Со години главно обвинување кон Вардар е дека нема македонци.
Ајде изговор беше дека е сериозна екипа која се бори за титула во ЛШ (и тој изговор не држеше вода целосно ама ајде нека биде). Ама сега со помал буџет, во ситуација кога и онака ќе бидат помали амбициите, стварно е срамота ова што го пишувате.
Било какви странци млади од комшилукот да се донеселе, само нашиот талент да не бил. А притоа се радувате што се спаси клубот кој беше пред пропаст, во голема мера спасен со разно разни награди и донации платени од нас македонците - даночни обврзници. Па зошто да финансираме клуб кој активно би работел против интересите на македонскиот ракомет. А да не се лажеме бирање да се развиваат странски таленти наспроти македонски таленти е работење против интересите на македонскиот ракомет. Или тука треба да коментираме како македонскиот пасош на Дибиров се злоупотребува (како и главната причина зошто Шишкарев бара пасош) за цели кои не му одат во интерес на нашиот ракомет. Или заборавивте дека максимум 8 странци може да се имаат во екипата кои не се македонци во домашно првенство (ништо чудно таа бројка да биде и помала во иднина). Вардар и годинава имаше проблеми со Еурофарм, мислите полесно ќе биде во иднина? Ако не ви чини еден од 5-6 најјаки играчи во репрезентацијата во моментот (кој патем е релативно млад, има талент и може да напредува), тогаш стварно не знам како планирате да се вклопите во македонскиот ракомет на долг рок. А патем 2 титули во ЛШ освоивте со концепт пред се на развој на потценети талентирани играчи до својот максимум (Циндриќ, Душебаев, Мораеш, Борозан, Криштопанс, Стоилов, Марсениќ, Милосављев...)
И зошто се ова? Само затоа што играчот играл за Металург во времиња кога Металург бил конкурент на Вардар, како и заради нереалните очекувања во однос на придонесот кој го има и може да го има во репрезентацијата.
Еве јас мислам дека Талески е добар трансфер за Вардар. На иста возраст е на која беше и Борозан кога го донесовте, а Борозан во тој момент не беше подобар од Талески што е сега (само не беше толку исфорсиран). Друга тип на приказна ти е Мачковшек. Тргна како талент, па се шеташе по Франција и Германија. 3 пати се враќаше во Целје додека конечно му тргна. Баш ме интересира како може да се развие во Вардар.
Што е уште потрагично на лев бек ги имате Дисингер, кој е повреден по неколку месеци секоја сезона и Горбок кој моментално не е ни за македонска прва лига.
Тие таленти кои ги спомнувате, Милиќ и Воркапиќ од Металопластика, Јовановиќ од Тулуз, јас би ги додал и Николиќ од Војводина, евентуално Стевановиќ од Железничар (како и Милосавњев се разбира) - не се ништо поразлични како таленти од Талески. Од Црна Гора нема ништо посериозно на повидок (последни беа генерацијата на Борозан/Липовина/Божовиќ/Чавор), евентуално Вујовиќ кој всушност почна да игра за Полска (макар што јас ич немам високо мислење за него). Од Босна исто. Тоа не значи дека сите исти играчи ќе бидат како Талески за 5 години. Некои ќе бидат подобри некои полоши претпоставувам. Ама како таленти се тука негде. Од Хрватска и Словенија има некои интересни играчи, ама прво и тие не се никаква гаранција, а второ во ваков Вардар прашање е и дали би дошле. Сепак Загреб има приоритет за хрватските таленти кои после за откупни клаузули ги продава (главно во бундеслига) и Целје за словенечките (слична стратегија како Загреб).
Еве Домен Макуц е најдобар талент на балканот во моментот. Можите да го доведите? Косоротов претпоставувам дека евентуално ќе стигне до Вардар ако продолжи руското лоби да владее со Вардар, ама очигледно уште сметаат дека му е рано и си го развиваат во Русија. Вакви играчи да ставите пред Талески и да сфати човек. Ама барање на било какви дечишта по соседите, само за да не се земе наш е неприфатливо.
Од таква омраза кон самите себе ни пати државата... Се е поарно од нашето.