Фан клуб - РК Вардар

Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Мене по нелогично ми е да го зимаме Атман отколку Талески,овој 100 повреди има терен не помирисал 2 години,плус 32 има,што фајде од таков играч.
Не дека Талески е нешто добар,ама ајде за ротација би бил солиден,ако накачи маса и малце да му засадат како се игра ракомет во тоа тиквата негова,нема да е лош,во спротивно ако му паѓа топката од раце како во репрезентација ќе го исшутираат на клоци уште на првите утакмици.
Да не заборавиме дека и Криштопанс беше дрво невидено па видете го сега.
Сепак подобро Тале да го земеме отколку да останеме без ништо и да тераме со Диско(кој нема сезона во кариерата во која не се повредил)и со 37 годишниот Горбок.
 
Член од
13 септември 2015
Мислења
1.000
Поени од реакции
2.249
Зошто да не се земе Талески? Млад е има уште многу за играње а и не е толку лош колку што го правите.Подобро тој него ли уште еден пензионер како Атман.
Фали уште Вугринец :D
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Вардар треба да се фокусира да донесе некој од Шпанската лига ако има шанси поради тоа што тренеров дост добро би требало да ја познава лигата која впрочем и не е некој квалитет мислам дека секој играч од таа лига би потпишал со Вардар исто и некој од Африканциве да скаутне пред се од Египет и Тунис.
КОа ја би бил нешто во Вардар би пробал на десен бек оној Жалуз да го донесам и онака во Барса е вишок ликов има одлични предиспозиции али не го оствари потенцијалот па сеа игра во 2 лига франција како позајмен али и Скубе,Мораеш,Дисингер беа отпишани а може да игра солидно и одбрана има по доста интересни играчи неможам да му се сетам на името на еден млад играч на Војводина доста солиден потенцијал исто и оној од Русија левиот бек младиот Косоротов
Жалуз имаше понуда од Вардар ако не се лажам,ама тој и онака е член на Барса,само на позајмница е во Франција.
За тој од Војводина најверојатно мислиш на Јованович лев бек,инаку потпиша во Француска лига.
За Косоротов се согласуваме цел форум,ама очигледно не сакаат да го донесат,или му понудиле ама ги одбил(ова ми е поверојатно).
 
Член од
23 октомври 2012
Мислења
36
Поени од реакции
93
Ako se bara nesto od balkanot, tandemot od Metaloplastika Milic, Vorkapic ke bidat pekolni rakometari vo idnina.. bi sakal niv da gi vidam vo dresot na Vardar od godina
 
chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
незнам за мубетот на инстаграм,али има мубет дека имало контакт
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
исто и некој од Африканциве да скаутне пред се од Египет и Тунис.
Јас долго време викам, тука може да се најде некој бисер. Или некој од овие пропаднати кошаркари од САД, црнци. Ти најди добар, млад атлет, донеси го тука, работи со него 2-3 години, ќе стане играч. Нема толкава конкуренција во ракомет. Некој од оние амерички рагбисти, кошаркари, што не успеале да станат професионалци по средно. Тие се драстично подобри атлети од луѓево што играат ракомет. Кој и амеркански кошаркар што играл во Европа кога ќе го прашаат која е разликата меѓу НБА и Евролига, стално викаат, разлика во сила, брзина, експлозивност. Техниката е таа. Мислам ако Лука Карабатиќ можеше на 19 години да фати да игра ракомет и да стигне некое ниво, замисли некој црнец со многу поголема експлозивност и координација што ќе направи.
 
Член од
28 јануари 2018
Мислења
1.698
Поени од реакции
5.589
Игор пак е во Скопје,мора човеков да го вратиме се гледа колку и сам сака да игра за Вардар,штета што потпиша за Киелце и избрза во тешката ситуацијата во која беше клубот,да не се случеше тоа најверојатно тука ќе ја завршеше кариерата,имаше неколку пати изјавено дека тоа го посакува.

Па и тие Киелце што глупи луѓе,што ќе ти е играч ако не сака да игра за твојот клуб,исто како со Циндрич ќе им испадне
ситуацијата,дефинитивно таму одат ракометарите за да заработат и ништо повише.
Се надевам ќе го вратиме Кара идното лето.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000

Па доволно беше да ја погледаш промоцијата на Карачиќ во Киелце па да видиш каков главоња е газдата. Труп таков без никаков флуид, еднаш се насмевна нешо као, се сликаа, па коа заврши сликањето Кара му даде рака овој 10 минути го остаи да стои со раката у ваздух. Едвај примети па му дае рака у стилу ок мали тоа беше. Се глеа дека во тој тим нема никаква хемија, Кара за една максимув 2 сезони ќе се врати, тоа гарантирам.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Интересно, на сајтот на руската федерација, пишува за трансферот на Атман и пишува дека е шестиот русин во Вардар. Го пишува и Каралаш како дел од Вардар, ама не и Кисељев. Дали ова е случајна грешка или овие знаат нешто повеќе од нас?

https://rushandball.ru/publications/25050/pavel-atman-prodolzhit-kareru-v-vardare
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Со години главно обвинување кон Вардар е дека нема македонци.

Ајде изговор беше дека е сериозна екипа која се бори за титула во ЛШ (и тој изговор не држеше вода целосно ама ајде нека биде). Ама сега со помал буџет, во ситуација кога и онака ќе бидат помали амбициите, стварно е срамота ова што го пишувате.

Било какви странци млади од комшилукот да се донеселе, само нашиот талент да не бил. А притоа се радувате што се спаси клубот кој беше пред пропаст, во голема мера спасен со разно разни награди и донации платени од нас македонците - даночни обврзници. Па зошто да финансираме клуб кој активно би работел против интересите на македонскиот ракомет. А да не се лажеме бирање да се развиваат странски таленти наспроти македонски таленти е работење против интересите на македонскиот ракомет. Или тука треба да коментираме како македонскиот пасош на Дибиров се злоупотребува (како и главната причина зошто Шишкарев бара пасош) за цели кои не му одат во интерес на нашиот ракомет. Или заборавивте дека максимум 8 странци може да се имаат во екипата кои не се македонци во домашно првенство (ништо чудно таа бројка да биде и помала во иднина). Вардар и годинава имаше проблеми со Еурофарм, мислите полесно ќе биде во иднина? Ако не ви чини еден од 5-6 најјаки играчи во репрезентацијата во моментот (кој патем е релативно млад, има талент и може да напредува), тогаш стварно не знам како планирате да се вклопите во македонскиот ракомет на долг рок. А патем 2 титули во ЛШ освоивте со концепт пред се на развој на потценети талентирани играчи до својот максимум (Циндриќ, Душебаев, Мораеш, Борозан, Криштопанс, Стоилов, Марсениќ, Милосављев...)

И зошто се ова? Само затоа што играчот играл за Металург во времиња кога Металург бил конкурент на Вардар, како и заради нереалните очекувања во однос на придонесот кој го има и може да го има во репрезентацијата.

Еве јас мислам дека Талески е добар трансфер за Вардар. На иста возраст е на која беше и Борозан кога го донесовте, а Борозан во тој момент не беше подобар од Талески што е сега (само не беше толку исфорсиран). Друга тип на приказна ти е Мачковшек. Тргна како талент, па се шеташе по Франција и Германија. 3 пати се враќаше во Целје додека конечно му тргна. Баш ме интересира како може да се развие во Вардар.

Што е уште потрагично на лев бек ги имате Дисингер, кој е повреден по неколку месеци секоја сезона и Горбок кој моментално не е ни за македонска прва лига.

Тие таленти кои ги спомнувате, Милиќ и Воркапиќ од Металопластика, Јовановиќ од Тулуз, јас би ги додал и Николиќ од Војводина, евентуално Стевановиќ од Железничар (како и Милосавњев се разбира) - не се ништо поразлични како таленти од Талески. Од Црна Гора нема ништо посериозно на повидок (последни беа генерацијата на Борозан/Липовина/Божовиќ/Чавор), евентуално Вујовиќ кој всушност почна да игра за Полска (макар што јас ич немам високо мислење за него). Од Босна исто. Тоа не значи дека сите исти играчи ќе бидат како Талески за 5 години. Некои ќе бидат подобри некои полоши претпоставувам. Ама како таленти се тука негде. Од Хрватска и Словенија има некои интересни играчи, ама прво и тие не се никаква гаранција, а второ во ваков Вардар прашање е и дали би дошле. Сепак Загреб има приоритет за хрватските таленти кои после за откупни клаузули ги продава (главно во бундеслига) и Целје за словенечките (слична стратегија како Загреб).

Еве Домен Макуц е најдобар талент на балканот во моментот. Можите да го доведите? Косоротов претпоставувам дека евентуално ќе стигне до Вардар ако продолжи руското лоби да владее со Вардар, ама очигледно уште сметаат дека му е рано и си го развиваат во Русија. Вакви играчи да ставите пред Талески и да сфати човек. Ама барање на било какви дечишта по соседите, само за да не се земе наш е неприфатливо.

Од таква омраза кон самите себе ни пати државата... Се е поарно од нашето.
 
Член од
4 ноември 2017
Мислења
2.170
Поени од реакции
4.087
Јас мислам дека реакцијата тука беше повеќе за кој играч се работи (Талески) и какво мислење имаат луѓето тука за него, како играч и за неговиот потенцијал. Чисто за споредба, кога Кузмановски потпиша за Еурофарм, тука имаше реакции, зошто повеќето тука го сакаа во Вардар.

Може и влијае тоа што игра за РНЛ, или поточно, не игра за РНЛ. Екипа која горе-доле редовно е преслушувана од Вардар. Па ако не е доволно добар за нив, зошто би бил за Вардар. Може и тоа влијае. Или фактот што Самсоненко кажа дека го одбил Вардар пред да иде во РНЛ.

Пример, Пешевски да беше слободен, се сомневам дека тука некој ќе се бунеше да потпише он со Вардар. Така што, неверувам дека тука некој е против македонци во Вардар.

Јас лично, не сум против Талески во Вардар. Ама се сомневам дека би се реализирало тоа.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
3.529
Поени од реакции
8.000
Со години главно обвинување кон Вардар е дека нема македонци.

Ајде изговор беше дека е сериозна екипа која се бори за титула во ЛШ (и тој изговор не држеше вода целосно ама ајде нека биде). Ама сега со помал буџет, во ситуација кога и онака ќе бидат помали амбициите, стварно е срамота ова што го пишувате.

Било какви странци млади од комшилукот да се донеселе, само нашиот талент да не бил. А притоа се радувате што се спаси клубот кој беше пред пропаст, во голема мера спасен со разно разни награди и донации платени од нас македонците - даночни обврзници. Па зошто да финансираме клуб кој активно би работел против интересите на македонскиот ракомет. А да не се лажеме бирање да се развиваат странски таленти наспроти македонски таленти е работење против интересите на македонскиот ракомет. Или тука треба да коментираме како македонскиот пасош на Дибиров се злоупотребува (како и главната причина зошто Шишкарев бара пасош) за цели кои не му одат во интерес на нашиот ракомет. Или заборавивте дека максимум 8 странци може да се имаат во екипата кои не се македонци во домашно првенство (ништо чудно таа бројка да биде и помала во иднина). Вардар и годинава имаше проблеми со Еурофарм, мислите полесно ќе биде во иднина? Ако не ви чини еден од 5-6 најјаки играчи во репрезентацијата во моментот (кој патем е релативно млад, има талент и може да напредува), тогаш стварно не знам како планирате да се вклопите во македонскиот ракомет на долг рок. А патем 2 титули во ЛШ освоивте со концепт пред се на развој на потценети талентирани играчи до својот максимум (Циндриќ, Душебаев, Мораеш, Борозан, Криштопанс, Стоилов, Марсениќ, Милосављев...)

И зошто се ова? Само затоа што играчот играл за Металург во времиња кога Металург бил конкурент на Вардар, како и заради нереалните очекувања во однос на придонесот кој го има и може да го има во репрезентацијата.

Еве јас мислам дека Талески е добар трансфер за Вардар. На иста возраст е на која беше и Борозан кога го донесовте, а Борозан во тој момент не беше подобар од Талески што е сега (само не беше толку исфорсиран). Друга тип на приказна ти е Мачковшек. Тргна како талент, па се шеташе по Франција и Германија. 3 пати се враќаше во Целје додека конечно му тргна. Баш ме интересира како може да се развие во Вардар.

Што е уште потрагично на лев бек ги имате Дисингер, кој е повреден по неколку месеци секоја сезона и Горбок кој моментално не е ни за македонска прва лига.

Тие таленти кои ги спомнувате, Милиќ и Воркапиќ од Металопластика, Јовановиќ од Тулуз, јас би ги додал и Николиќ од Војводина, евентуално Стевановиќ од Железничар (како и Милосавњев се разбира) - не се ништо поразлични како таленти од Талески. Од Црна Гора нема ништо посериозно на повидок (последни беа генерацијата на Борозан/Липовина/Божовиќ/Чавор), евентуално Вујовиќ кој всушност почна да игра за Полска (макар што јас ич немам високо мислење за него). Од Босна исто. Тоа не значи дека сите исти играчи ќе бидат како Талески за 5 години. Некои ќе бидат подобри некои полоши претпоставувам. Ама како таленти се тука негде. Од Хрватска и Словенија има некои интересни играчи, ама прво и тие не се никаква гаранција, а второ во ваков Вардар прашање е и дали би дошле. Сепак Загреб има приоритет за хрватските таленти кои после за откупни клаузули ги продава (главно во бундеслига) и Целје за словенечките (слична стратегија како Загреб).

Еве Домен Макуц е најдобар талент на балканот во моментот. Можите да го доведите? Косоротов претпоставувам дека евентуално ќе стигне до Вардар ако продолжи руското лоби да владее со Вардар, ама очигледно уште сметаат дека му е рано и си го развиваат во Русија. Вакви играчи да ставите пред Талески и да сфати човек. Ама барање на било какви дечишта по соседите, само за да не се земе наш е неприфатливо.

Од таква омраза кон самите себе ни пати државата... Се е поарно од нашето.
Грешиш, не е никаква омраза кон македонските ракометари, тука само лично убедување на одредени членови на форумов ( меѓу кои се ставам и јас) дека Талевски не е ракометар кој ќе биде од некоја корист за Вардар. И не знам кај виде дека ние се воодушевуваме и бараме некои нискоразредни играчи а хејтаме македонски. Баш спроивно, мислам дека најголем дел го поздравивме доаѓањето на Димитриоски. Баш погоре и негде коментирав доколку веќе дојдат повеќе македонски ракометари, треба да им се дава процентуално најголема минутажа во Македонска лига и во СЕха па и по цена да не се пласираме на Ф4 во Сеха.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.713
Поени од реакции
2.599
Писонеро нов тренер, досега нови играчи Атман, Горпишин и Кугис!

Некои нови шпекулации за нови играчи дали има во Вардар?
Освен за Серафимов, Димитриоски, Арсеновски, Хендави, па и сега Филип Талески? o_O
 
Kajgana Shop

На врв Bottom