Овие не се дечки од Металург Јуниор колку што гледам.По презимињата не познав ниту еден.......ги знам дечките кои се.Овој Нелоски има 15 години само.
Него да го споредуваш талент на Анѓеловски и Маџовски не ми е нештоЕдниот има 17 години и веќе прволигашка сезона позади него и шанса во првиот тим на Металург.Овој со 22-3 години во Вардар грее клупа,а да бидеме реални не е ни некој играч.
Манасков на велико е форсиран.......може уште 1-2 играча од Металург јуниор да извадат.Не се таму нешто многу талентирани,форсирани се доста.Али ете 2 ги имаат веќе,ќе излезе уште 1-2 од школата во наредните 2-3 години.Таман колку да си пополнат како што треба екипа,а да се скроз од нивна школа.
Иначе Кукоски мислам има играно и во Пелистер и е од Струга.Не е баш некој си наш продукт.
Слично и со Ојлески и Маркоски.......мислам дека со по 17-18 години се дојдени кај нас.
Баш од нашата школа,некое скопско дете немаме.
Георгиевски е на позајмица.....требаше да му се даде шанса.Ако тој не се донесе во прва екипа од следната сезона не верувам дека ќе останува во Вардар.
Дојдени се тука вистина е тоа, ама сето знаење го имаат добиено во Вардар. Од најмали години се тука не е битно што не се од Скопје.
Ако е за тоа и тој Нелоски е Стружанец, сигурно некоја година изиграл и во Струга...
Не ги споредувам во моментов, туку дека и Ангеловски беше слично најавуван. На слични години беше најдобар во МРк, и имаше по некој настап за првотимците а и за другите клубови даваше по 7-8 гола.
За жал не напредуваше како што сакавме.
Муабетот ми е дека ни ние ни они немаме некои којзнае какви таленти.
Само нивните играчи се форсирани во јавноста. Си пишуваат статии, ги даваат во јавноста, а за играчиве на вардар кој слушнал?
Па ние немавбме појма дека првиот тим го тепал Овче Поле пред една недела, а камоли за младинскиот состав.
Да ваделе јаки играчи како што се фалат досега ќе им играле во првиот тим, а тоа не е случај. Тоа спорадично добивање по некоја минута нема да го наречам играње. Дај боже да стане добар ракометар тој Маџовски...
Ни нашиве ни они не наоѓаат место во тимовите што самото кажува колку се добри...
Разликата може да се види во меѓусебните дуели
Металург Јуниор мислам дека нема мечеви веќе или имаат пауза, па мислам дека дел од нив им имаат игранио вчера. А и нашине кога ги видов на слика не ми изгледаат на постари од 16-7 години
Лани ги победивме едно 20 разлика, после вика било педерски пошто играле со генерација помали, па кога играа со сите од М.Јуниор пак ги победивме. Георгиевски ги отвори
П.с. и онака сите се крстат во Оса дека ќе биде наша најголема бековска надеж во наредниве години, а он колку што знам е истотака дете на Вардар