на КФМ/МКФ каде што може да се следи резултатот од минута во минута.
Да сакам да го прочитам тоа, можам и самиот да си побарам. Ако сум промашил некој натпревар, лично би ме интересирало детално да прочитам репортажа од натпреварот или да прочитам некоја сопствена мисла и критика на авторот на текстот, не само нафрлање на податоци за голови/поени и минути.
Интервјуата се промашена работа, про форма прашања, ништо што би те привлекло да читаш.
И главното е дека САЈТОТ ЗРАЧИ ОД НЕПИСМЕНОСТ.
Насловите вриштат НЕПИСМЕН, НЕПИСМЕН, НЕПИСМЕН, а од речениците не можеш ниту да разбереш што сакал да каже авторот.
Па пичка му материна, сајтот постои околу 5 години, а никакво подобрување нема во стилот на пишување.

Околу ексклузивноста на вестите, голем дел од нив ги препишуваат од други места, а остатокот го добиваат од самите луѓе во клубот. Селективно известуваат и не даваат критика кон управите кога има простор за нешто такво.

Се' на се', убаво е што имало идеја за креирање на нешто вакво, но реализацијата е очобол.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.547
Поени од реакции
21.526
Со оглед на тоа дека ги познавам тие што пишуваат на порталот, можам да кажам дека се океј момци.
Никој од нив не бил член на Комити, освен едниот што одеше активно на запад 1-2 сезони.
Збориш за оној од Илинден?
Не ги знам сите ама ако е тој од Лико Фанс, знам за кој момак се работи и можам да кажам дека е прав македонски новинар. Полуписмен, без никаков говор во себе и единствениот начин за изразување му е тастатурата.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.174
Поени од реакции
4.095
Почнаа овие арапиве против New York, ако некој сака да гледа лош ракомет - https://www.youtube.com/watch?v=i1qwqX246oM

Овие New York се тотални аматери. Најверојатно ќе изгубат со многу разлика. Стари се упм. Имаат играчи 44, 43, 41, 39 години. Најдобриот играч им има играно во Косово, а најперспективниот им е 23 годинишен тип што играл во некоја германска аматерска екипа. Имаат балканци и арапи во екипата, мислам.
 
Член од
27 мај 2018
Мислења
754
Поени од реакции
1.304
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MSE
Член од
19 август 2010
Мислења
3.568
Поени од реакции
8.188
Браво за Телма. Се надевам само дека Пане ќе ги коментира најголемиот дел од натпреварите. Иначе Европскиот шампион пристигна во Дамам, едвај чекам утре да го видам првиот настап на екипата. Жал ми е што нема да бидеме во полн состав, ама ние сме Вардар,можеме без секој:).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom